Skip to main content

Автор: инфодеск

Забранети уште 42 нови нелегални онлајн игри на среќа

Post Views: 277Министер за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информираше дека го потпиша третиот налог за забрана на нови 42 нелегални онлајн игри на среќа.–Вкупно 268 нелегални страници за онлајн игри на среќа затворивме досега! И не запираме, ќе продолжиме и понатаму. Ова е наше ветување кое станува реалност! Ова е борба против пандемија на нелегални приредувачи на игри на среќа кои крадат од нашите граѓани, од најмладите, од незаштитените. Затоа, повторно ги повикувам нашите сограѓани да ги повлечат средствата кои ги имаат депонирано на вакви...

Продолжи со читање

Кривична пријава за вршење јавен превоз без лиценца за лице кое управувало импровизиран „воз“ на кеј „Македонија“

Post Views: 240  СВР Охрид поднесе кривична пријава против 59-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.– На 19-ти јуни 2025 година, полициските службеници констатирале дека тој на пешачка зона на кеј „Македонија“ неовластено управува импровизирано возило „воз“ со четири вагони во кои се превезувале повеќе малолетни лица, односно не поседувал извод од лиценца за конкретното импровизирано возило „воз“, согласно Законот за превоз во патниот сообраќај, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Дефект на водоводната мрежа, прекин во водоснабдувањето на дел од улиците „АСНОМ“, „Јордан Мијалков“ и Бул.„Туристичка“

Post Views: 175 Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 14:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на дел од новиот комплекс згради во населбата Бејбунар односно на дел од улиците: „АСНОМ“, „Јордан Мијалков“ и Бул.„Туристичка“ .Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.

Продолжи со читање

Црвен крст Охрид – Центар за Безбедност на Вода повторно ги обезбедува трките со Суп даски

Post Views: 217 Од Црвен крст Охрид информираат дека нивниот Центар за Безбедност на Вода и оваа година активно учествуваше во обезбедување на трките со Суп даски.-На терен беа распоредени 3 мобилни екипи со спасителни чамци, кои постојано го следеа движењето на натпреварувачите и се грижеа за нивната сигурност и безбедност во вода. Безбедноста секогаш на прво место!, велат во нивното соопштение.

Продолжи со читање

Турскиот театар премиерно со театарската претстава „Амадеус“ вечерва на „Охридско лето“

Post Views: 155 Во рамки на драмскиот дел на „Охридско лето“ вечерва премиерно ќе биде изведена драмата „Амадеус“ на авторот Петер Шафер, режија на Андреј Цветановски, а во изведба на Националата установа „Турски театар“ од Скопје.Режисерот Цветановски за претставата вели дека талентот како категорија се оценува и проценува низ текот на историјата и претставува вредна особина на една личност. Иако тоа е категорија која е субјективна и лична, вистинскиот квалитет не може да се оспори, ако не веднаш, тогаш после времето на личноста која ги создава делата. Може да се каже дека...

Продолжи со читање

УЈП најавува контроли кај таксистите и превозниците

Post Views: 215 Управата за јавни приходи ги информира сите вршители на авто-такси превоз на патници дека во наредниот период ќе се спроведуваат засилени контроли со посебен акцент на издавањето фискални сметки и почитувањето на одредбите од Законот за регистрирање на готовински плаќања.Во нивното соопштение се додава дека контролите ќе се спроведуваат во соработка со други надлежни институции низ целата држава, посебно во туристичките региони, каде што во летниот период е зголемена фреквенцијата на патници и активноста на авто-такси превозниците.-Даночните обврзници...

Продолжи со читање

Охридско лето: Прекрасна вечер на Бах со германскиот виолончелист Даниел Милер-Шот

Post Views: 166 Еден од најбараните виолончелисти на денешницата, Даниел Милер-Шот од Германија, вчеравечер беше дел од концертната програма на фестивалот Охридско лето“ изведувајќи дела од композиторот Јохан Себастијан Бах.Тој е присутен на сите големи концертни подиуми и веќе неколку децении ја одушевува публиката како голем амбасадор на современата музика преку неговите идеи за обединување на музиката, литературата и визуелната уметност.-Настапот на „Охридско лето“ значи многу за мене. Првпат сум во Охрид, вторпат во Македонија. Во Охрид преубава е природата, но и...

Продолжи со читање

Од денес охриѓани ќе уживаат гледајќи филмови под ѕвездите, започнува 8. издание на Beach Film Festival

Post Views: 198 Од денес до 27 јули, недела, Охрид повторно ќе стане живо гледалиште на новиот европски филм. Осмото издание на „Beach Film Festival“ ќе се одржи на четири внимателно избрани локации: главното отворено кино на плажата Славија, култната плажа Сараиште, Брод Армада и Младинскиот центар во Охрид. Фестивалот годинава носи повеќе од 60 филма од современата европска кинематографија – внимателно селектирани, со свежи авторски гласови, најавуваат од „Beach Film Festival“.Свеченото отворање на Beach Film Festival започнува во 20:30 на плажата Славија, со проекциите на...

Продолжи со читање

Пренос на чесната риза на Господ Исус Христос во Москва

Post Views: 131 Во времето на страдањето на Господ Исус за човечкиот род, во одредот на римската војска во Јерусалим се наоѓаше и еден Грузиец Елиоз од градот Мцхет. Мајка му имаше слушнато за Христа и во срцето веруваше во Него. Кога го испрати сина си во војска во Палестина, го посоветува да не прави ништо против Христос. Кога беше Господ закован со клинци на крстот, звукот на чеканот на Голгота дојде до ушите на Елиозовата мајка во Мцхет. Штом го чу овој звук, таа возвикна: „Тешко мене што не умрев пред ова време, смртта ќе ме избавеше од овој страшен звук!“ Го рече тоа и...

Продолжи со читање

Продолжува екстремно топлото време

Post Views: 117 Денес во Охрид сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.Температурите ќе се движат во интервал од 16 до 35 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Утре започнува 8. Beach Film Festival

Post Views: 152 Од 23 до 27 јули, Охрид повторно ќе стане живо гледалиште на новиот европски филм. Осмото издание на „Beach Film Festival“ ќе се одржи на четири внимателно избрани локации: главното отворено кино на плажата Славија, култната плажа Сараиште, Брод Армада и Младинскиот центар во Охрид. Фестивалот годинава носи повеќе од 60 филма од современата европска кинематографија – внимателно селектирани, со свежи авторски гласови, најавуваат од „Beach Film Festival“.-Beach Film Festival не е само платформа за филмови, туку и за идеи – за поврзување преку култура. Во...

Продолжи со читање

Второ место за охриѓанецот Гоце Гавриловски на престижен меѓународен натпревар во САД

Post Views: 335 Познатиот охридски композитор Гоце Гавриловски повторно се врати со награда од меѓународен натпревар, овој пат од International Youth Music Festival кој во јуни се одржа во Атланта, САД.Во конкуренција на композитори од повеќе од 25 земји, Гавриловски ја освои втората награда за своето дело „Ремикс” за симфониски оркестар. Овој успех ќе биде свечено прославен на 31 август во Њујорк, каде ќе се доделат наградите од претходниот натпревар. На тој натпревар, Гавриловски ја освои втората награда за хорската композиција „Бум та ка бум” и првата награда со почести...

Продолжи со читање