Автор: инфодеск
Post Views: 29 Започна новата учебна година без обврска за носење заштитни маски и антиковид-протоколи. Градоначалникот Кирил Пецаков годинава ги посети училишта „Григор Прличев“ и „Ванчо Николески“ во Лескоец. Тој го сподели своето искуство како ученик во основното училиште „Григор Прличев“ и им упати најубави желби за успешен почеток и многу петки на првачињата, а им се обрати и на наставниците и на родителите.„Верувам дека сте возбудени и сигурно се прашувате што ли ќе се случува на овој ден. Се сеќавам колку трема имав јас на мојот прв училиштен ден кога за прв пат се...
Скопјанец се соблекувал пред малолетничка
Post Views: 41 На 01.09.2022 во 02:20 часот на ул. „7-ми ноември” во Охрид, полициски службеници од СВР-Охрид го лишиле од слобода М.С.(24) од Скопје.Тој се сомничи дека на 31.08.2022 околу 21:45 часот на ул. „Даме Груев” во Охрид се соблекувал и самозадоволувал пред малолетничка од Охрид. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Малолетно лице нападнато на ул. Дејан Војвода
Post Views: 54 На 01.09.2022 во 01:50 часот во СВР Охрид, В.В.(42) од Охрид пријавила дека на 31.08.2022 околу 23:15 часот на ул. „Дејан Војвода” нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице.Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Охрид.
Започна учебната година во Охридските училишта
Post Views: 58 Започна новата учебна година без обврска за носење заштитни маски и антиковид-протоколи. Градоначалникот Кирил Пецаков годинава ги посети училишта „Григор Прличев“ и „Ванчо Николески“ во Лескоец. Тој го сподели своето искуство како ученик во основното училиште „Григор Прличев“ и им упати најубави желби за успешен почеток и многу петки на првачињата, а им се обрати и на наставниците и на родителите.„Верувам дека сте возбудени и сигурно се прашувате што ли ќе се случува на овој ден. Се сеќавам колку трема имав јас на мојот прв училиштен ден кога за прв пат се...
Македонското книжевно наследство во два тома
Post Views: 60 Македонското книжено наследство, создадено во земјава, кое е разграбано од црковните библиотеки и денес се чува во туѓи земји објавено во два тома на книгата „Словенски ракописи од Македонија во странски ракописни збирки од 10 до 19 век” на академик Ѓорѓи Поп Атанасов. Тој во текот на 30-годишната научно истражувачка дејност успеа да направи опис на 814 ракописи кои потекнуваат од земјава, а ги однеле странски колекционери.Најголемиот дел од нив денес се чуваат во архивите и музеите на Русија, Бугарија, Србија, Хрватска и други земји. Меѓу нив се...
Исчезнуваат Швајцарските глечери
Post Views: 45 Ново истражување покажа дека глечерите во Швајцарија изгубиле повеќе од 1/2 од својот волумен за помалку од 100 години, а ова долго лето го забрза губењето на ледот. Глечерите привлекуваат скијачи и планинари, но исто така се клучни за снабдувањето на Европа со вода.Веројатно сме меѓу првите луѓе кои се движат овде. Можете да ја видите оваа голема карпа која се гледа зад нас, а пред 45 или 50 години била целосно покриена со лед. Кога ја правевме оваа жичарница, моравме да копаме мраз длабок со 7 метри поради нивото на коешто беше. Тоа беше пред 23 години, а...
Пилотите на Луфтханза утре на штрајк
Post Views: 30 Пилотите на германската авиокомпанија Луфтханза утре ќе штрајкуваат откако не успеаа да постигнат договор за платите со раководството, соопшти нивниот синдикат.Синдикатот, Vereinigung Cockpit (VC), соопшти дека преговорите за плата се прекинати и штрајкот ќе ги опфати пилотите во патничкиот и товарниот превоз на сите летови на Луфтханза од Германија.VC за повеќе од 5.000 пилоти бара зголемување на платите за 5,5 отсто оваа година, а потоа раст усогласен со инфлацијата.
Кочовски : Првачињата да добијат по 2000 ден
Post Views: 34 По повод почетокот на новата учебна година, градоначалникот Спасе Кочовски до Советот на општина Вевчани ќе предложи, Предлог – Одлука со која на сите запишани ученици во прво одделение во ООУ “Страшо Пинџур” Вевчани ќе им се додели еднократен паричен износ во висина од 2000 денари од буџетот на општина Вевчани.Воедно, на сите ученици им посакувам успешна учебна година, напиша Кочовски на официјалниот фејсбук профил.







