Skip to main content

Автор: инфодеск

Полиција

Нападнат малолетник во Извидничкиот центар

Post Views: 36 На 06.08.2022 година во 01:20 часот во Извиднички Центар во Охрид, А.А.(40) од Куманово го нарушил јавниот ред и мир.Тој со метален предмет нападнал малолетник од Скопје. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Семејно насилство

Охриѓанец ја нападнал сопругата

Post Views: 63 На 06.08.2022 година во 02:00 часот во СВР Охрид пријавено е дека на 05.08.2022 година, М.У.од Охрид, во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

ФА Отекс Фолк

Отекс Фолк на 10 дневна турнеја во Италија

Post Views: 48 Пробите се завршени, кореографиите извежбани.Денес, Фолклорниот Ансамбл „Отекс Фолк“ заминува на голема 10 дневна турнеја во Италија.Ќе учествуваме на Меѓународниот фолклорен фестивал „Pentria“ во регионот Молизе заедно со групи од Хрватска, Словачка, Романија, Кенија и Непал – велат од ФА „Отекс Фолк“.Ние им посакуваме среќен пат и голем успех на натпреварот!!!

Продолжи со читање

Полиција

Пронајдена дрога кај ресенчанец во Охрид

Post Views: 47 На 05.08.2022 во 22:10 часот на ул. „Стив Наумов” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Ф.Ш.(25) од Ресен затоа што кај него била пронајдена и одземена кеса со бела прашкаста материја.Дополнителено, при претрес во неговиот дом во Охрид, извршен со судска наредба, пронајдена и одземена е дробилка со остатоци од марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Пит бул

Охриѓанец нападнат од Пит Бул

Post Views: 47 На 06.08.2022 година во 01:50 часот, Ж.М.(24) од Охрид пријавил дека тој и неговото куче на улицата „Марко Нестороски” во Охрид биле нападнати од куче „Пит Бул” кое излегло од двор.Се преземаат мерки за расчистување на случајот –велат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Квинтет

Одличен концерт на Виенска камерна симфонија

Post Views: 32 Квинтетот „Виенска камерна симфонија“ остави силен впечаток кај публиката со својот концерт што го одржа вчеравечер на „Охридско лето“.Талентираните млади музичари кои живеат и работат во австриската престолнина Виена создадоа прекрасен амбиент во катедралната црква „Света Софија“ изведувајќи дела од класичниот репертоар.На фестивалот „Охридско лето“, виолинистките Лаура Лози и Естеле Вебер, виолистот Џорџија Венецијано, виолончелистот Серџо Мастро и контрабасот Дамиан Посе, уште еднаш ја потврдија својата уникатност во музицирањето со која ги освојуваат...

Продолжи со читање

Да болит

Стендап шоуто Да БолиТ вечерва во Џез Ин

Post Views: 35 Вечерва во Џез Ин со почеток во 20 часот, најновото соло стендап шоу на Никола Тодороски „Да БолиТ” во рамки на Summer Comedy Marathon “22.Во секоја секунда од секој ден на секого му се случува нешто Да БолиТ. Си се споредил со некој подобар – Да БолиТ. Другарка ти се мажила ти не – Да БолиТ. Другар ти замина странство ти не – Да БолиТ. Ти замина странство другар ти не – Да БолиТ. Уште живејш со родители и сите дома вкупно имате 1947 години – Да БолиТ. Михаела имат поубо точаче – Да БолиТ. Ти слушаш метал комшијата Аца Лукас – Да БолиТ. Новото шоу на...

Продолжи со читање

Автобус полјаци несреќа

Автобус со полјаци се преврте во Хрватска

Post Views: 38 Хрватската полиција потврди дека досега најмалку 12 лица го загубиле животот, а десетици се повредени во автобуската несреќа која се случи утринава во Хрватска, кога автобус со полски регистарски таблички, од засега непознати причини, излетал од автопатот А4 додека се движел кон главниот град Загреб.Шест повредени лица се пренесени во КБЦ „Загреб“, клиничката болница во Дубрава, како и трауматолошката клиника, пренесува хрватски „Јутарни лист“.Потпретседателот на Владата и министер за внатрешни работи на Хрватска, Давор Божиновиќ, на прес-конференција...

Продолжи со читање