Автор: инфодеск
Post Views: 93 Прекрасни фотографии од Охрид и Охридското езеро имаме денес во рубриката „Ти си твојот град“.На фотографиите покрај езерото, има и неколку кајчиња кои уште повеќе ја разубавуваат глетката.Фотографиите ги направи нашиот сограѓанин Крсте Голабовски.
Дрим шорт фестивал како Кула од вечности
Post Views: 85 Под мотото „Кула од вечности“ од 6ти до 9ти август во Струга ќе се одржи Шестото издание на Фестивалот на кратки филмови „Дрим Шорт 2022“.На годинешното издание ќе може да се погледнат филмови во четири натпреварувачки категории: студентска, регионална, интернационална и специјалната програма насловена „Соочување со минатото“, а на публиката ќе и биде понудена и нова креативна платформа вели Лидија Мојсовска, креативен продуцент на фестивалот.„Која што во принцип за прв пат ќе се случи во рамките на еден филмски фестивал во Македонија барем ние така...
Пецаков на средба со шпанскиот амбасадор
Post Views: 39 Денес во работна посета на Општина Охрид беше амбасадорот на Шпанија во Република Македонија, Н.Е. Хосе Луиз Лозано Гарсија.На средбата со градоначалникот Кирил Пецаков, шпанскиот амбасадор истакна дека денешната посета на Охрид е дел од економскиот караван на амбасадорот низ Македонија, каде се бараат можности за поблиска соработка со општините во земјава.Високиот дипломат ја истакна добрата соработка на шпанската компанија „ИДОМ“ со ЈП „Колекторски систем“, што резултира со грант од еден милион евра за изработка на физибилити студија.Амбасадорот...
Џокер 2 доаѓа во октомври 2024
Post Views: 39 Продолжението на „Џокер“ доаѓа во кината на 4-ти октомври 2024 година, објави „Ворнер брос“, при што треба да биде доста различен од мрачниот оригинал. Потврдено е дека Хоакин Феникс ќе ја репризира насловната улога во „Joker: Folie a Deux“, за која освои Оскар за најдобар актер пред две години.„Џокер“ имаше вкупно 11 номинации за Оскар, при што беше награден и за најдобра музика, а беше и голем хит во кината, заработувајќи над милијарда долари на светско ниво.„Ворнер брос“ не откри други детали за филмот, додека „Вараети“ објави дека ќе биде мјузикл, а...
Промоција на книгата Интимно со пандемијата
Post Views: 40 Во сабота со почеток од 19:30 часот во просториите на „Култура 365“ во Охрид ќе биде промовирана збирката раскази „Интимно со пандемијата“ од група автори.Промотори на книгата ќе бидат Лилјана Пандева и Мерсиха Исмајлоска.„Интимно со пандемијата“ е збирка од 26 раскази од 17 автори, кои ја споделуваат со читателот интимата на главните ликови во време на пандемијата предизвикана од вирусот ковид-19. Се работи за шаренило на нарации и главни ликови кои заедно сочинуваат еден мозаи, едно дело кое по години би се читало како сведоштво на ова тешко време на...
Почина познатиот ТВ презентер Трајче Андонов
Post Views: 120 Во раните утрински часови на 77-годишна возраст почина Трајче Андонов кој долги години беше презентер на временската прогноза на Сител Телевизија.Тој почна да работи во Сител Телевизија во 2014-та година по јавување во утринската програма „Ја сакам Македонија“ каде што беше препознаен неговиот глас и неговата желба да биде пред камерите.Нека почива во мир.
Поевтинуваат горивата
Post Views: 31 Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,99% во однос на одлуката од 01.08.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,171%, кај дизелот за 3,728%, кај екстра лесното масло за 4,476% и кај мазутот зголемување за 1,600%.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 2,00 ден/лит, додека...
Роднокрајни автори родени во август
Post Views: 46 Пред пултот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид веќе е поставена изложбата на книги од роднокрајни автори родени во месец август.Традиционално и на овој начин потсетуваме на нивните родендени и на нивното богато творештво – велат од Градската библиотека.Во август се родени: Радослав Петковски, Ангеле Грозданоски, Живко Чинго, Славе Николовски – Катин и Кристина Т. Рудевска.







