Skip to main content

Автор: инфодеск

Охриѓанката Атина Рувинова освои прво место на HackHarvard во САД

Views: 196 Голем меѓународен успех за младата охриѓанка Атина Рувинова, која заедно со својот тим го освои првото место во категоријата Daytona Track на престижниот хакатон HackHarvard 2026, одржан на Универзитетот Харвард во Кембриџ, Масачусетс. Во конкуренција на стотици млади таленти од различни земји, тимот за само 36 часа создаде иновативно решение базирано на вештачка интелигенција, кое привлече внимание и од претставници на светски технолошки компании.HackHarvard е меѓународен студентски хакатон кој секоја година обединува талентирани млади програмери, инженери, дизајнери и...

Продолжи со читање

Приведен 40-годишник кај Ќафасан, затекнат со околу еден килограм марихуана

Views: 171 На 21.10.2026 година во 20:50 часот, во близина на граничниот премин Ќафасан, на подрачјето на Струга, полициски службеници од Мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ – Охрид, во содејство со Полициската станица за граничен надзор Франгово, лишиле од слобода 40 годишно лице од Гостивар.-При преземање мерки и активности за сузбивање на недозволената трговија со дрога, лицето било затекнато со црна вреќа во која имало околу еден килограм марихуана, информираа од МВР.За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно...

Продолжи со читање

Свеќи црква

Светиот апостол Јаков

Views: 141 Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи апостоли. Роден брат на евангелистот Матеј. Сведок на словото на вистината и на чудата на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, сведок на Неговото страдање, Воскресение и Вознесение. По слегувањето на Светиот Дух на Педесетница, на апостолот Јаков му падна во дел да го проповеда Христовото Евангелие во Елефтеропол и околните места, потоа во Египет, каде што и пострада за својот Спасител. Со голема сила и на збор и на дело, свети Јаков ја разнесуваше благовеста за воплотениот Бог Слово, уривајќи го идолопоклонството, од луѓето изгонувајќи...

Продолжи со читање

Денес променливо облачно, попладне и вечер се очекуваат повремени локални врнежи

Views: 83 Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Наместа врнежите ќе бидат поројни проследени со појава на грмежи. По оделни котлини ќе има услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Денес во Охрид температурите од 10 до 22 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Свикана 17. седница на Советот на општина Охрид

Views: 105 17. седница на Советот на општина Охрид ќе се одржи на ден 28.10.2026 година ( среда ) со почеток во 09:00 часот, а седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.За седницата е предложен следниот Дневен ред:Усвојување на Записникот од 15-та седница и Записникот од 16-та седницаПредлог-одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на тарифа за водната услуга снабдување со вода за пиење (водоснабдување) на ЈП „Водовод“ Охрид за регулаторен период 2027 – 2029 година.Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на тарифа за собирање и...

Продолжи со читање

Почна вакцинацијата против сезонски грип

Views: 182 Сите пунктови за вакцинација располагаат со потребните количества вакцини против сезонскиот грип и се подготвени да ги примат пријавените граѓани. Ова го истакна министерот за здравство, Сашо Клековски, кој со примањето на вакцината го означи почетокот на имунизацијата.– Вакцинацијата против сезонски грип е најдобра и најефикасна мерка за превенција на ова заболување. Токму затоа денеска со личен пример укажав на важноста од навремената заштита на здравјето, посебно кај ризичните групи население. Вакцинацијата докажано спречува појава на потешки форми, компликации и смртен...

Продолжи со читање

„Стари балкански фотографии“ во Охрид, сведоштва за животот oд пред повеќе од еден век

Views: 331 Фотографиите го запираат  времето. На нив се зачувани некогашниот изглед на градовите и селата, облеката што ја носеле луѓето, нивниот помин, семејните моменти и обичаите што биле дел од секојдневието. Изложбата „Стари балкански фотографии” нуди поглед кон животот на Балканот пред повеќе од еден век, преку фотографии кои денес претставуваат значајни историски документи.Поставката во Охрид е можност посетителите непосредно да се запознаат со едно поинакво време, но и да ја согледаат вредноста на фотографијата во зачувувањето на културното и историското...

Продолжи со читање

Оровник добива нова инфраструктура

Views: 129 Во селото Оровник, општина Дебрца, во тек се градежни активности за реконструкција на главната улица, со кои се предвидува подобрување на патната и комуналната инфраструктура.Проектот опфаќа целосно асфалтирање на улицата на потегот од влезот на селото до црквата „Св. Илија“, како и подземно каблирање на електричната мрежа и поставување нови електрични ормари.Дополнително, предвидена е изградба на нови тротоари за побезбедно движење на пешаците, како и поставување ново улично осветлување.Според објавата на градоначалникот Златко Сиљаноски, вкупната вредност на...

Продолжи со читање