Skip to main content

Автор: инфодеск

Албански државјанин нападнат од жител на Радолишта

Post Views: 5 Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „против правно лишување од слобода”, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.Д. (43) од струшкото село Радолишта.Тој на 22.03.2022 година, на локален пат во селото, го пресретнал албанскиот државјанин К.Е. (35) и го повикал во неговото возило. Потоа го однел во неговиот дом и физички го нападнал – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Граѓаните да се свртат кон селата

Post Views: 9 Увезуваме храна по повисока цена, а можеме да ја произведуваме во нашата земја. Производителите на земјоделски култури велат, имаме ресурси за производство на храна, но не ги користиме воопшто. Само во охридско – струшкиот регион дури 70% од земјоделските површини се необработена почва. Тоа е така бидејќи нема кој да ги работи нивите. Земјоделците апелираат до граѓаните, во време на инфлација, да се насочат кон домашно производство.Граѓаните кои се во можност треба да почнат сами за себе да произведуваат храна. Само на тој начин може да се избегне...

Продолжи со читање

Извршено сквернавење на гроб во Струга

Post Views: 20 На 13.04 2022 година во ОВР Струга пријавено е сквернавење на гроб на Градските гробишта во Струга.Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, по што ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Пожар во Индија, загинаа најмалку 6 лица

Post Views: 7 Најмалку 6 лица загинаа, а 12 се повредени во пожар кој зафати хемиска фабрика во Индија.Снимките од местото на настанот покажуваат голем пожар, при што најмалку две тела лежат на подот на фабриката.Постои можност бројот на жртви да се зголеми. Станува збор за фабрика за хемиска обработка и таму се складирани боци со гас – изјави В. Прасана Венкатес, службеник во областа Елуру, за „Ројтерс“.Тој изјави и дека засега не е позната точната причина за пожарот, кој надлежните го истражуваат, но можно е да се работи за експлозија на плински боци.Оваа...

Продолжи со читање

Засилени сообраќајни контроли

Post Views: 16 На 13.04.2022 година, при преземени мерки во сообраќајот, полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид извршиле контрола на 12 автобуси кои вршат јавен превоз на патници.Притоа не констатирале технички и други неисправности. Воедно, затекнати и санкционирани се 14 пешаци кои, преминувале коловоз надвор од обележан пешачки премин (Охрид-05, Струга-09). Полициските службеници во Кичево, затекнале 13 возачи кои во населено место управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената. Ним, им се изречени...

Продолжи со читање

Тепачка на булеварот Туристичка

Post Views: 9 На 13.04.2022 година во 12:20 часот на булеварот „Туристичка” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Б.Н. (22) врз А.М. (23), двајцата од Охрид.Напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Активности за уредување на СРЦ „Билјанини извори“

Post Views: 11 Деновиве се уредуваат тревните површини на Спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид.Пролетните активности во насока на хортикултурното уредување на СРЦ “Билјанини Извори” во полн ек. Се средуваат неколку илјади м2 тревни површини. Активностите продолжуваат и во наредните денови – информира директорот Тео Андоноски. 

Продолжи со читање

Од 1-ви мај до 31-ви август во Грција само со пасош

Post Views: 14 Сертификатот за вакцинација или прележан ковид-19, како и задолжителниот тест за невакцинираните што важат за влез во сите простори во внатрешноста на Грција, од 1 мај до 31 август се укинуваат, а за правилата за патување во земјата, дополнително ќе се донесе одлука, јави дописничката на МИА од Атина.Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, претпладнево ги соопшти одлуките на Владата за олабавување на мерките, меѓу кои, освен укинувањето на сертификатот, се укинува и задолжителната маска на затворено од 1 јуни, како и задолжителниот селф тест за...

Продолжи со читање