Skip to main content

Автор: инфодеск

Улица паркинг

Прекопана улица, паркинг со наплата

Post Views: 59 Наши сограѓани во рубриката „Ти си твојот град“ се жалат на прекопана улица во центарот на градот каде од неодамна е поставена табла за наплата на паркинг. Сликата ни ја испрати Никола Паункоски, а ова е неговиот коментар:Се работи за ул. „Македонски Просветители“, од кружниот тек до бивша стоковна Слобода.Пред скоро 2 години во комшилукот се изградија две згради оддалечени можеби 29 м. Луѓето, како што кажвет, платиле на општина за дозвола за инсталација за вода, се ископа улицата, се поставиле цевки, се затрпале и така остана не асфалтирано или поплочено. На...

Продолжи со читање

Полиција

Тепачка на плажата Градиште

Post Views: 53 На 20.08.2022 год во 14:30 часот, во угостителски објект лоциран во автокампот „Градиште” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир.Извршен е физички напад од Д.М., од Скопје и Ј.М. од селото Пештани, врз Г.М.(38) од Охрид. Против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Полиција несреќа

Сообраќајна несреќа кај Куратица

Post Views: 75 На 20.08.2022 часот, во 13:30 часот во СВР Охрид, пријавенo е дека на магистралниот пат Охрид-Битола на влезот за селото Куратица, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “туран” со охридски регистарски ознаки, управувано од А.К.(67) од Охрид, и мотоцикл “кавасаки” со битолски регистарски ознаки, управуван од К.О.(31) од Битола.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобила сопатничката С.Д.(22) од Битола констатирани во болницата „Св. Еразмо” во Охрид. Извршен...

Продолжи со читање

Прес конференција охридско лето

Над 1000 уметници годинава на Охридско лето

Post Views: 49 „Нема поголемо задоволство кога на крајот од 40-те фестивалски денови ќе кажете, реализиравме уште едно успешно „Охридско лето“. Горда сум што токму сега можам да кажам, изминаа вечери исполнети со многу убавина на врвната уметност кои долго ќе се паметат“.Ова денеска на завршната прес-конференција по повод затворањето на годинешното 62-ро издание на фестивалот „Охридско лето“ го изјави директорката на оваа национална установа, Наташа Поповиќ.Како што кажа Поповиќ, низ 40-те фестивалски денови можеа да се видат големи музички ѕвезди, врвни театарски...

Продолжи со читање

Седница

Свикана петнаесеттата седница на Совет

Post Views: 33 Свикана петнаесеттата седница на Советот на Општина Охрид на ден 26.08.2022 година (петок) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.ДНЕВЕН РЕДПредлог Програма за измени и дополнувања на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2022 – 2024 година.Предлог Програма за измени  на   програмата за спорт и рекреација  за 2022   година.Предлог Одлука за изменана распоредот на средствата на Буџетот  на општина Охрид за 2022 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за...

Продолжи со читање

Донација атлетска опрема

Основните училишта добија атлетска опрема

Post Views: 50 Атлетскиот клуб „Охрид ТрчаТ“ донираше атлетска опрема за сите основни училишта во градот.Донацијата се состои од сет атлетски реквизити (40 маркери, 2 топки за одделенци, 4 хулахопи, 25 мали топчиња и две мали пречки) кои ќе бидат донирани за секое училиште.Атлетските реквизити се наменети за најмалите ученици и ќе бидат од особено значење за професорите по физичка култура во делот на реализација на наставата по физичко образование со посебен акцент на атлетиката.

Продолжи со читање

полициска лента

Возило удри во пешак на ул. Јане Сандански

Post Views: 31 На 19.08.2022 во 22:55 часот било пријавено дека во Охрид на ул. „Јане Сандански” патничко моторно возило „цитроен” со српски национални ознаки управувано од И.Н.(48) од Србија удрило во пешакот М.Н.(54) од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Н. констатирани во болницата “Св. Еразмо” во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Полиција

Битолчанка го нарушила јавниот ред и мир

Post Views: 46 На 19.08.2022 година во 13:30 часот, во СВР Охрид приведена е М.М.(36) од Битола.Таа претходно на улицата „Гоце Делчев” во Охрид, го нарушила јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување. Против неа, ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање