Skip to main content

Автор: инфодеск

Промовирана книгата „Во домот на пастрмката” од Александра Велинова

Post Views: 241 Во рамките на Програмата на општина Охрид за децата под мотото: Културата расте со децата ,,За сите деца”, по повод Меѓународниот ден на животната средина, вчера беше промовирана книгата ,,Во домот на пастрмката” од авторката Александра Велинова.Промотор на книгата беше Валентина Рубаноска. Книгата е во издание на издавачката куќа Едука Мак, а финансиски е поддржана од Општина Охрид.Организаторите информираат дека настанот беше од едукативен карактер, а едукација за пастрмката и запознавање со нејзиното мрестење, живот, заштита и...

Продолжи со читање

Гимназијалците го избраа првенецот на генерација

Post Views: 319 Од ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид информираат дека традиционално и оваа година, според однапред утврдени критериуми, го одбраа својот првенец на генерацијата. Титулата „Првенец на генерација“ оваа година има чест да ја понесе Митко Савев, ученик во IV-5.Помеѓу трите најдобри ученици на генерацијата, покрај првенецот, се и Софија Милевска од IV-7 и Теодора Трајческа од IV-4.-Им честитаме и сме бескрајно горди на ваквите ученици за кои сме сигурни дека ги чека светла иднина. Браво Митко, браво Софија и Теодора, се вели во...

Продолжи со читање

Денес се празнува Курбан Бајрам

Post Views: 198 Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам. На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах.Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност, а тие кои принеле жртва, потоа им раздаваат од месото на сиромашните, соседите и на роднините. Курбан Бајрам...

Продолжи со читање

Преподобен Симеон Столпник Дивногорец

Post Views: 148 Овој прекрасен светител се роди во Антиохија, во 522 година, во времето на царот Јустин Постариот. Татко му загина во земјотрес, а тој остана сам со мајка му, Марта. Во шестата година од животот се оддалечи во пустина кај некој духовник Јован и под негово раководство се предаде на подвиг на пост и молитва, за голем восхит на сите што го видоа. Откако претрпе страшни демонски искушенија, од Господа и од Неговите Ангели прими голема утеха и благодат. Христос му се јави во вид на прекрасно момче. По тоа видение, во срцето на Симеон се разгоре голема љубов кон...

Продолжи со читање

Сончево и многу топло, попладне можност за нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи

Post Views: 98 Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град.Во Охрид денешните температури во интервал од 13 до 29 степени Целзиусови. Од УХМР додаваат дека од понеделник ќе преовладува претежно стабилно време, а дневната температура ќе биде во опаѓање.Фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Прекинат времениот сообраќаен режим на кружниот тек кај ОЕМУЦ  “Св. Наум Охридски“

Post Views: 74 Се информираат граѓаните на Општина Охрид и учесниците во сообраќајот дека од денес се прекинува времениот сообраќаен режим на кружниот тек помеѓу улиците  „Железничка“,  „15- Корпус“, „7-ми Ноември“ и „Ристо Чадо“ во близина на ОЕМУЦ  “Св. Наум Охридски“.Поради тековното изведување на градежните работи за реконструкција на кружниот тек се упатува апел до пешаците и возачите да се движат внимателно.

Продолжи со читање

Вторник започнува Меѓународниот турнир во кошарка „Охрид 2025“

Post Views: 182 Кошаркарскиот клуб „Колибри“, од 10-ти до 13-ти јуни 2025 година го организира четвртиот по ред, Меѓународен турнир во кошарка „Охрид 2025“ во спортската сала Билјанини Извори – Охрид.Меѓународниот турнир во кошарка е предвиден за девојчиња и момчиња, генерации М10, М12, М14 и М16.– Започнавме локално, па државно, а сега сме интересни за цел регион. На турнирот ќе настапат 12 екипи во предвидените натпреварувачки генерации, со нешто повеќе од 300 деца. Свеченото отворање е закажано за вторник, 10-ти јуни 2025 одина, со почеток во 18:00 часот во...

Продолжи со читање

ЈП Градски Пазар Охрид издава станици за подвижна урбана опрема

Post Views: 158 Врз основа на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2025 год. бр. 08 – 15415/55 од 25.12.2024 год., Одлуката за поставување на урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) во општина Охрид бр. 08 – 15415/56 од 25.12.2024 година, Извод бр.19-6478/2 од 23.04.2025г., извод бр.19-6478/3 од 23.04.2025г., извод бр.19-6478/2 од 23.04.2025г., од Општина Охрид, Одлука бр.02-257/4 од 29.05.2025 год....

Продолжи со читање

Богата музичка програма на четвртото издание на Ohrid Wine Festival

Post Views: 134 Богата музичка програма и неповтoрлива забава за охриѓани и туристите ќе донесе четвртото издание на Ohrid Wine Festival кој ќе се одржува од 26-ти до 28-ми јуни во Охрид, на Кеј Македонија, пред хотел „Палас“.-На отварањето на фестивалот на 26.06.2025 (четврток) на сцената ќе настапат Тамара, Brass brothers, Backdoor band и DJ Gec.-Вториот фестивалски ден на 27.06.2025 (петок) е резервиран за „Куку Леле“, Дац и Александар, „Пауза за ракија“, DJ Nasty и Urban planet.-Третиот...

Продолжи со читање

Петиција за спас на најзагрозената пеперутка во Европа: Македонската сивка

Post Views: 244 Институтот за комуникациски студии (ИКС) покренува петиција за вклучување на македонската сивка (Pseudochazara cingovskii) во Анекс 1 на Конвенцијата CITES, за да се спречи нејзино исчезнување поради нелегална меѓународна трговија.Овој критично загрозен и ендемски вид пеперутка живее само во варовничките предели кај превојот Плетвар. Со хабитат помал од 10 km², таа е изложена на висок ризик од исчезнување, особено поттикнато од побарувачката од колекционери на инсекти.ИКС и германската организација Pro Wildlife упатија писмо до македонските...

Продолжи со читање

Денес ќе биде промовирана книгата „Во домот на пастрмката“ од Александра Велинова

Post Views: 211 Во рамки на проектот на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“ денес во Музејот на вода во Заливот на коските ќе биде промовирана книгата „Во домот на пастрмката“ од Александра Велинова.–Дојдете заедно да го одбележиме Меѓународниот ден на животната средина и Денот на екологијата, порачуваат организаторите.Настанот ќе започне во 12:00 часот.

Продолжи со читање

Трамп забрани влез за граѓаните од 12 земји во САД

Post Views: 390 Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба со која се забранува влез за граѓани на 12 земји. Земјите погодени од најновата забрана за патување се Авганистан, Мјанмар, Чад, Конго, Екваторијална Гвинеја, Еритреја, Хаити, Иран, Либија, Сомалија, Судан и Јемен. Истовремено, влезот за граѓаните на Бурунди, Куба, Лаос, Сиера Леоне, Того, Туркменистан и Венецуела ќе биде делумно ограничен.Според Трамп, овој потег е неопходен за заштита од „странски терористи“ и други безбедносни закани. Тој додаде дека списокот може да се ревидира и да се...

Продолжи со читање