Автор: инфодеск
Post Views: 44 Постои одржливо решение за компаниите во Македонија кои се соочуваат со недостаток на работна сила, кое обезбедува повеќе бенефити. Отворените работни позиции може да бидат одговорени од постоечки работен потенцијал кој треба да биде соодветно насочуван.Најважната улога треба да ја имаат професионалниот и социјалниот ментор, чија цел, преку синергиската поврзаност, е успешно интегрирање на потешковработливите лица на пазарот на трудот.Ова е само една од пораките на јубилејното 50-то издание на списанието за одржлив развој „Лице в лице“, кое излезе од...
Пронајдена марихуана кај Штипјанец во Охрид
Post Views: 26 На 01.0.2022 година во 22 часот, во граничната полиција на Регионален центар „Запад”, приведен е К.А.(22) од Штип.При преглед извршен врз него на улицата „Кленоец” во Охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Жител на Лешани го нарушил јавниот ред и мир
Post Views: 37 На 01.08.2022 година во 23:50 часот, во СВР Охрид приведен е А.М.(35) од селото Лешани-општина Дебрца.Тој претходно, во близина на угостителски објект лоциран на улицата „Стив Наумов” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и недолично однесување кон гостите и случајните минувачи. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Прогласени најдобрите на малиот маратон
Post Views: 90 Ивана Неделкоска во конкуренција жени и Кристијан Стојановски во конкуренција мажи, и двајцата од Пливачки клуб Скопје се победници на малиот пливачки маратон. Тие беа најдобри во конкуренција од 44 пливачи. Кристијан патеката долга 2.5 километри од плажата Горица до градскиот ја исплива со време од 31:38:74, а Ивана за 34:34:25. И двајцата учествувале повеќе пати на маратонот при што познати им се и патеката и условите.„Среќен сум што победив годинава, тоа ми е репер за понатаму да тренирам повеќе, имам поголеми цели и се спремам за подолги и поголеми...
Охрид го чествува Илинден
Post Views: 51 Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјата на хероите од двата Илиндена и со пригодна празнична програма, општина Охрид го одбележа 2 август – Денот на Републиката.Делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Кирил Пецаков и претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев, се поклони пред спомен облежјата на Илинденците во Градскиот парк.Делегација на општината положи и свежо цвеќе пред спомен обележјето на Илинденците кај Прентов мост. Исто така, општинска делегација положи свежо цвеќе и на споменикот во село Плаќе, каде што...
САД воведоа нови санкции за компании
Post Views: 27 САД воведоа санкции за кинески и други компании кои велат дека се користени од еден од најголемите ирански петрохемиски посредници за продажба на ирански производи во вредност од десетици милиони долари во Источна Азија, додека Вашингтон продолжува да ја запре продажбата на иранска нафта во регионот, објави Ројтерс.Одделот за финансии на САД во соопштение ги обвини назначените компании дека се користени од иранската компанија за петрохемиска индустрија во Персискиот Залив за да се олесни продажбата на ирански нафтени и петрохемиски производи од Иран во Источна...
Чешко трио вечерва на Охридско лето
Post Views: 45 Чешкото трио „Инсендио“ ќе настапи вечерва во рамки на 62-то издание на фестивалот „Охридско лето“.Триото составено од пијанистката Каролина Франтишова, виолинистот Филип Зајков и виолончелистот Вилем Петрас е основано во 2016 година во Прага.Националната установа „Охридско лето“ соопшти дека се наградувани на повеќе национални и меѓународни натпревари за класична музика, меѓу кои „Џани Бергамо“ во Лугано, „Куп“ во Кремона, „Марчело Понтило“ во Фиренца, „Бацевич“ во Лоѓ, „Масимилијано Антонели“ во Латина…„Инсендио“ е дел од Европската академија за...
Градоначалникот Пецаков го честита Илинден
Post Views: 45 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, упати честитка до охриѓани и останатите граѓани на Република Македонија по повод 2 август – Илинден.Нека ни е честит најголемиот македонски двоен празник. Двата Илиндена, 1903 и 1944, ја симболизираат нашата борба за сопствена држава, благодарение на што денес живееме во самостојна, демократска и независна Република Македонија.И денес гордо одиме по патот зацртан со Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ негувајќи ги идеалите за слободна, демократска и независна Република Македонија.Борбата на еден народ не...







