Skip to main content

Автор: инфодеск

Книги

Неделна понуда на книги во Библиотеката

Post Views: 48 Во неделната понуда на нови наслови во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид доминираат книгите со мотивациска содржина сврзани со односот на човекот кон животот, работата, секојдневието и опкружувањето.На пултот за издавање од денеска можете да ги побарате следните изданија: „Основно правило за успех“ од Дарен Харди, „Подарокот“ од Едит Егeр и „Ти си ѕвер“ од Џен Синсеро, трите во издание на Сакам книги.Од истиот издавач ви го препорачуваме и романот „Присестра“ од Џенифер Донели. Во неделната понуда е и романот „Изгубената ќерка“ од Али Мерсер во...

Продолжи со читање

Охридски пливачки маратон

Пецаков : Охридски Пливачки маратон ќе има!

Post Views: 54 „Охридски Пливачки маратон ќе има“, напиша денеска Градоначаникот на Охрид Кирил Пецаков на официјалниот фејсбук профил.Општина Охрид ќе обезбеди 2 милиони денари за непречена организација на Охридскиот пливачки маратон.Неизмерна е среќата и задоволството што ги чувствувам, воден од фактот дека Охридски пливачки маратон ќе има. Верувам дека секој охриѓанец го има истото чувство. Охридскиот пливачки маратон, не е само спортска манифестација. Тој е многу повеќе од тоа. Тој е чувство, сентиментално вкоренето во секој охриѓанец. Радосен сум бидејќи...

Продолжи со читање

Откупен центар

Ногачески го посети откупниот центар за сливи

Post Views: 38 Градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески, беше во посета на откупниот центар на фирмата „Али Фреш Фруит ДОО Ресен“ во село Требеништа, каде во моментов се врши откуп на сливи од сортите “чачанска”.Сопствениците ме информираа дека моментално само тие вршат откуп во општината и дека само во текот на вчерашниот ден се откупени околу 30 тони. Откупната цена е 12 денари за килограм и дека се должи на моменталната состојба на пазарот и нејзиниот пласман. За земјоделците цената не е задоволителна, особено ако се има во предвид драстичниот...

Продолжи со читање

Концерт во чест на Александар Џамбазов

Концерт во спомен на Александар Џамбазов

Post Views: 28 Концерт посветен на великанот на македонската современа музика Александар Џамбазов ќе се одржи вечерва на сцената Долни Сарај со почеток во 21 часот.Под диригентската палка на Љупчо Мирковски, солисти на вечерта ќе бидат пијанистот Бобан Мирковски, сопранот Наде Талевска и тенорот Ѓорѓи Цуцковски кои заедно со Ревискиот оркестар на Љупчо Мирковски ќе изведат познати композиции од маестро Џамбазов.Македонскиот композитор и диригент Александар Џамбазов почина на 25-ти јануари годинава, а зад себе остави богат творечки опус. Тој е автор на сценска и филмска...

Продолжи со читање

Марко Пејчиновски

Марко ќе плива 64 км на Голема Богородица

Post Views: 39 Марко Пејчиновски на 28-ми август, за празникот Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица, ќе плива 64 километри на релација Охрид-Струга-Св. Наум-Охрид, со што ќе го исполни ветувањето од почетокот на летото, кога најави 10 препливувања и околу 250 километри.После 186 километри во 9 препливувања, тука сум да го најавам моето последно препливување: Охрид-Струга-Св. Наум-Охрид, или полни 64 километри. Пред 3 години, поради болка во ногата, го прекинав пливањето на оваа релација која остана мој неостварен предизвик. Тука сум, да си докажам колку сум...

Продолжи со читање

Преображение Господово

Преображение Господово

Post Views: 71 Празникот Преображение на Господ Исус Христос се слави секоја година на 19 август, односно 6 август според Јулијанскиот календар. На овој ден се прославува преображението на Христос на планината Тавор, кога Господ се појавил во сета Негова слава пред апостолите Петар, Јаков и Јован.Народни верувања и обичаиПреображение Господово е еден од оние осум големи Христови празници, кога, според народното предание, во зора почнуваат да се преобразуваат и гора и вода, најавувајќи ја идната есен. На Преображение се преобразува и листот и гората и каменот во водата,...

Продолжи со читање

Полиција

Измамена повозрасна жена од Охрид

Post Views: 31 На 18.08.2022 година, 74-годишна жителка на Охрид, во СВР Охрид пријави дека околу 13 часот, телефонски добила известување за сообраќајна несреќа во која, наводно, била тешко повредена нејзината ќерка и дека итно ѝ биле потребни пари за помош и исплата на оштета.Според пријавеното, на едно лице кое дошло пред нејзиниот дом, таа му дала околу 3000 евра. Истиот ден, во СВР Охрид е пријавено дека повозрасна жителка од охридско село била измамена од едно лице, кое ѝ побарало и добило 300 евра, поради наводен долг на нејзиниот син кој живее во странство –...

Продолжи со читање

Авантуризам

Авантуризмот зема се поголем замав

Post Views: 31 Активниот туризам зема се поголем замав. Новите трендови на патувања не се веќе врзани само за сонце и плажа. Современите туристи денес сакаат необични доживувања, бараат авантура. Пандемијата рестрикциите и мерките ги зближија луѓето со природата.Веслање, параглајдинг, велосипедизам, планинарење, кајакарење, едрење, нуркање, се повеќе привлекуваат гости во охридско-струшкиот регион.Странските туристи оваа година најмногу се од Полска, Чешка, Словенија зборувам за странските гости. До минатата година значителен беше бројот на украински гости кои за жал со...

Продолжи со читање