Автор: инфодеск
Post Views: 50 Викендов за првпат маестро Симон Трпчески одржа концерт во родното село на неговиот татко. Малесија повторно оживеа низ песната и музиката на маестро Симон Трпчески и неговите соработници Хидан Мамудов, Александар Краповски, Александер Сомов и Влатко Нусев.Секоја чест за организаторите на настанот. Беспрекорна организација се подредено како што треба обезбеден пристап и паркинг за сите возила, ангажирани волонтери од Црвениот крст обезбеден санитарен чвор, обележани и поставени места за седење, поделени преку 7. 000 сендвичи, ѓомлезе и разни пијалоци од...
Марко испиша уште еден историски успех
Post Views: 49 Шестнаесетгодишниот, Марко Пејчиновски од Охрид е пливачки херој, кој испиша уште еден историски усех. Викендов, по речиси 22 часа пливање успеа да мине неверојатни 64 километри во Охридското езеро пливајќи вдолж и попреку на релација Охрид-Струга-Свети Наум-Охрид.Тој започна со пливање саботата, нешто пред 12 часот напладне, а неделата пред 10 часот пристигна на охридското пристаниште.Аплаузите и повиците од насобраните граѓани го кренаа од водата и успеа со кренати раце да ги отпоздрави. Овој негов подвиг Марко го посвети на неговата прерано почината...
Завршија 61-те Струшки вечери на поезијата
Post Views: 39 Заврши 61-то издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“. Годинешниот лауреат, јапонскиот поет Шунтаро Таникава, поради поодмината возраст не присуствуваше на фестивалот, а признанието во негово име го прими неговиот син, истакнатиот јапонски композитор и пијанист Кенсаку Таникава.Наградата „Браќа Миладиновци“ за 2022 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија му беше врачена на македонскиот поет и книжевен преведувач Зоран Анчевски за збирката „Збунети компаси“.Признанието „Мостови на Струга“ што УНЕСКО и...
Автобус со туристи падна од карпа во Турција
Post Views: 46 Најмалку пет луѓе загинаа, а 38 се повредени откако автобус паднал од карпа во Бурса на северозападот од Турција.Како што пишуваат тамошните медиуми, автобусот патувал од Кутахја до областа Мудања во Бурса, превезувајќи група туристи до крајбрежниот град.Меѓу загинатите се возачот и четворица патници. Истражните органи покренаа истрага за причините за несреќата.Bus Accident Kills Five, Injures 38 In Turkey https://t.co/jmn7jKoIYU— AllNews Nigeria (@allnewsngr) August 28, 2022Ова е втора поголема несреќа на патиштата во Турција откако...
Започнаа уписите на охридските факултети
Post Views: 34 На Факултетот за туризам и угостителство оваа академска година може да се запишат 347 студенти. Тие може избираат меѓу следниве студиски програми:– туризам, 80 слободни места,– осигурување 63,– царина и шпедиција 68,– менаџмент во услужен сектор со четири профили (финансиски, промотивен менаџмент, менаџмент во култура и логистички менаџмент) 48 места,– гастрономија 24 и– хотелско-ресторански менаџмет 32 слободни места.И оваа година, активни ќе бидат студиските програми на англиски јазик, на...
Успешно издание на Охрид трчаТ Акватлон
Post Views: 96 Се одржа првата спортска манифестација „Охрид трчаТ Акватлон“.Ги доделив медалите за најуспешните поединечно во категории, кои имаа најбрзо време во целокупното завршување на рутата – информира градоначалникот Пецаков.На првото издание на манифестацијата беа пријавени 130 учесници во шест категории, мастерс, сениори, јуниори, кадети, деца1 и деца2.Честитки до организаторите атлетски клуб „Охрид трчаТ“ и до сите учесници – напиша Пецаков.
До среда нестабилно време со дожд
Post Views: 54 Нестабилно време со пороен дожд и грмежи до среда, а во четврток и петок ќе има изолирана појава на нестабилност.Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град, соопшти УХМР.Денеска попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и појава на град.Максималната температура ќе се движи од 26 до 34 степени. Попладне ќе биде нестабилно со...
Почнува исплатата на августовската пензија
Post Views: 26 Владата неодамна им препорача на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на августовската пензија за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.08.2022 година (вторник); За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.08.2022 година (среда); За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.09.2022 година (четврток ), и За...







