Skip to main content

Автор: инфодеск

Никола Кукунеш е нов в. д. директор на Струшките вечери на поезијата

Post Views: 402 Никола Кукунеш e нов в.д. директор на Националната установа „Струшки вечери на поезијата“. Кукунеш на функцијата доаѓа на местото на Цветанка Маркоска, чиј мандат како в.д. директор престана со решение на Министерството за култура и туризам од 15 јули 2025 година. Тој е и советник во Советот на Општина Струга од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.Фестивалот ќе се одржи од 21 до 24 август, а ќе присуствуваат 26 странски поети. Годинашен лауреат на Златниот венец на СВП е словачкиот поет Иван Штрпка.

Продолжи со читање

Денеска се прославува и иконата на Пресвета Богордица – Троеручица

Post Views: 173 Оваа света и чудотворна икона на Пресвета Богородица најпрвин му припаѓаше на свети Јован Дамаскин, кој живееше во VIII век по Христа. Во тоа време, Дамаск беше дел од исламската држава – Омејадскиот калифат, а Јован беше службеник кај калифот. Кога во соседното христијанско Источно римско царство се појави ереста на иконоборството, тогаш светиот Јован Дамаскин се покажа ревносен заштитник на светите икони. Заради тоа, безбожниот иконоборен цар Лав III Исавријанец го наклевети Јована пред Калифот за божемно ковање завера против калифот, заради што на Јован...

Продолжи со читање

Денес и утре нѐ очекуваат рекордно високи температури, од недела заладување

Post Views: 157 Денес времето ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец.Утре, пак, ќе се задржи многу топло време со температура која во Македонија наместа ќе достигне и 43°C. Од недела и во деновите потоа температурата ќе биде во опаѓање и ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер.Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 18 до 37 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Градоначалникот Пецаков оствари средба со италијанскиот амбасадор Н.Е. Паоло Палминтери

Post Views: 139 Протоколарна средба остварија, денес, градоначалникот Кирил Пецаков и Амбасадорот на Италија Н.Е. Паоло Палминтери.Соговорниците на средбата разговараа за унапредување на меѓусебната соработка со можност за остварување директна соработка помеѓу општина Охрид и градови од Италија со кои Охрид има слични карактеристики.Исто така се разговараше и за соработки во други области како образование, туризам , култура. Градоначалникот го запозна Амбасадорот со тековните проекти кои се реализираат во Охрид, како и за планираните активности кои ќе се реализираат во...

Продолжи со читање

Ќе се осветува храмот посветен на Св. Атанасиј Александриски во Горно Лакочереј

Post Views: 247 Црковниот одбор од с. Горно Лакочереј на ден 03.08.2025 од 08:00 часот ги поканува сите верници на осветувањето на храмот посветен на Св. Атанасиј Александриски.Во нивното соопштение додаваат дека осветувањето ќе го изврши Неговото Високо преосвештенство митрополит, Дебарско Кичевски Г. Георгиј заедно со свештенството на епархијата.

Продолжи со читање

Италијанска вечер на „Охридско лето“ со Филхармоника Болоња

Post Views: 160 Програмата на годинешното издание на „Охридско лето“ повторно се враќа на музиката, овојпат со италијанската вечер и концертот на Филхаромонискиот оркестар на театарот во Болоња.Филхармонискиот оркестар на театарот во Болоња е основан во 2008 година од дел од музичарите на оперскиот оркестар. Нивната мисија е да ја промовираат класичната музика во Болоња, притоа гарантирајќи неприкосновен уметнички квалитет. Филхармонискиот оркестар на театарот во Болоња и истиот ваков оркестар кој дејствува во рамките на Миланската „Скала“, се единствени два ансамбли во...

Продолжи со читање

Дефект на водоводната мрежа и во населбата Бејбунар

Post Views: 156 Поради интервенција на водоводната мрежа денес од 09:30 до 13:00 часот без вода ќе бидат корисниците на дел од новиот комплекс згради во населбата Бејбунар односно на дел од улиците: „АСНОМ“, „Јордан Мијалков“ и Бул.„Туристичка“ .

Продолжи со читање

Суд

Бојан Мартиноски е нов претседател на Основен суд Охрид

Post Views: 201 Судскиот совет на Република Северна Македонија на вчерашната 526-та седница одлучи дека за претседател на Основен суд Охрид е избран Бојан Мартиноски, судија на Основен суд Охрид, кој досега ја обавуваше функцијата в.д претседател на Основен суд Охрид.

Продолжи со читање

Прекин во водоснабдувањето на „Кеј Македонија“, „Партизанска“, „Славеј Планина“, „Димитар Влахов”, дел од Бул.„Туристичка“ и „Јане Сандански“

Post Views: 166 Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 08:30 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Кеј Македонија“ , „Партизанска“ со сите споредни улици , „Славеј Планина“, дел од Бул.„Туристичка“, дел од „Јане Сандански“, „ “Димитар Влахов” со сите споредни улици и долната зона од стариот дел на градот.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.

Продолжи со читање

Спомен на чудото на великомаченичката Ефтимија со која се утврди Православието 

Post Views: 138 Оваа светителка се празнува на 11 септември, на денот кога пострада. На ова место пак се спомнува чудотворноста на нејзините чесни мошти, пројавена на IV Вселенски Собор во Халкидон. Овој Собор беше свикан во времето на царот Маркијан и царицата Пулхерија во 451 година, по смртта на царот Теодосиј Помладиот. Повод за свикување на Четвртиот Собор беше ереста на Диоскор, патријарх Александриски, и на Евтихиј, архимандрит Цариградски. Тие го распростираа лажното учење дека во Христа да немало две природи, човечката и Божествената, туку само една, Божествената. На...

Продолжи со читање

Времето денес сончево и многу топло

Post Views: 221 Во Охрид денес претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.Температурите ќе се движат во интервал од 17 до 36 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека во петок и во сабота ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и со температура која наместа ќе достигне и 43°C. Во недела ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а температурата ќе биде во опаѓање.

Продолжи со читање

Забранети уште 42 нови нелегални онлајн игри на среќа

Post Views: 276Министер за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информираше дека го потпиша третиот налог за забрана на нови 42 нелегални онлајн игри на среќа.–Вкупно 268 нелегални страници за онлајн игри на среќа затворивме досега! И не запираме, ќе продолжиме и понатаму. Ова е наше ветување кое станува реалност! Ова е борба против пандемија на нелегални приредувачи на игри на среќа кои крадат од нашите граѓани, од најмладите, од незаштитените. Затоа, повторно ги повикувам нашите сограѓани да ги повлечат средствата кои ги имаат депонирано на вакви...

Продолжи со читање