Skip to main content

Автор: инфодеск

Во Украина нема програма за биолошко оружје oд САД

Post Views: 20 Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се тврди дека „Украина ги уништува доказите за програмата за развој на биолошко оружје финансирана од САД”. Во склоп на постот е споделен текст од сајтот Коловрт, во којшто се тврди дека откако руските војници влегле во Украина на 24 февруари годинава, украинската влада наредила итно да се уништат патогени на чума и антракс во лаборатории кои се финансирани од САД. Се наведува и дека програмата за биолошко оружје финансирана од САД вклучувала производство на компоненти на...

Продолжи со читање

Чувството за припадност алатка за руско влијание

Post Views: 20 Потекло и традиционална поврзаностИ покрај тоа што словенството како поврзувачка точка со Русија не се спомнува толку често  (како на пример во соседна Србија или во периодот кога сè уште немаше земено замав антиквизацијата во Македонија), тоа сепак не смее да биде занемарено.Припадноста на словенството се прикажува како проклетство и како дар, ама во секој случај се промовира, тивко и под рака, наспроти тие другите од „Западот“:Светот на Словените асоцира на прегреани емоции, незауздани страсти, самоубиствена ирационалност, православна...

Продолжи со читање

Општински превоз на патници за подрачјето на Охрид

Post Views: 16 Согласно Програмата АО-Совет на општина Охрид за 2022 година, објавен е Јавен повик за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Охрид.Повеќе информации може да најдете на следниот линкОбјавен е уште еден Јавен повик за субвенционирање на линиски превоз на патници кој заеднички го организираат Општина Охрид и Општина Дебрца.Повеќе информации за овој Јавен повик на следниот линк

Продолжи со читање

Списанија за алтернативна медицина

Post Views: 17 Руското влијание на Балканот е значително и тоа, освен преку телевизиите и разно разните веб-сајтови кои нудат содржини со потекло од Русија, се шири и преку списанија за алтернативна медицина. Вакви списанија се продаваат и кај нас. Тие потекнуваат од Србија од каде се дистрибуираат во соседните земји, а основна целна публика им се повозрасните, што може да се види од насловните фотографии на кои главно се наоѓаат постари лица со побелени коси, како и од изборот на темите и рекламите кои се посветени на состојбите поврзани со стареењето.Во С. Македонија...

Продолжи со читање

Слаб интерес за екстра заработка

Post Views: 10 Мал интерес за дополнителна работа во хотелско угостителскиот сектор. Само стотина лица се пријавија на платформата на ХОТАМ за екстра заработка во хотелите и рестораните, на веќе вработени граѓани во друг сектор.Проблемот со недостиг на кадар и натаму се продлабочува. Огласите за работа во регионот се прополни. На прагот на туристичката сезона се бараат готвачи, салатери, келнери, шанкери, собарки и друг персонал.„Не може да се пофалиме дека имаме некоја задоволителна бројка на пријавени. Очекувавме од 300 до 500 луѓе да побараат екстра заработка од...

Продолжи со читање

Мојот данок, за мојата општина

Post Views: 7 Општина Дебрца како партнер-општина на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите се приклучува кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“Едукативната кампања „Мојот данок, за мојата општина“има за цел да ја информира јавноста дека плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднина на општината.Доколку поседувате имот во одредена општина, тогаш автоматски сте даночни обврзници со законско право на даночно решение за вашиот...

Продолжи со читање

21 година од масакрот кај Вејце

Post Views: 11 Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјето и посета на спомен собата на водникот Игор Костески, заедно со припадници на специјалната единица “Волци”, боречката организација за Охрид и Дебрца, месната заедница, роднини и месно население во село Слатино, Славна Дебрца се оддаде почит на најтажниот ден во поновата македонска историја.Денот кога пред 21 година, кај Вејце, Тетово на подмолен начин беа убиени и масакрирани 8 припадници на вооружените сили на Република Македонија ( 4 припадници на специјалната единица на АРМ „Волци”, меѓу кои и водникот...

Продолжи со читање

ИПА Охрид се збратимува со ИПА Нови Сад

Post Views: 8 Утре во Охрид, ќе биде потпишана Повелбата за збратимување помеѓу ИПА регион Охрид и ИПА регион Нови Сад. Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) регион Охрид, викендов ќе биде домаќин на делегација од Управниот одбор на ИПА регион Нови Сад, предводена од претседателот, м-р Милорад Петковиќ.Предвидено е на пригодна свеченост што ќе се одржи утревечер во хотелот „Нова Ривиера“ во Охрид, помеѓу управните одбори на ИПА Охрид и ИПА Нови Сад, предводени од претседателите Стефан Димоски и Милорад Петковиќ, да се потпише Повелба за збратимување помеѓу двата ИПА...

Продолжи со читање