Автор: инфодеск
Post Views: 4 Градоначалникот Кирил Пецаков ги прими охридските таеквондисти.Христијана Парулеска, Давид Крстески и Елена Јанеска освоија високи награди на Европското таеквондо ИТФ првенство во Пореч, Хрватска.Младите спортисти се напреваруваа во повеќе категории во конкуренција од 850 натпреварувачи од 24 држави.Градоначалникот Пецаков им честиташе за постигнатите успеси и во името на Општина Охрид им додели еднократна парична награда, како мотив за понатамошни спортски достигнувања.
Акција за чистење на дивите депонии
Post Views: 8 Од раните утрински часови се спроведува целодневна акција за расчистување на дивите депонии на територијата на општина Охрид.Се чистат диви депонии мапирани од страна на ЈП „Охридски Комуналец“на неколку локации во градов.Во акцијата ќе бидат вклучени 50 луѓе и механизација, багери, камиони, трактори.
Амбасадори и дипломати во посета на Општина Охрид
Post Views: 17 Амбасадори и високи дипломати од странските амбасади во нашата држава беа во посета на Општина Охрид. Оваа посета е дел од промотивниот караван за презентација на економските потенцијали и инвестициските можности на Југозападниот регион.Градоначалникот Кирил Пецаков истакна дека ваквите средби и активностите се една исклучителна множност да се согледаат резултатите од досегашната соработка. Да се разговара за идните планови и можностите за економски вложувања, кои се во интерес на граѓаните на општина Охрид и останатите општини од Југозападниот...
Тешка кражба во Стара касарна
Post Views: 11 На 15.04.2022 во 12:30 часот во СВР Охрид е пријавена тешка кражба од помошен магацин за расходувана опрема на СВР Охрид кој се наоѓа во Стара касарна.Притоа се одземени солзавци, шок бомби и други предмети кои биле предвидени за расходување. Известен е јавен обвинител и Одделот за вантрешна контрола и се преземаат мерки за расчистување на случајот – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Економско дипломатски караван во Струга
Post Views: 6 Потребни се итни економски мерки за ублажување на последиците од светската економска криза. Да запре миграцијата на младите стручни кадри и отворање на нови работни места. Само така може да се намали високата стапка на невработеност во Југозападниот регион во земјава. Ова се дел од заклучоците на првиот економско – дипломатски караван. Караванот се одржа во Струга, во организација на министерството за наворешни работи.Пред европските амбасадори беа презентирани економските потенцијали на компаниите и инвестициските потенцијали на Југозападниот...
Спорните легализации повторно пред советниците
Post Views: 14 Советот на Општина Охрид 10 тата седница во понеделник ќе ја отвори со советнички прашања. На дневен ред се 24 точки меѓу кои измени и дополнувања на неколку годишни програми и измена и дополнување на буџетот за 2022 година. Советниците ќе одлучуваат и за изменување и дополнување на одлуката за авто такси превоз на патници во општина Охрид, за донесување Правилник за субвенционирање на линиски превоз на патници, кој заеднички го организираат општина Охрид и општина Дебрца, за изменување на Правилникот за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на...
Жителите од крак на Асном бараат асфалт
Post Views: 14 Да се постави асфалт или тампон на крак од улицата Асном бараат жителите кои живеат во населбата Бејбунар. Неасфалтираната, а фрекфентна улица им го згорчува секојдневниот живот и бизнис на граѓаните со години наназад. Се жалат дека секојдневно дишат прашина која зад себе ја оставаат моторните возила од новоизградените живеалишта и камиони кои градат згради во овој дел од населбата. Граѓаните, велат не можат да отворат прозор или да седнат на тераса затоа што се дават во прашина.„Кога ќе дојде лето луѓето нема да сушат алишта внатре. Лошо е да ја спростриш...
Забрана за паркирање на ул. Македонски Просветители
Post Views: 19 Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека од 18.04.2022 година (понеделник), се забранува паркирање и запирање на паркинг просторот на улица „Македонски Просветители“. Забраната е од пресекот со улица „Димитар Влахов“ до пресекот со улица „Даме Груев“, поради изведување на градежни работи.Се упатува и молба до сите пешаци за зголемена претпазливост. Останатите делови од улицата и околните улици ќе функционираат согласно веќе воспоставениот режим на сообраќај.