Skip to main content

Автор: инфодеск

Ифтарска вечер во Охрид

Post Views: 11 Градоначалникот Кирил Пецаков вечерва организираше Ифтарска вечер за граѓаните од муслиманска вероисповед. Оваа вечер се организира во духот на меѓусебното разбирање, почитување, толеранција и соживот.Ифтарската вечер под покровителство на градоначалникот на Општина Охрид се организира традиционално години наназад, со цел да ги зајакне односите помеѓу охриѓани и да испрати порака за хуманост и солидарност.

Продолжи со читање

Испорачано масло за јадење од Србија

Post Views: 8 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски соопшти дека денеска се испорачани првите количини масло за јадење од Србија. Истите уште утре треба да се најдат во маркетите.Тој уште еднаш апелираше граѓаните да не се грижат и да не трупаат залихи, затоа што како што рече масло има во доволни количини. Не се увезува само од Србија, туку и од Русија, Украина и Бугарија.Министерот повтори и дека доколку има потреба, покрај предвидените два милиони литри, ќе се бара увоз на дополнителни количини масло за јадење од Србија.

Продолжи со читање

Хуманитарна собирна акција

Post Views: 7 Во рамки на социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележувањето на Неделата на солидарност од 18-24 април 2022 год., под мотото „Вашиот прилог, значајна помош“ со цел подигање на нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население, Црвениот крст организира хуманитарна собирна акција за обезбедување на помош во храна, средства за хигиена и парични средства, кои ќе бидат наменети за социјално загрозените лица, старите лица и лицата со посебни способности од Охрид и Дебрца, како и бегалците од Украина кои престојуваат во нашиот...

Продолжи со читање

Велигденски базар на плоштадот Крушевска Република

Post Views: 9 Во рамки на своите хуманитарни активности, а во пресрет на Велигденските празници, Црвен крст Охрид организира Велигденски базар кој ќе се реализира од 19-ти до 21-ви април во период од 11 до 15 часот на плоштадот „Крушевска Република“ (Чинар).На овој базар ќе се продаваат изработки од волонтерите од Програмата Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ) и од волонтерите од Програмата за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид.Средствата собрани од продажбата на овие изработки ќе бидат искористени во рамките на ЦКА-ПХВ за помош...

Продолжи со читање

133 нови случаи на ковид 19

Post Views: 9 Во последните 24 часа регистрирани се 133 нови случаи на ковид-19 од направени 1.833 тестови, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број на позитивни (133), регистрирани се 20 реинфекции.Од новозаразените најголем дел се од Скопје – 78, потоа следуваат Битола – 16, Велес – 14, Тетово – 6, Прилеп и Охрид – по 3, Кавадарци, Струмица и Берово – по 2, Куманово, Гостивар, Кичево, Неготино, Радовиш, Делчево и Валандово – по 1. Регистрирани сe 156 оздравени пациенти.Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин,...

Продолжи со читање

Светски ден на книгата и авторското право

Post Views: 9 Од утре 20-ти април НУ Библиотека „Григор Прличев“ од затворен преминува во отворен тип. Ова доаѓа во пресрет на 23-ти прил Светскиот ден на книгата и авторското право.Читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите. Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 17.00 часот, а за дневен печат и периодика со читатели ќе работи од 9 до 15.00 часот – информираат од Градската Библиотека.Читалните ќе можат да ги користат само зачленети читатели....

Продолжи со читање

Почина новородениот син на Роналдо

Post Views: 6 Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез, популарниот пар кој очекуваше близначиња, изгуби едно од новородените бебиња.Со најдлабока тага мораме да соопштиме дека почина нашето машко бебе. Тоа е најголемата болка која може родителите да ја почувствуваат. Единствено раѓањето на нашето женско бебе ни дава сила да го преживееме овој момент со некаква надеж и среќа – се вели во нивната објава.„Сакаме да им се заблагодариме на докторите и медицинските сестри за сета нивна експертска грижа и поддршка. Сите сме скршени од оваа загуба и љубезно замолуваме за...

Продолжи со читање

Финансиска поддршка за земјоделците

Post Views: 10 Земјоделците ќе можат да поднесуваат барања за финансиска поддршка од Програмата за спроведување на интервентен фонд.Предвидена е финансиска поддршка за трошоци за набавка на вештачки ѓубриња. За предадено јагне и заклани гоеници во регистриран кланичен капацитет, за одгледување кокошки несилки. Обезбедени се 400 милиони денари.Барањата за финансиска поддршка за вештачки ѓубриња ќе се поднесуваат најдоцна до 31 мај 2022 година, а барањата за несилки до 30 април 2022.Барањата за финансиска поддршка за трошоци за набавка на вештачки ѓубриња во...

Продолжи со читање