Автор: инфодеск
Post Views: 5 Избегната е воздушна трагедија откако грчки падобранец останал да виси четири минути закачен за авионот „ц-130“.Авионот на ХАФ полетал од аеродромот во Ларнаки. Кога достигнал височина од 5.000 стапки, првиот падобранец скокнал од авионот.Сепак, падобранот не се отворил, ниту се одвоил, па падобранецот висеше неколку минути на четири и пол метри од леталото. Падобранецот се обидел да го ослободи својот падобран, но бил запрен од сигурносниот прстен што го поврзува појасот со торбата во која се наоѓа падобранот.За среќа, другите во авионот најдоа начин...
Голем Велигденски концерт во сабота
Post Views: 9 Во пресрет на големиот христијански празник Велигден во Охрид ќе се одржи Велигденски концерт.Празничниот настан е закажан за сабота на 23-ти април, со почеток во 19 часот на малата отворена сцена во близина на ТЦ „Амам“.Ќе настапат членовите на КУД „Гердан од бисери“, хорот „Весели Бисерчиња“ и ансамбл „Билјана“.Концертот е под покровителство на Општина Охрид.
Поделени првите хуманитарни пакети
Post Views: 11 30 хуманитарни пакети со прехрамбени производи беа поделени денеска на социјално загрозени лица. Донацијата е од НВО Македонски темплари Командерија Св. Наум Охридски – Охрид, која се одзва на повикот на Црвен крст за хуманитарната собирна акција по повод Неделата на солидарност.Многу ни е мило и ни претставува чест емпатијата, добрината и хуманоста во овие тешки кризни времиња да се покаже на дело, всушност тоа е и големината на еден човек – изјави Елена Ристеска, претставник на НВО Македонски темплари Командерија „Св. Наум Охридски“ – Охрид.Од...
Извршени контроли врз 10 автобуси
Post Views: 9 На 19.04.2022 година од 6 до 10 часот, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, извршија контроли на 10 автобуси кои вршат јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај.Притоа, не се констатирани прекршоци и други технички неисправности – информираат од СВР Охрид.
Дупки, прашина, кал на дел од ул. Јабланица
Post Views: 20 Во рубриката „Ти си твојот град“ ни пристигнаа слики од нашиот сограѓанин Вали Бајрактар. Тој реагира на неасфалтирана улица, полна со дупки, прашина, кал. Ова е неговиот коментар:Еве каква слика имаме на 500 метри од центарот на Охрид. Кога ќе заврне дожд не можеме да поминеме од калта. Ова место е одма позади хотел „Фламинго“ на ул. „Јабланица“. Преку лето е хаос се плашиме од змии, а преку зима фекалните води излегуваат од шахтите кога ќе врне. Срам ми е да дојде некој на гости од друг град или село – вели Бајрактар за „Ти си твојот град“....
Возило излетало од патот кај Велгошти
Post Views: 8 На 18.04.2022 година во 18.30 часот на улицата „Манастирска” во охридското село Велгошти, патнички автомобил „Митсубиши” со бугарски регистарски ознаки, управуван од К.К.(18) од Охрид, излетал од патот.Тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Охрид. Увид на местото извршија полициски екипи – информираат од СВР Охрид.
„Генералки“ за чист и зелен Охрид
Post Views: 17 Во пресрет на празниците, засилени акции за чистење и уредување на Охрид. Изминатиот викенд беше организирана првата акција за чистење и справување со дивите депонии. Во неа беа вклучени сите јавни пратпријатија од градот. За само еден ден беа собрани 260 метри кубни отпад, а беа отстранети девет диви депонии.Од ЈП „Охридски Комуналец“ информираат дека изготвиле акционен план за чистење на Охрид. Согласно планот, еднаш месечно ќе се организираат „генералки“, за Охрид да биде чист и зелен како што доликува.„Врз основа на налог на општина Охрид, јавното...
Камп за високо-технолошка извонредност во Охрид
Post Views: 8 Македонија2025 го објави отворениот повик за стипендии за учество на второто издание на Охрид камп за високо-технолошка извонредност, кој ќе се одржи од 9 до 16 јули во Охрид.Охрид камп е еднонеделна програма која комбинира традиционална летна забава со можност за учење, заедничко вежбање и споделување на искуства во областа на кодирање и роботика. Учесниците ќе се стекнат со нови знаења и вештини преку посветеност и натпревар на идеи, фокус на решавање проблеми, акција, out-of-the-box размислување и соработка (работа во парови/групи). Програмата се фокусира на...