Skip to main content

Автор: инфодеск

Поетска ноќ во Велестово

Утре започнува Поетска ноќ во Велестово

Post Views: 28 Утре започнува 34-тото издание на „Поетска ноќ во Велестово“. Манифестацијата влезе во една сериозна зрелост, а со тоа доаѓа и искачување со што „Поетска ноќ во Велестово“ го добива приматот на една од најзначајните манифестации во Македонија.Уште на почетоците се наметна со една оригиналност, од претставување на еден македонски поет и еден сликар низ 3 децении прерасна во еден вид антологија на македонската поезија и сликарство, истакна денеска на прес конференција Славе Ѓорѓо Димоски.Манифестацијата има двојна улога, едната е да си го заштитиме...

Продолжи со читање

Кино проекции

Музичко филмски викенд во Касарна Охрид

Post Views: 30 Музичко-филмски викенд во комплексот Касарна Охрид за затворање на четвртото алтернативно културно забавно лето огранизирано од Културолошка иницијатаива 5 до 12.Кул револуција и рап еволуција е насловот на музичкиот, а отворено кино со автомобили е филмскиот раритетен настан што прв пат е организиран во 2020 година.„Отворено летно кино за луѓето беше многу интересно бидејќи никој не памти такво нешто, во Охрид прв пат во историјата се организира таков настан, во Скопје во 60ти, 70ти, неколку пати е организирано и затоа сакавме да го вратиме тој настан...

Продолжи со читање

Арм

Македонската армија прославува 30 години

Post Views: 47 Централната прослава на 30-годишнината на Армијата на Македонија се одржа денеска во касарната „Илинден“ во Скопје.По тој повод се одржа и дефиле на ешалони составени од припадници на сите команди и единици на АРМ и современите борбени возила со кои располагаат, а претседателот на Македонија и врховен командант Стево Пендаровски на првиот македонски министер за одбрана Трајан Гоцевски му додели Орден за воени заслуги, логистичка база во Армијата и Организација на резервни офицери.На свеченостите во касарната „Илинден“ присуствуваа и премиерот на...

Продолжи со читање

Војна и мир

Маестрална изведба на Војна и мир

Post Views: 34 Едно од највлијателните дела во светската книжевност „Војна и мир“ од Лав Николаевич Толстој беше поставено вчеравечер на сцената Долни Сарај во рамките на драмската програма на 62-то „Охридско лето“.Вечно актуелниот универзум во извонредна режија на Борис Лијешевиќ го донесоа врвните актери од Народниот театар Белград, Србија преку тричасовната игра. За Народниот театар во Белград новата драматизација на ова ремек дело ја направи писателот и драматург Федор Шили во соработка со режисерот Лијешевиќ.Во самиот избор на актерската екипа, покрај веќе...

Продолжи со читање

Квартет Стенхамар

Квартетот Стенхамар вечерва на Охридско лето

Post Views: 27 Шведскиот квартет „Стенхамар“ вечерва е на класичниот репертоар на 62-то издание на фестивалот „Охридско лето“.Членовите на овој состав, виолинистите Петер Олафсон и Пер Оман, Тони Бауер на виола и Матс Олофсон на виолочело ќе концертираат во црквата „Света Софија“ од 21 часот.Основан во 1995 година, квартетот „Стенхамар“ низ годините се профилира како еден од најинтересните и многу респектирани квартети во Скандинавија. Нивното енергично, а истовремено технички рафинирано музицирање придонесува тие редовно да бидат присутни на фестивали за камерна...

Продолжи со читање

Галичица

Прекин на сообраќајот на патот Охрид-Ресен

Post Views: 24 Од денеска до 12-ти септември 2022 година, сообраќајот на патниот правец Охрид-Ресен преку Галичица, делумно ќе биде во прекин и тоа во периодот помеѓу 09:00 и 15:00 часот, поради изведување градежни работи (асфалтирање).Од АМСМ информираат дека работите ќе се изведуваат само во работни денови.Регионалниот пат Р-2332, на патниот правец Охрид-Ресен (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), кој води преку Националниот парк „Галичица“ е отворен за сообраќај од почетокот на мај до 01.10.2022 година за возила со вкупна маса до 3,5 тони. 

Продолжи со читање

Охридско езеро

Водостоите на езерата пониски од просечните

Post Views: 26 За два сантиметри е намален водостојот на Дојранското, а за еден на Преспанското Езеро во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).Во однос на повеќегодишниот просек за август, нивото на Дојранското Езеро е за 2,48 метри повисоко, додека водостоите на Преспанското и на Охридското Езеро се пониски од просечните и тоа за 1,82 метра кај Преспанското, односно за 11 сантиметри кај Охридското Езеро.Најчесто пониски од просечните за овој период од годината се и нивоата на реките во...

Продолжи со читање

Миење улици

Измиени улиците во Стариот дел на градот

Post Views: 26 Со цел да се подигне нивото на јавна чистота, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ рано утринава спроведоа активности за миење на улиците во Стариот дел на градот.Заради специфичноста на теренот, тешката пристапност и тесните улици, чистењето било извршено со мала цистерна.Како дел од програмата за одржување на јавна чистота, ЈП „Охридски Комуналец“ врши секојдевно миење на улиците во централното градско подрачје, чаршијата и градскиот кеј, како и на улиците во сите населби, по претходно утврдена динамика.

Продолжи со читање