Skip to main content

Автор: инфодеск

Мој ддв

УЈП со информација за апликацијата Мој ДДВ

Post Views: 70 Управата за јавни приходи, ги информира корисниците на апликацијата Мој ДДВ, дека може да се вратат на напредниот скенер на скенирање на фискални сметки.Прилагодената верзија на Мој ДДВ е веќе достапна на Apple appstore, додека Android верзијата е достапна на Huawei app Gallery, а за Playstore се очекува во најбрзо време одобрување од страна на Google.Корисниците на апликацијата Мој ДДВ ќе треба најпрво да направат ажурирање (update) на апликацијата на apple Appstore/Huawei gallery, а потоа да се најават во апликацијата во делот „Профил“ во прозорчето...

Продолжи со читање

Изложба остров на осаменост

Вечерва изложбата Остров на осаменост

Post Views: 36 „Остров на осаменост“ е насловена изложбата со цртежи на авторите Мирко Вујисиќ, Лидија Вујисиќ и Сашо Блажес, која што вечерва ќе биде отворена во Куќата на Робевци во Охрид.Завод и музеј – Охрид соопшти дека ќе бидат изложени 40-тина дела изработени во различни цртачки техники и медиуми.Изложбата „Остров на осаменост“ си зема задача да ја отвори креативната лабораторија на цртежот кој неретко, од страна на современите текови во уметноста е сметан за конзервативен медиум, резистентен на иновативни идеи и екстензии, анализирајќи ја границата меѓу...

Продолжи со читање

Брод со жито

Три брода со жито ја напуштија Украина

Post Views: 42 Три брода со десетици илјади тони пченка утрово испловија од украинските пристаништа, соопшти турското Министерство за одбрана.Овие бродови испловија благодарение на договорот постигнат со помош на меѓународната заедница за деблокирање на извозот на земјоделски производи од Украина и олеснување на растечката глобална криза со храна.Два брода тргнале од Чорноморск, а еден пловел во близина на Одеса. Вкупно превезуваат околу 58.000 тони пченка, пренесува Ројтерс.Турското Министерство за одбрана на Твитер објави дека бродот „Навистар“ под панамско знаме...

Продолжи со читање

Сообраќајка Бугарија

Загинаа 4 лица во сообраќајка во Бугарија

Post Views: 68 Најмалку 4 лица загинаа, а 3 се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случи кај селото Гавраилово во Бугарија.Како што пишуваат бугарските медиуми, се случил директен судир на два мини-автобуса, откако едниот од возачите изгубил контрола и влегол во соседната коловозна лента, удрил во другиот автобус, по што се запалил.Четворица починале на лице место, а еден се наоѓа на интензивна нега во живото загрозувачка состојба. Уште две лица од тешката несреќа се примени во болница со повеќекратни скршеници. Според bTV,  тоа се работници од блискиот...

Продолжи со читање

Мајмунски сипаници

Во САД прогласена вонредна состојба

Post Views: 35 Властите во САД прогласија вонредна состојба во јавното здравство поради мајмунските сипаници.Подготвени сме да го подигнеме нашиот одговор на следното ниво и барам од секој Американец сериозно да ги сфати мајмунските сипаници – рече американскиот министер за здравство Ксавиер Бекера.Одлуката ќе биде во сила 90 дена, но министерот за здравство може да ја продолжи. Во последните 15 години во САД се прогласени 4 вакви закани.Во светот се пријавени повеќе од 26.000 случаи на инфекција со мајмунска сипаница, од кои повеќе од 6.600 се во САД.

Продолжи со читање

Нега на стари лица

50-тина стари лица од струшко добиваат нега

Post Views: 33 20 негуватели, веќе девет месеци се грижат за старите и изнемоштени лица во струшко. Интересот за оваа мерка е голем. Причини се масовното иселување на младите и недостигот на дом за згрижување на луѓето во третата доба во целиот Југозападен регион.50-тина стари лица добиваат нега, а уште толку чекаат ваква помош, која е од непроценлива вредност за семејствата.Имаме околу педесетина стари лица кои се корисници на оваа услуга, ја добиваат негата во нивниот дом. Мислам дека е солиден бројот. Имаме тенденција на зголемување на барањата. Кај нас секојдневно...

Продолжи со читање

Вевчани трка

Трка на непокорот во Вевчани

Post Views: 33 Во чест на Вевчанскиот непокор под мотото „Терчаме непокорни и горди“ во сабота во Вевчани ќе се одржи Крос на поранешни и сегашни ученици на ООУ „Страшо Пинџур“ од Вевчани.Трасата е од трансформатор до центарот на Вевчани. Во трката ќе се вклучат поранешни и сегашни ученици во ОУ „Страшо Пинџур“ Вевчани. Овој настан е дел од програмата на манифестацијата „Вевчанско лето“ – информира градоначалникот Спасе Кочоски.Организатор на настанот е Вевчани Турист инфо, а покровител општина Вевчани.

Продолжи со читање

Марихуана

Неправилности во објект за одгледување канабис

Post Views: 47 На 03.08.2022, врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога и Единица за финансиски криминал, полициски службеници од СВР Охрид, заедно со членови од Комисијата за оценување на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели, извршен е претрес во објекти сопственост на правно лице од Охрид, лоцирани во Охрид.За време на контролата на...

Продолжи со читање