Skip to main content

Автор: инфодеск

Проблематична реконструкција на ул „Гоце Делчев“

Post Views: 18 Во тек е реализација на дел од проектите од сферата на патна инфраструктура предвидени за оваа година. Покрај на ул. Македонски Просветители градежни зафати се започнати и за реконструкција на ул. Момчило Јорданоски и три краци на ул. Даме Груев. Станува збор за проект од Бирото за регионален развој во вредност од 13 мил. денари во кој има учество и Општина Охрид со сопствени средства од 2 милиони денари.Градежните зафати започнаа пред околу три недели на трите краци на „Даме Груев“ со паркинг просторот во станбениот комплекс, а на Момчило Јорданоски ќе...

Продолжи со читање

Локализиран пожарот над Елен Камен

Post Views: 7 Повеќе од 24 часа на терен беа екипи на Територијалната против пожарна единица од Струга.Наши екипи беа на терен, работеа на локализирање на пожарот, а заврна и малку дожд, кој помогна во целосно ликвидирање – изјави за МИА командирот на ТППЕ – Струга, Фети Мазари.Огнените јазици предизвикаа паника кај жителите од викенд населбата Елен Камен, поради проширување кон куќите. Силниот ветер дополнително ја отежнуваше работата на пожарникарите и ги ширеше пламените јазици.Извор/MИА

Продолжи со читање

Велигденска честитка на градоначалникот Пецаков

Post Views: 12 По повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до сите граѓани од православна вероисповед.На овој прекрасен ден, нека Бог Ве благослови со здравје, мир и огромна среќа. Светлината на Христовото Воскресение, нека Ви ги покаже највозвишените човекови чувства и нека Ве научи повеќе да се радувате, да простувате и да се почитувате. Посакувам вербата и надежта во подобро утре да станат единствена животна водилка, а празничната радост да ги отвори срцата за многу повеќе љубов и милосрдие....

Продолжи со читање

Санкционирани 15 возачи во Охрид

Post Views: 7 На 21.04.2022 година од 15.00 до 19.00 часот, при извршени сообраќајни контроли во Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 15 возачи кои управувале моторно возило со брзина поголема од дозволената (08- надвор од населено место, 07- во населено место).Во пресрет на претстојните празници, сообраќајните контроли на целото подрачје на СВР Охрид, ќе бидат интензивирани со цел зголемување на сообраќајната безбедност и елиминирање на можностите за сообраќајни незгоди. Поради тоа, апелираме до сите учесници во сообраќајот, посебно до возачите на...

Продолжи со читање

Тепачка на ул. Ванчо Николески

Post Views: 8 На 23.04.2022 година во 03.30 часот, на улицата „Ванчо Николески” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Б.Р. врз Д.В. (19), двајцата од Охрид.Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

50 вреќи ѓубре собрани од Извидничкиот центар

Post Views: 14 Околу 80 извидници од 23 европски земји, заедно со „Чист Охрид“ го исчистија просторот околу Извидничкиот центар. Во акцијата опфатена е реката Коселска, како и плажите во околината.Собрани се најмалку 50 вреќи ѓубре, односно најмногу отпад од пластични шишиња, кеси, марамчиња, стакло, но и телевизор и пластични столови.Пред извидниците и активистите говор одржа Катерина Василевска од „Охрид СОС” за значењето и состојбата во која се наоѓа Охридското Езеро.Упатуваме апел до сите граѓани, да ја чуваме нашата околина и постојано да работиме...

Продолжи со читање

Верниците во исчекување на радосната вест

Post Views: 13 Во светата и Велика Сабота го празнува боготелесното погребение и слегувањето во адот на Господа Бога и Спасителот Исуса Христа, преку кого нашиот род беше призван и пријде во вечен живот.Сите дни ги надминува Светата Четириесетница, од целата света Четириесетница, најголема е Страстната и Велика седмица, а од Страстната седмица најголема е Великата и Света Сабота. Не се нарекува велика седмица затоа што тие денови се поголеми или часовите подолги, туку заради великите и надприродни чудеса и дела на коишто нашиот Спасител ги изврши во неа, а најмногу во...

Продолжи со читање

Бесплатен паркинг за Велигден во Охрид

Post Views: 12 ЈП „Билјанини извори“ по повод големиот христијански празник Велигден, донесе одлука на ден 24.04.2022 година (недела), користењето на услугите на јавниот градски простор со кој стопанисува да биде бесплатно за сите корисници.Од Јавното претпријатие на сите граѓани на Охрид, Македонија и на сите наши иселеници од православна вероисповед им посакуваат добро здравје, успех во работата и благосостојба. Нека ни е честит големиот христијански празник ! ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! – се вели во соопштението на ЈП „Билјанини извори“

Продолжи со читање