Skip to main content

Автор: инфодеск

Надлежните бараат решенија за неправилното депонирање отпад и создавањето диви депонии

Views: 244 Како да се стави крај на неправилното одлагање отпад и создавањето диви депонии беше главна тема на работниот состанок што денес го одржаа претставници на ЈП „Охридски Комуналец“, комуналните инспектори, инспекторот за домување при Општина Охрид и управителите на станбени згради.На состанокот биле разгледани актуелните проблеми со одлагањето отпад надвор од предвидените места, како и можностите за подобра координација меѓу институциите, управителите и граѓаните.Од „Охридски Комуналец“ посочуваат дека за одржување на чиста животна средина потребна е поголема јавна...

Продолжи со читање

Градоначалникот Пецаков со честитка по повод Меѓународниот ден на Балканските Египќани

Views: 193 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, упати честитка до припадниците на заедницата на Балканските Египќани по повод 24 Јуни – Меѓународниот ден на Балканските Египќани.Во честитката, Пецаков истакнува дека Египќаните се важен дел од општествениот и културниот живот на Охрид и Македонија и со својата активност и ангажман во различни области даваат значаен придонес во развојот на локалната заедница.„Меѓусебното разбирање и заедничката соработка остануваат клучни вредности за градење стабилно и напредно општество во кое сите граѓани имаат свое место“, се наведува во...

Продолжи со читање

Со концерт на „Љубојна“ се отвора колонијата „Вевчански видувања 2026“

Views: 235 Уметници од Македонија, Србија, Романија, Полска и Украина ќе бидат дел од Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања 2026“ што од 27 јуни до 6 јули ќе се одржува во ресторанот „Виа игнација“ во Вевчани.Колонијата, како што информира организаторот, ќе биде отворена со концерт на групата „Љубојна“ и музичкото дуо Мицевски и Пејчиноски.– Вевчани повторно ќе биде место на уметничко творештво, средби, културна размена и инспирација. Оваа година на колонијата ќе учествуваат уметници од Македонија, Србија, Романија, Полска и Украина, со што „Вевчански видувања“ уште...

Продолжи со читање

Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Ohrid Open 2026“ собра 317 натпреварувачи од 9 европски држави

Views: 396 Охрид повторно беше домаќин на еден од најзначајните ИТФ таеквон-до настани во регионот. На 20 јуни 2026 година, во спортската сала „Билјанини Извори“, во организација на Македонската Традиционална Таеквон-До Федерација и Таеквон-до клубот”ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец Охрид, успешно се одржа меѓународниот турнир Охрид Опен 2026, на кој учествуваа 317 натпреварувачи од девет европски држави.На турнирот учествуваа клубови и натпреварувачи од Македонија, Молдавија, Грција, Бугарија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Италија и Хрватска, кои во текот на целиот ден...

Продолжи со читање

Св Вартоломеј и Варнава

Празник на Светите Вартоломеј и Варнава – Вртолум

Views: 235 Меѓу  празниците од овој период од годината посебно важно место има празникот на светите маченици Вартоломеј и Варнава во народот познат под името Вртолум, што се празнува на 24 јуни според новиот, односно на 11 јуни според стариот календар. Во некои наши краишта овој ден се смета за тежок празник поради што не се работи никаква работа. Овој ден народот го поврзува со вртењето на сонцето. Имено се верува дека на овој ден сонцето се врти кон зима. Многумина дури верувале дека тоа е видливо, поради што гледале во сонцето за да виделе кога тоа ќе застанело и ќе се...

Продолжи со читање

УХМР: Денес локално интензивно невреме, од викендот повторно сончево и топло

Views: 174 Од УХМР информираат дека денес ќе се задржи нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.Минималните температури во Охрид од 15, а максималните до 27 степени Целзиусови.Во четврток и петок ќе има изолирана појава на нестабилност, а за време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде претежно сончево и топло.

Продолжи со читање

Усвоен ребалансот на Буџетот за 2026, најмногу пари добија министерствата за животна средина и за транспорт

Views: 383 Владата го усвои ребалансот на Буџетот, со кој годинава државата ќе потроши околу 744 милиони евра повеќе отколку што ќе собере, а буџетскиот дефицит ќе достигне 4,1 проценти од бруто-домашниот производ.Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска изјави дека дополнителните средства нема да бидат потрошени за тековни расходи, туку ќе бидат насочени кон капитални инвестиции. Со ребалансот се обезбедуваат дополнителни 94 милиони евра за изградба на патишта, железници, водоводи, училишта и реализација на проекти во општините, при што најголем дел од средствата ќе бидат...

Продолжи со читање

Расте интересот за охридските културни знаменитости

Views: 216 Самуиловата тврдина, Заливот на Коските, Галеријата на икони и куќата Робевци и оваа туристичка сезона се меѓу најпосетуваните културно-историски локалитети во Охрид. Од Завод и музеј велат дека бројот на посетители постојано расте и очекувањата се годинава да бидат надминати резултатите од рекордната 2019 година.„Веќе имаме огромни бројки, се надевам дека ќе ја надминеме 2019 година кога бележевме рекорд во бројот на посети. Јуни е преполн, задоволни сме. Најмногу посети имаат Самуиловата тврдина и Заливот на Коските, потоа Галеријата на икони и куќата...

Продолжи со читање