Автор: инфодеск
Post Views: 10 Албанските власти одлучија да ги укинат сите преостанати ограничувања воведени поради пандемијата на коронавирусот во пресрет на летната сезона. Надлежните денеска соопштија дека мерките ќе бидат укинати на 1-ви мај.Одлуката значи дека маските повеќе нема да бидат задолжителни во затворени простории, ноќните клубови повеќе нема да мора да се затвораат во 23 часот и повеќе нема да се бара доказ за вакцинација или негативен ПЦР тест за влез во Албанија.Властите ги повикаа жителите да продолжат да се вакцинираат против коронавирус, а оние над 60 години да...
Санкционирани 40 возачи во Охрид
Post Views: 11 На 25.04.2022 година од 14 до 20 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени контроли во патниот сообраќај.Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 70 возачи кои управувале моторно возило со брзина поголема од дозволената (Охрид-40, од кои 24 надвор од населено место и 16 во населено место, Струга-28 во населено место, Кичево-09 во населено место, Дебар-09, од кои надвор од населено место-06 и во населено место-03) – информираат од СВР Охрид.
Пронајдени 8980 парчиња пиротехнички средства
Post Views: 9 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Л. (22) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”.При преглед во неговиот патнички автомобил, извршен на булеварот „Туристичка” во Охрид, полициските службеници пронашле и одзеле вкупно 8980 парчиња пиротехнички средства – информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Нови повисоки цени на горивата
Post Views: 10 Бензините од полноќ поскапуваат за 2,5 денари за литар, а цената на дизелот се зголемува за еден денар за литар.Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 84 денари, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 86 денари, а еуродизелот за 85,5 денари за литар.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 1,5 денари за литар, и ќе изнесува 84 денари. Се зголемува и малопродажната цена на Мазутот, односно килограм мазут ќе се продава за 52,82 денари.
Црвен крст ќе обучува лица за лична асистенција
Post Views: 11 Општина Охрид денес го објави решението согласно Јавниот повик за финансиска поддршка на верифицирана организација или институција која работи на територијата на општина Охрид и која ќе спроведе и води процес за обука на лица кои ќе се стекнат со сертификат за завршена обука за лична асистенција, верифицирана од ЈУ Центар за образование на возрасни. ОО на Црвен крст Охрид е избрана за спроведување на овие обуки. Црвен крст и Општина Охрид ќе склучат договор во кој детално ќе бидат наведени обврските на двете договорни страни за спроведување на оваа...
Д-р Асен Шајн нов директор на Општа болница Охрид
Post Views: 48 Доктор Асен Шајн е нов директор на охридската општа болница. Д-р Шајн е специјалист по оториноларингологија, вработен во болницата на одделението за уво, нос и грло.Асен Шајн доаѓа на местото на хирургот и уролог, д-р Горан Балески кој функцијата директор ја извршуваше за време на пандемијата.
Продолжува уредувањето на СРЦ „Билјанини извори“
Post Views: 10 ЈП “Билјанини Извори” продолжува со планираните активности во насока на подобрување на условите на спортската инфраструктура од СРЦ “Билјанини Извори”.Имено, деновиве се започна со реконструкција на долгогодишното запоставено северно фудбалско игралиште и на истото се планира во наредните три недели да се завршат градежно-санациони активности, како дел од првата фаза за комплетно уредување и адаптирање на игралиштето за потребите на многубројните фубалски школи и фудбалски клубови. Во првата фаза ќе се изврши нивелација на...
Убиство во Чаир
Post Views: 9 Од Јавното обвинителство денеска информираа дека извршиле увид на местото каде синоќа беше убиено едно лице, а три се повредени откако во угостителски објект на улица „Браќа Реџепагиќ“ во населбата Чаир во Скопје две лица пукале со автоматско оружје.Јавниот обвинител издаде наредби за прибирање и анализа на трагите пронајдени на лице место, како и наредба за обдукција на починатиот. По наредба на јавниот обвинител обезбедени се снимките од видео надзорот на околните објекти. Се работи на утврдување на идентитетот на сторителитe – се наведува во...