Skip to main content

Автор: инфодеск

Денес ќе се одржи последниот Еко пазар за оваа школска година

Post Views: 174 Денес со почеток во 12 часот и 30 минути,  во дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, ќе се одржи Еко Пазар.  Посетителите ќе имаат можност за купување од втора рака на стара и зачувана облека со што ќе ги поддржат училиштата во нивните обиди да ја подигнат свеста за текстилната индустрија, како втор загадувач на глобално ниво. Собраните средства од пазарот и селектираните пластични шишиња ќе бидат донирани за настраданите во Кочани.

Продолжи со читање

Ден на Светиот Дух

Post Views: 139 Во понеделникот по неделата на Педесетница, се совршува празнување во чест на Светиот Дух. Тој празник бил востановен од Црквата заради величање на Пресветиот и Животворен Дух, кој е еден од Светата и Живоначална Троица, како спротивставување на учењето на еретиците коишто го отфрлаа Божеството на Светиот Дух и Неговата единосуштност со Бог Отецот и Бог Синот. Светиот Дух е еден со Отецот и Синот во сè, затоа Он и совршува со Нив сè, бидејќи самовластен, сесилен и добар. Преку Него се подава секоја мудрост, живот, движење; Он е изворот на секој живот. Он има сè...

Продолжи со читање

Утрото сончево, попладне локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи

Post Views: 104 Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а во северните делови засилен северен ветер.Денес ќе дува умерен, а во северните делови засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура за 3 до 5 степени. До среда во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Потоа ќе преовладува претежно стабилно време, а дневните темпетаури ќе бидат без промени, велат од УХМР.Во Охрид денешните температури во...

Продолжи со читање

Денес ќе се одржи хуманитарниот турнир Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2025

Post Views: 194  Денес на игралиштето во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид ќе се одржи четвртиот хуманитарен турнир Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2025.Организаторите велат дека сите заинтересирани фирми и граѓани со свои расположливи ресурси можат хуманитарно да се приклучат на иницијативата, која ќе допринесе до подобрување на условите на деца со попреченост и аутистични деца.– Oва е 4. издание на хуманитарниот турнир Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид, кој прераснува во една убава традиција. Турнирот ќе биде одлична можност за децата од Охрид и...

Продолжи со читање

Денес е Духовден – слегување на Светиот дух

Post Views: 173 Празникот Педесетница, во народот познат како Духовден, е посветен на настанот на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, на педесеттиот ден по Воскресението Христово, односно на десеттиот ден по Вознесението Христово.За време на Својот земен живот, Спасителот повеќе пати им говорел на Своите ученици за доаѓањето на Утешителот, Духот на вистината, Којшто ќе го разобличи светот заради гревовите на луѓето, Којшто ќе ги научи апостолите на благодатниот пат на вистината и правдата и Кој ќе го прослави Христа. Пред самото Свое Вознесение, Исус го повторил...

Продолжи со читање

Денес во Охрид сончево со температури до 30 степени Целзиусови

Post Views: 178 Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Денес ќе се задржи многу топло време. Од утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за 3 до 5 степени. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР.Денес температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 13 до 30 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Денес е Задушница, а утре е Педесетница (Духовден)

Post Views: 197 Празникот Задушница се одбележува во знак на сеќавање на починатите. На овој ден вообичаено се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за упокоените.На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.Духовден, пак, го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што го нарекуваат светите отци „Роденденот на Црквата“. На 10-тиот ден од Христовото вознесение, а на 50-тиот од Неговото воскресение, на еврејскиот празник...

Продолжи со читање

Сончево и многу топло со температури до 29 степени Целзиусови

Post Views: 206 Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.Од УХМР информираат дека викендов ќе се задржи многу топло време. Денесќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за 3 до 5 степени. Кон средината на седмицата ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежиВо Охрид денес температурите ќе се движат во интервал од 13...

Продолжи со читање

СВР Охрид: Акциска контрола во угостителски објекти, приведено 20 годишно лице по пријава на родител за семејно насилство

Post Views: 173 Денеска (06.06.) во 00,10 часот од страна на полициски службеници од ПС ОН Охрид, по претходно изготвен план, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти во врска со присуство на малолетници после 24,00 часот, при што во еден објект било констатирано присуство на 17 годишен малолетник од Охрид. Составен е записник за констатиран прекршок по член 21 од ЗППЈРМ.Денеска (06.06.) во 03:00ч. полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 20 годишно лице од Охрид, а по претходна пријава од неговиот татко за семејно насилство во семејниот дом. Се...

Продолжи со читање

Охрид СОС: Се градат високи објекти со нетипичен стил, секој прави што сака

Post Views: 292 Охридската Стара Чаршија, aко некогаш важеше за специфичен дел на градот, исполнет со занаетчиски дуќани и стари градби, денеска оваа улица скоро сосема го изгубила својот лик и значење, реагираат од Охрид СОС.Иако е дел од Старото градско јадро, за кое важи посебен закон, односно Закон за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење, чаршијата е препуштена на стихијата и тука секој прави она што сака, без никаква регулатива, предупредува иницијативата Охрид СОС.„На прстите од една рака се бројат...

Продолжи со читање

Четврт хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2025

Post Views: 156  Во недела, 8-ми јуни 2025 година, на игралиштето во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид ќе се одржи четвртиот хуманитарен турнир Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2025.Организаторите ги повикуваат сите деца на возраст од 9 до 13 години да се пријават, да играат без никаков надомест и да се забавуваат во духот на хуманоста. Сите заинтересирани фирми и граѓани со свои расположливи ресурси можат хуманитарно да се приклучат на иницијативата, која ќе допринесе до подобрување на условите на деца со попреченост и аутистични деца.– Oва е 4. издание на...

Продолжи со читање

Наредната недела тактичко-технички активности на „Бафало бич“

Post Views: 145 Од СВР Охрид информираат дека оо периодот од 09 до 11 јуни 2025 година, од 10 до 16 часот, на плажата „Бафало бич“ во близина на езерската полиција, припадници на Армијата на РСМ ќе реализираат тактичко-технички активности. Притоа, припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското езеро, ќе употребат артифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема.–Сите активности во рамките на тактичко-техничките активности, покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување што ќе го извршуваат припадници на полициската станица Охрид и полициската...

Продолжи со читање