Skip to main content

Автор: инфодеск

Убиство во Алјаска

Тинејџер убил три деца па се самоубил

Post Views: 38 Полицијата на Алјаска пронајде четири деца мртви во нивниот дом во областа Фербенкс, во ситуација која делува како очигледно убиство и самоубиство, соопштија властите. Се претпоставува дека едно од децата, тинејџер (15) застрелал тројца млади луѓе, браќа и сестри во дом во близина на Фербенкс, Алјаска, а потоа се самоубил. Тој бил пронајден со прострелна рана, соопштија властите.Полицијата на Алјаска добила дојава за пукање во дом северно од Фербенкс околу 16 часот во вторникот. Кога пристигнале на местото на настанот затекнале четири деца со прострелни...

Продолжи со читање

Пожар Криволак

Изгаснат пожарот на Криволак

Post Views: 36 Пожарот кој вчера го зафати армискиот полигон Криволак е целосно изгаснат.Во текот на ноќта врнел силен дожд кој целосно го изгаснал пожарот, додека пожарот меѓу селата Владиевци и Требичино во општина Василево во текот на ноќта го намали својот интензитет – изјави за МИА директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.Тој посочи дека од рано изутрината има уште седум – осум жаришта, каде се гледа чад, но нема активно горење.На терен се присутни 27 лица, од кои 15 лица од општина Василево, осум лица од тим на Дирекцијата за...

Продолжи со читање

Аеродром Софија

Дојава за бомба на аеродромот во Софија

Post Views: 35 Поради анонимна закана за поставена бомба, од утрово се затворени двата терминали на аеродромот во Софија, јавија бугарските медиуми.Аеродромот бил алармиран околу девет часот по локално време, но не е прецизирано за кој од двата терминали станува збор.Поради таа причина и од двата терминали се евакуирани лица, соопшти прес-центарот на Министерството за внатрешни работи, што во моментот спроведува истрага.

Продолжи со читање

Меморандум за соработка Вевчани и АППТ

Меморандум за соработка меѓу Вевчани и АППТ

Post Views: 41 Во просториите на општина Вевчани градоначалникот Спасе Кочовски и директорот на АППТ д-р Љупчо Јаневски потпишаа меморандум за соработка и дејствување во областа на туризмот. Со тоа Локалната самоуправа и Агенцијата за подршка и промоција на туризмот се обврзаа дека ќе работат на афирмација и креирање на услови за развој на туризмот.Потписниците се обврзаа дека заеднички ќе делуваат и меѓусебно соработуваат преку размена на искуства и најдобри практики, како и учество во настани и активности од заеднички интерес.Подготовка, развивање и учество во...

Продолжи со читање

такси табла

Анкета: Такси превоз во Охрид

Post Views: 41 Проблемите со такси превозот во Охрид се актуелни секоја летна сезона. Граѓаните кои користат такси превоз се жалат дека дел од таксистите одбиваат да возат на пократки релации во градот, наместо да вклучат таксиметар се пазарат со клиентите, не издаваат секогаш фискални сметки и друго. Градскиот совет, на барање на охридските такси компании, ја зголеми цената на такси превозот во Охрид. Но, советниците и градоначалникот побараа од такси компаниите да го подобрат квалитетот на услугите и односот кон клиентите.Во врска со тоа дали таксистите оваа летна сезона...

Продолжи со читање

Град Охрид

Илинденскиот викенд ќе донесе голем број гости

Post Views: 69 Угостителите задоволни од шпицот на туристичката сезона.Според нивните проценки на брегот на Охридското езеро има голем број посетители. Покрај домашните туристи, има голем број гости од соседството и европските земји. Овој продолжен Илинденски викенд традиционално се очекува рекордна посетеност.Како угостители можеме да кажеме дека сме многу задоволни, бидејќи посетеноста е голема за овој период на годината. Гости имаме од многу краишта на планетава. Најмногу се нашите европски, меѓутоа се чувствува прилив и на туристи од надвор. Профилот на гости е...

Продолжи со читање

Полициски службеници

Казнети 6 возачи во Охрид

Post Views: 26 Синоќа во периодот од 21 часот до полноќ, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли.Притоа, полициските службеници затекнале 18 возачи на моторни возила кои ја надминале дозволената брзина на движење. Според информацијата од МВР, во Охрид полицијата поднела казнени платни налози на 6 возачи, а во Струга казнети се 5 возачи за пребрзо возење.

Продолжи со читање

Нишвил фестивал

Промотивна турнеја на НишВил во Љубаништа

Post Views: 59 „NiSu brothers” од Србија или Милан Саитовиќ Jazzysad и Дејан Собот познат како DJ Loptica утре во 17 часот со несекојдневен настап во Автокамп Љубаништа ќе ја пренесат атмосферата од најголемиот Џез фестивал на Балканот, НишВил џез фестивал.Нивниот настап во Автокамп Љубаништа е дел од од годинешната промотивната туренја низ Балканот со која го претставуваат започнувањето на годинешното изданието Нишвил Џез Фестивал. НишВил е основан во 1995 година и има голема традиција и важи за најпосетениот Џез фестивал во Југоисточна Европа истакнува Милан Саитовиќ...

Продолжи со читање