Автор: инфодеск
Post Views: 72 Здружението на јавни обвинители реагира дека поради неспојливоста на функцијата нивната плата е единствен приход и воедно најниска во регионот, а според законот таа не смее да се намалува освен при дисциплинска одговорност. Тие бараат Собранието да ги повлече предложените измени со кои се менуваат коефициентите за да се спречи, како што се наведува, непропорционален раст на платите.Барањето за детално преиспитување на законските измени, Здружението на обвинители најпрво го темели на Законот за платите на јавните обвинители, според кој, платата на обвинителот...
Три одделни интервенции на СВР Охрид: приведени насилник кој претходно ја нападнал сопругата, двајца агресивни млади и дилер на дрога
Post Views: 96 На 24 февруари 2026 година, во 22:45 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 52-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна приајва дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 24 февруари 2026 година, во 00:20 часот на улица „Момчило Јорданоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа две лица од Охрид на возраст од 17 од 20 години, кои под дејство на алкохол го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно...
Возел и покрај забрана – полицијата во Струга приведе 48-годишник и му го одзеде возилото
Post Views: 73 На 24 февруари 2026 година, во 09:40 часот на улицата „Пабло Неруда“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 48-годишно лице од Струга.– При контрола во сообраќајот, полициските службеници, сопреле патничко возило марка „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека лицето го управувало возилото и покрај тоа што имал забрана за управување со моторно возило од Б категорија. По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против лицето ќе...
Ги запознаваме ретките болести: Карниев комплекс
Post Views: 67 КАРНИЕВ КОМПЛЕКС/ БЕНИГНА НЕОПЛАЗМА НА ЕНДОКРИНИТЕ ЖЛЕЗДИ/ CARNEY COMPLEX (CNC)/ COMPLEXUS CARNEYMKБ-10 D44.8ПРЕВАЛЕНЦАКарниевиот комплекс е многу ретко заболување, па затоа податоците во поглед на преваленцата се ограничени, но се претпоставува дека се јавува 1/1 000 000 население (приближно 750 пријавени и опишани случаи во литературата).ВОВЕДКарниевиот комплекс (Carney complex) е редок мултисистемски генетски синдром што најчесто се манифестира со појава на бенигни тумори, пигментни промени на кожата и нарушувања во функцијата на ендокрините...
Денес од печат излезе осмата поштенска марка посветена на децата со Спинална мускулна атрофија
Post Views: 65 Од здружението „Ретко е да си редок“ од Охрид, информираат дека денес од печат излезе осмата поштенска марка посветена на децата со Спинална мускулна атрофија. Оваа марка не е само филателистичко изданиe, туку таа преставува и симбол на храброста, истрајноста и љубовта.-Ова не е само обична марка. Ова е гласот на децата со ретки болести кој патува низ целиот свет. Тоа е симбол на нашата борба, на нашата истрајност и доказ дека „Ретко е да си редок“, но кога сме обединети – ниту една борба не е осамена. Како вработена во Пошта, среќна сум што овој мој придонес...
Здружението на лица со дијабет од Охрид организира средба со професионални нутриционисти
Post Views: 65 Здружението на лица со дијабет од Охрид во соработка со НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид утре, 26 февруари, организира средба со професионалните нутриционисти Наум Костов и Билјана Трајчевска (НутриДуо) од Охрид.Темата е посебно актуелна: „Науката и трпезата: микробиомот во време на пост“, а настанот ќе се одржи во читалната на Библиотеката од 16.45 часот и е отворен за сите заинтересирани.
УХМР: Следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури
Post Views: 54 Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h).Денес во Охрид минималните температури од 3, а максималните до 13 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Денес и во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Одземени лиценците на шест фирми за производство на канабис за медицински цели
Post Views: 89 По извршените контроли во 13 фирми кои имаат дозволи за производство на марихуана владата на денешната седница им ги одзема лиценци на шест од нив. Како што соопшти министерот за здравство Азир Алиу, лиценци повеќе немаат фирмите „Алфафарм“, „Грин Лајф“, „ЦБД Медплант“, „Лајф Плант“, „Ата фарм“ и „Канабиноидс“. Лиценците на овие фирми се одземени поради утврдени сериозни неправилности, меѓу кои кусок на сув цвет, недостиг на видео и физичко обезбедување, нецелосна документација и неисполнување на законските условиТој нагласи дека засилени вонредни контроли ќе...
„Биодиверзитет за сите” – Еколошка едукација за еко свесни генерации
Post Views: 64 Во време кога природата сè почесто бара наша грижа, организација „Биодиверзитет за сите” во Охрид ги отвори своите врати за граѓаните, младите и сите љубители на зелената иднина. Во новоотворените канцеларии се одржа Отворен ден – исполнет со ентузијазам, идеи и искрена љубов кон природата.Настанот беше можност посетителите одблиску да ја запознаат работата на тимот кој секојдневно се залага за заштита и обновување на екосистемите, зачувување на биолошката разновидност и развој на одржливи практики.„Биодиверзитет за...
Угина единка Балкански рис на патот Охрид – Ресен, кај Буково
Post Views: 101 Угината единка од Балкански рис забележана на 24.02.2026 околу 06.00 часот на патот Охрид – Ресен, на патот кај с. Буково.Надлежните служби извршија теренски увид во соработка со Македонско еколошко друштво и Државен Инспекторат за животна средина.Рисот е женка и се претпоставува дека била изгазена, но за точно утврдување на причините за смртта ќе биде однесена на обдукција во Скопје на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ, Скопје.Рисот бил забележан на патот од страна на патници во автобус. Патниците случајот го пријавиле во ловечко...
Починат охриѓанец пронајден во помошна просторија од куќа
Post Views: 74 Вчера во 13:51 часот во СВР Охрид е пријавено дека во помошна просторија од куќа на улица „Јане Сандански“ во Охрид бил пронајден починат 75 годишен маж од Охрид.Смрт без траги на насилство, констатирал лекар од Итната медицинска помош во Охрид а увид на местото извршија полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба, телото е предадено на обдукција, соопшти полицијата.