Автор: инфодеск
Post Views: 23 Откако вчера официјално се раздели со Никола Глигоров, Вардар денес соопшти дека Бобан Грнчаров ќе го води тимот до крајот на сезоната.Грнчаров неодамна повторно се приклучи на тренерскиот тим на „црвено-црните“, а сега добива шанса да биде и прв тренер до крајот на сезоната.Поранешниот капитен и сегашен член на стручниот штаб на нашиот клуб Бобан Грнчаров, од денеска е назначен за вршител на должноста шеф на стручниот штаб до крајот на оваа сезона – соопшти Вардар.Вардарци имаат големо заостанување зад Воска во битката за втората позиција, но...
Два клуба доставиле понуди до Модриќ
Post Views: 15 Лука Модриќ има желба кариерата да ја заврши во Реал Мадрид. Неговиот договор со „кралскиот клуб“ истекува на крајот од сезоната. Двете страни сеуште не разговарале околу новиот договор.Новинарот на „АС“, Серхио Сантос, на „Твитер“, објави дека два клуба доставиле понуди до Модриќ.Го нема продолжено договорот со Реал. Постои некаков договор, но сеуште нема ништо конкретно. Планот на Реал е да разговара со Модриќ во наредните неколку недели. Реал е приоритет на Модриќ, но на маса има две понуди од други клубови – напишал Сантос.Модриќ од почетокот...
Втората сезона од Бриџертон стана хит во светот
Post Views: 19 Потрагата на Ентони Бриџертон по жена во втората сезона на „Bridgerton“ ја стави серијата на првото место на листата на Netflix на 10 најгледани серии на глобално ниво.До изминатата недела, серијата има скоро 252 милиони часа гледање. Интересно е што првата сезона на серијата моментално е во Топ 10 во дури 89 земји во светот и моментално е втората најгледана серија на Netflix, со дури 53 милиони часа гледање во текот на изминатата недела.Серијата е инспирирана од романите на Џулија Квин. Првата сезона ја следеше најстарата ќерка на семејството...
Се самоуби српскиот актер Бојан Лазаров
Post Views: 14 Српскиот актер Бојан Лазаров (50) трагично почина во Белград. Актерот скокнал од мостот на Ада, а на самото место на трагедијата бил оставен неговиот автомобил, во кој било пронајдено проштално писмо.Лазаров на многумина им е познат по улогите во „Белградски фантом“, „Мирисот на дождот на Балканот“, „Вистина и лаги“, „Тајните на лозата“, „Црвена месечина“ и „Викенд со тато“. Зад себе остави десетици улоги во театарот и филмот.Од 1996 година глумеше во театар, филм и телевизија. Беше постојан член на Малиот театар „Душко Радовиќ“, а беше и во ансамблот на...
Ново поевтинување на горивата
Post Views: 10 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги одлучи да ги намали цените на горивата.Малопродажните цени на бензините се намалуваат за 1 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот се намалува за 2 ден/лит. Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: 80,00 денари/литар ЕУРОСУПЕР БС 95, ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе се продава за 82 (денари/литар), а дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС за 80 (денари/литар). Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство не се менува.Малопродажната цена на Мазутот се намалува за 1,127 ден/кг и сега...
Редовна настава во СОУ„Нико Нестор“ во Струга
Post Views: 28 Во средното училиште „Нико Нестор“ во Струга денеска се одржува редовна настава. Половина од професорите не го поддржаа генералниот штрајк на СОНК. Од 126 професори, штрајкуваат 66, а останатите ги згрижуваат учениците и предаваат во две смени.„Тие што држат настава ги згрижија учениците. Се држеше настава до четврти, петти час. Од вкупно 126 наставници, штрајкуваат 66. Имаме настава сабајле и попладне, така да, попладне продолжуваме со настава“ – вели Кети Јанкоска директорка на СОУ „Нико Нестор“ Струга.Од регионалниот одбор на СОНК велат,...
Нарушен јавниот ред и мир пред казино во Охрид
Post Views: 13 На 09.04.2022 година околу 16 часот, во казино лоцирано на улицата „Партизанска” во Охрид, нарушен е јавниот ред со карање, викање и непристојно однесување од Р.К.(45) и С.Ѓ.(42), двајцата од Охрид.Против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Пациент скокнал од втор спрат
Post Views: 12 Пациент синоќа скокнал од вториот спрат на Клиниката за неврохирургија во комплексот клиники „Мајка Тереза“.Тој нападнал друг пациент и болничар, по што скокнал од вториот кат.Од МВР за Курир потврдуваат дека ваков настан кај нив е пријавен вчеравечер околу 21 часот.Пријавено е дека Б.З. (62) од Свети Николе кој бил пациент во болницата со тврди предмети кои ги нашол во собата фрлал кон пациентот С.В. (66) од с.Колари, кичевско. Потоа болничарот Н.Б. (23) влегол во собата со цел да ја смири ситуацијата, но Б.З. и кон него почнал да фрла со предмети по...