Skip to main content

Автор: инфодеск

Отворен повик за учество на фестивалот „Охридски староградски средби“

Views: 207 Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид објави повик за учество на традиционалниот фестивал „Охридски староградски средби“, кој секоја година се одржува во првата половина на септември.Право на учество имаат сите заинтересирани ансамбли, хорови, групи и поединци кои ги негуваат староградските фолклорни традиции. Пријавите за учество може да се достават по електронска пошта на адресата centarzakultura_ohrid@yahoo.com или по пошта на адреса: НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, ул. „Македонски Просветители“ бр. 4, 6000 Охрид....

Продолжи со читање

Јован Стојоски постави нов национален рекорд на 400 метри со пречки

Views: 310 Македонскиот атлетичар Јован Стојоски постави нов национален рекорд на трката на 400 метри со пречки, на Балканското првенство за сениори што се одржува во Волос, Грција.Стојоски патеката ја истрча за 51.78 секунди, подобрувајќи го сопствениот национален рекорд од 52.23 секунди, кој го постави пред само една недела.Со подобрување од 0.45 секунди, македонскиот репрезентативец уште еднаш ја потврди одличната форма во која настапува оваа сезона и продолжи да ги поместува границите на домашната атлетика во оваа дисциплина.Новиот рекорд претставува уште едно значајно...

Продолжи со читање

Од 24 до 29 јуни Струга повторно ќе дише во ритамот на поезијата

Views: 263 Од 24 до 29 јуни 2026 година ќе се одржи јубилејното 65-то издание на најпрестижната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата. Мотото на годинашното издание е „Каде што живее поeзијата”.Околу 70 поети, критичари, преведувачи и литературни работници од земјава и странство, ќе имаат единствена можност да творат, да се инспирираат и да создаваат нови стихови покрај брегот на Охридското Езеро и водите на реката Црн Дрим во амбиент што со децении ги обединува поетите и љубителите на литературата од сите меридијани. Градот на мостовите и оваа година ќе биде светска...

Продолжи со читање

Горива

Цените на горивата паѓаат: Дизелот поевтинува за 7 денари, а бензините поевтинуваат за 3,5 денари

Views: 223 Од полноќ следува ново значително намалување на горивата. Најголемото кратење на цените се прави кај дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, кои ќе поевтинат за 7 денари по литар. Бензинот Еуросупер БС-95 ќе биде поевтин за 3,5 денари, а Еуросупер БС-98 за 4 денари по литар. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 6,61 отсто во однос на претходната одлука.Новите максимални цени ќе изнесуваат:ЕУРОСУПЕР БС-95 – 84,00 денари/литарЕУРОСУПЕР БС-98 – 86,00 денари/литарЕУРОДИЗЕЛ...

Продолжи со читање

zivko cingo

Во тек е конкурсот за најдобар расказ во рамки на „Вечер на Живко Чинго“

Views: 306 Во тек e Конкурсот за најдобар расказ, кој традиционално се организира во рамки на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“.Право на учество има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија, кој може да конкурира со свој авторски расказ. Трудовите треба да бидат доставени во печатена форма, во три примероци и под шифра, без лични податоци за авторот.Пријавите се доставуваат на адреса: Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр. 57, со назнака „За Конкурсот за расказ“, додека авторското право се докажува со четврти примерок од трудот.Крајниот рок за...

Продолжи со читање

Вечерва со Drive-in Cinema во касарна, започнува 8. издание на Културолошката иницијатива „5 до 12“

Views: 180 Со првата проекција на Drive-in Cinema – летното кино со автомобили, вечерва официјално започнува осмото издание на Културолошката иницијатива „5 до 12″, која ова лето ќе се одржува под мотото „Бесконечниот круг на културата”.Во наредните денови, од 22 до 24 јуни, просторот на Касарна Охрид повторно ќе се претвори во кино под отворено небо, каде посетителите ќе можат да уживаат во филмските проекции од удобноста на својот автомобил.Програмата започнува вечерва (22 јуни) со проекција на македонскиот филм „К-15: Од...

Продолжи со читање

Започна да функционира новата редовна авиолинија Виена – Охрид

Views: 225 Со првиот лет на Austrian Airlines од Виена , Охрид вчера доби директна воздушна врска со австриската престолнина. Иако авиорелацијата постоела и во минатото преку нискобуџетни компании, нејзиното обновување има посебно значење бидејќи за првпат се воспоставува со националниот австриски авиопревозник.Со првиот лет пристигнаа околу 150 патници, а до крајот на летото се очекуваат приближно 5.000 туристи од Австрија.„Преку новата авиолинија Виена – Охрид – Виена отвораме уште една порта кон Европа и создаваме нови можности за директна поврзаност...

Продолжи со читање

„Матица македонска” ја почнува летната акција „Со книга на плажа”

Views: 214 Од денес, „Матица македонска” ја почнува летната акција „Со книга на плажа”, годинава под слоганот „Лето создадено од приказни”. Акцијата ќе се одвива во книжарниците на „Матица македонска” и онлајн, преку „Клуб Матица”, со специјални летни цени за внимателно избран избор на книги.Во годината кога „Матица македонска” одбележува 35 години постоење, „Со книга на плажа” е уште една покана до читателите летото да го поминат со добра книга – на плажа, на патување, дома, во миговите на одмор, но и во миговите во кои приказните стануваат...

Продолжи со читање