Skip to main content

Автор: инфодеск

Прекин вода

Дел од улицата „Крум Точко“ денес неколку часа без вода

Views: 198 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 14:00 часот без водоснабдување ќе бидат корисниците на улицата „Крум Точко“ во Охрид.Од ЈП „Водовод“ информираат дека прекинот ќе трае неколку часа, односно до целосно завршување на санацијата на дефектот.Екипите на претпријатието се веќе на терен и работат на отстранување на проблемот и нормализирање на водоснабдувањето во најкус можен рок.

Продолжи со читање

школа пливање

Почнуваат уписите во Летната пливачка школа на ПК „Акваспирит“

Views: 468 Пливачкиот клуб „Акваспирит“ од Охрид ги започна уписите за традиционалната Летна пливачка школа, која и оваа година ќе се одржува на градскиот пливачки базен „Атина Бојаџи“ во рамки на СРЦ „Билјанини Извори“.Школата започнува на 1 јули, а тренинзите ќе се реализираат секој работен ден во претпладневни и попладневни термини, прилагодени на потребите на децата и нивните семејства. Програмите ќе бидат адаптирани според степенот на обученост на учесниците.Цената за учество изнесува 3.000 денари за едно дете, односно 5.000 денари за две деца од исто семејство, додека третото...

Продолжи со читање

Стариот текстил одложете го правилно во хипо-контејнер поставен во „Охридски Комуналец“

Views: 211 Граѓаните на Охрид денес и утре ќе имаат можност правилно да го одложат стариот текстилен отпад во специјално поставениот Хипо-контејнер, кој се наоѓа на влезот на ЈП „Охридски Комуналец“ – Одделение за механизација, на улицата „АСНОМ“, веднаш до објектот на ЕВН.Од јавното претпријатие апелираат текстилниот отпад да се одлага во ќеси, со цел полесно собирање и понатамошна обработка.Воедно, се замолуваат граѓаните во контејнерот да не оставаат стари обувки, чанти и друг вид отпад што не спаѓа во категоријата текстил.Од ЈП „Охридски Комуналец“ потсетуваат дека...

Продолжи со читање

Цуцковски од Белград: „Охридско лето“ е моќен инструмент на културната дипломатија и мост меѓу народите

Views: 209 Директорот на Националната установа „Охридско лето”, Ѓорѓи Цуцковски, учествуваше како говорник на панел-дискусијата посветена на културната дипломатија, која се одржа во Палата Србија во Белград. На настанот присуствуваше и премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут, заедно со бројни претставници на дипломатскиот, културниот и академскиот сектор.Културниот дијалог, уметноста, музиката и меѓучовечките врски беа во фокусот на настанот „Cultural Notes of a Shared Future” (Културни белешки за заедничката иднина), кој ја истакна улогата на културата во градењето...

Продолжи со читање

Како брзо да го разладите автомобилот со „јапонската техника“

Views: 247 Најдобар начин да избегнете прегревање е да го паркирате автомобилот во сенка или на место заштитено од директна сончева светлина, но сите знаеме дека во градски услови тоа не е секогаш изводливо.Возачите често користат различни превентивни методи за да спречат внатрешноста на возилото да достигне екстремно високи температури: поставување заштитници од сонце (рефлектирачки фолии на шофершајбната), затемнување на стаклата со авто-фолии, оставање на прозорците подотворени еден до два сантиметри за да циркулира воздухот.Сепак, кога ќе настапат екстремни топлотни бранови,...

Продолжи со читање

Мој ддв

За денес најавен привремен прекин на „МојДДВ“

Views: 262 Управа за Јавни Приходи – УЈП ја информира јавноста дека поради планирани активности за унапредување на ИТ инфраструктурата на Управата за јавни приходи, денес 23.06.2026 година (вторник) од 12:00 часот апликацијата МојДДВ ќе биде привремено недостапна.Во нивното соопштение додаваат дека недостапноста е поради миграција на системот на нова инфраструктура со цел обезбедување поголема сигурност и достапност на услугата и дека системот ќе биде повторно ставен во функција веднаш по завршување на активностите.

Продолжи со читање

Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Тимотеј, епископ Пруски

Views: 231 Заради големата душевна чистота од Бога доби дар на чудотворство и ги лечеше сите болести и маки кај луѓето. Во времето на свирепиот цар Јулијан, којшто се одрече од Христа, свети Тимотеј беше фрлен во затвор. Верните го посетуваа и во затворот за да слушнат мудра поука од својот архипастир. Кога дозна за тоа, Јулијан нареди џелатот да му ја отсече главата во затворот. Ова беше во 362 година. Неговата душа отиде во Рајот, а моштите останаа чудотворно да им помагаат на луѓето и да ја објавуваат силата Божја.

Продолжи со читање

УХМР со предупредување за нестабилно време и локално невреме

Views: 164 Од УХМР за денес најавуваат развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град.Минималните температури во Охрид од 15, а максималните до 30 степени Целзиусови.

Продолжи со читање