Skip to main content

Автор: инфодеск

Книги

Пет нови книги во Градската библиотека

Post Views: 56 Од најновата набавка на книги оваа недела, НУ Библиотека „Григор Прличев“ ви предлага да ги побарате и да ги прочитате следните наслови:„Солта во морето“ од Рута Шепетис, „Моја до полноќ“ од Лиса Клејпас,„Тајниот говор“ од Том Роб Смит и„Умри за мене“ од Синтија Идн.Четирите наслови се во издание на Сакам книги и се најавуваат како бестселери на престижниот Њујорк тајмс.Во овој избор влегува и книгата „Пред да те пуштам да заминеш“ од Кели Ример.Библиотеката до почетокот на септември работи од 8 и 30 до 16 часот од понеделник до...

Продолжи со читање

Воени авиони

Македонија и сухоите и ги подари на Украина

Post Views: 68 Четирите воени авиони „СУ-25“ што Македонија за време на конфликтот во 2001 година ги купи од Украина за четири милиони евра деновиве ѝ се донирани на Украина, дознава МКД.мк. Од Министерството за одбрана оваа наша информација не ја демантираа, ниту пак ја потврдија. Се работи за авионите што Македонија планираше да ги продаде уште во 2004 година.На прашањето дали е точна информацијата дека Македонија, по тенковите, ѝ ги донирала и воените авиони „сухои“ на Украина, од Министерството за одбрана одговориле: „Точните детали за сите три одлуки, нивната...

Продолжи со читање

Невреме во Јапонија

Во Јапонија 200 000 луѓе повикани на евакуација

Post Views: 35 Во обилните дождови во северна Јапонија има урнато мостови и излеани реки, а 200 000 жители беа повикани да ги напуштат погодените области.Две лица се водат како исчезнати, изјави владиниот портпарол Хироказу Мацуно, а властите предупредија на зголемен ризик од лизгање на земјиштето и поплави.На телевизиските снимки се гледаат паднати дрвја во калта во близина на планинската станбена зона, како и поплавени куќи и целосно урнат мост.Јавниот сервис НХК објави дека се издадени необврзувачки известувања за евакуација за 200 000 жители во петте префектури...

Продолжи со читање

Јанош Балинт

Инспиративна вечер со Балинт и Милошевиќ

Post Views: 37 Инспиративен концерт со внимателно избран репертоар претежно со транскрипции имаа вчеравечер унгарскиот флејтист Јанош Балинт и српскиот пијанист Владимир Милошевиќ.Тие настапија на концертниот подиум во црквата „Света Софија“, изведувајќи ги „Унгарската пасторална фантазија“ од Доплер, „Сонатината оп.100“ од Дворжак, композицијата „Сиринкс за соло флејта“ од Дебиси, „Романски танци“ од Барток, „Медитација“ од Масне и „Кармен фантазија“ од Борне.Внимателно одбраниот репертоар изведен со висок виртуозитет од страна на уметниците донесе уште една вечер на...

Продолжи со читање

Австралија убиство на фарма

На фарма во Австралија убиени 3 лица

Post Views: 32 Полицијата во Северна Австралија трага по маж што утрово застрела и уби три лица на оддалечена фарма. Во престрелката уште едно лице е тешко повредено.Полицијата во Квинсленд го блокирала пристапот до местото на настанот, сточарска фарма во Боги, додека трага по „убиецот или убијците“, пишува Би-би-си.Тешко повредениот маж патувал многу, многу километри за да ги предупреди властите. Кога разговараше со нас, беше во состојба на шок. Добил прострелна рана во пределот на стомакот и беше пренесен во Градската болница Мекеј на итна операција – рече...

Продолжи со читање

Изложба

Изложба на цртежи Остров на осаменост

Post Views: 70 Овој петок во 20 часот, во галеријата во Куќата на Робевци, ќе биде отворена изложбата на цртежи насловена „Остров на осаменост“ од тројца автори Мирко Вујисиќ, Лидија Вујисиќ и Сашо Блажес.  На изложбата ќе бидат изложени околу 40-тина дела изработени во различни цртачки техники и медиуми.Изложбата „Остров на осаменост“ си зема задача да ја отвори креативната лабораторија на цртежот кој неретко, од страна на современите текови во уметноста е сметан за конзервативен медиум, резистентен на иновативни идеи и екстензии, анализирајќи ја границата помеѓу реалноста...

Продолжи со читање

Касарна хаб

Зградата кај Касарна Хаб без водоводна мрежа

Post Views: 31 Зградата во поранешната Kасарна во која функционира Центарот за паметни идеи „Касарна Хаб“ нема приклучок на водоводна мрежа.Хабот, кој спроведува активности веќе два месеци, за своите потреби обезбедил вода преку привремено решение. Цревото со кое во моментов се снабдува просторот со вода не ги задоволува стандардите и може да се смета дека водата која тече од чешмите во хабот е техничка, а не обезбедува ниту доволен притисок за проток низ цевките низ целиот објект.Иновативниот хаб е дел од проeктот на Општина Охрид, Ohrid Go, кој се финансира од ИПА II...

Продолжи со читање

Се одржа настанот Вкусете го Охрид локално

Post Views: 28 На плоштадот кај Долна Порта се одржа манифестацијата „Вкусете го Охрид локално“ која наликуваше на голема гостинска софра каде што посетителите вкусуваа охридски специјалитети приготвени на традиционален начин.Присутните имаа можност да се запознаат со локалните производители на традиционална храна, а можеа и да вкусат домашни месни производи, комат, ѓомлезе, леб под сач, џемови и слатка. Беа понудени и органски производи, различни видови макала, намази, домашно вино и ракија.Покрај храната и пијалоците произведени од познати охридски фамилии свои...

Продолжи со читање