Автор: инфодеск
Post Views: 26 На 31.07.2022 година во 01:10 часот во СВР Охрид пријавено е дека Г.Ц. од Охрид во семејниот дом физички ја нападнал неговата невенчана сопруга и со остар предмет се обидел да ја повреди. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 31.07.2022 година во 00:25 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е И.М.(20) од Битола. Полициски службеници кај него пронајдоа и одзедоа еден куршум и една чаура. Тој е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 30.07.2022 во 23:50 часот полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода...
Најмладите се забавуваа со 5+ Фамилија
Post Views: 60 Најмладата публика на „Охридско лето“ вчеравечер пееше и се забавуваше на Долни Сарај со музичко-сценскиот перформанс „Немаме резервна планета“ на 5+ Бендот и јунаците од 5+ Фамилија.Овој настан во продукција на ОХО беше режиран од Сандра Ѓоргиева.По повод јубилејот на образовно – забавната платформа 5+, која цели 15 години успешно ги едуцира и забавува не само децата, туку и родителите, и тоа на македонски и на албански јазик, 5+ БЕНД и 5+ ФАМИЛИЈА подготвија ново музичко-сценско доживување, овојпат навраќајќи се на една од основните вредности на...
Маж од Пласница се удави во Охридското езеро
Post Views: 26 На 30.07.2022 околу 15:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на плажа пред хотел на охридското крајбрежје, од водите на Охридското Езеро бил извлечен Р.М.(77) од селото Пласница, Македонски Брод.По извршена реанимација, од страна на Итна медицинска помош кај лицето била констатирана смрт, без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на семејството – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Дипломатите презадоволни од Охридско лето
Post Views: 29 Традиционалните вечери на фестивалот „Охридско лето“ што досега се одржаа, Вечер на Европска унија, Српска вечер, Италијанска вечер и Француска вечер беа вистински празник за љубителите на културата.Концертите одржани во рамките на овие вечери ги донесоа најдобрите уметници од нивните земји, а во редовите на публиката беа и дипломатите кои несебично ги поддржаа настаните и изразија огромна благодарност до директорката на фестивалот за нивната организација.Отворајќи ја Српската вечер на „Охридско лето“, на која присуствуваше Н.Е. Амбасадорката на Србија во...
Македонски уметници вечерва на Охридско лето
Post Views: 29 Во црквата „Св. Софија“ вечерва со почеток во 21 часот ќе настапат сопранот Весна Ѓиновска Илкова – сопран и тенорот Ѓорѓи Цуцковски во пијано придружба на Кристина Светиева.Концертот е во рамки на музичката програма на 62-то издание на фестивалот „Охридско лето“.Весна Ѓиновска – Илкова дипломира на ФМУ во Скопје, во класата на проф. Милка Ефтимова, а магистeрските студии ги завршува во Белград во класа на проф.Радмила Бакочевиќ. Во нејзината богата оперска продукција, остварува над дваесет насловни улоги.Дебитира како Микаела во „Кармен“ со...
Нападната охриѓанка во деловен објект
Post Views: 27 На 29.07.2022 година во СВР Охрид пријавено е дека во деловен објект лоциран на улицата „Партизанска” во Охрид, Ѓ.Л. го нарушил јавниот ред и мир.Тој физички ја нападнал Е.П.(42), двајцата од Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Охриѓанка фатена со кокаин на концерт
Post Views: 34 На 29.07.2022 околу 22 часот, во СВР Охрид приведена е М.Ј.(20) од Охрид.При преглед извршен за време на музичка манифестација во Охрид, полициските службеници кај неа пронајдоа и одзедоа кеса со кокаин. Против неа ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Француска вечер со квартетот Агат
Post Views: 29 Квартетот „Агат“ од Франција вечерва ќе настапи во рамки на традиционалната Француска вечер на фестивалот „Охридско лето“.Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ со почеток во 21 часот.Во овој состав членуваат виолинистите Адриен Јуркович и Тома Декан, виолончелистот Симон Јашеме и Рафаел Пањон на виола.Квартетот „Агат“ е формиран е во 2016 година, а неговите членови студирале на високата школа за музика „Ханс Ajслер“ во Берлин, во класата на Еберхард Фелц и на Парискиот конзерваториум под менторство на...







