Автор: инфодеск
Post Views: 35 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,89%, со што бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинуваат за еден, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 1,5 денари.Од вечер на полноќ, според одлуката на РКЕ, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 95,5 денари/литар,ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 98 денари/литар, а дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) по 96 денари/литар.Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) исто така поевтинува за 1,50 денари и ќе чини 94,5...
Спортски фестивал Илинден 2022
Post Views: 28 Во организација на Спортско-рекреативниот клуб „Соларис” од Струга, на 1-ви август ќе биде организиран Спортскиот фестивал Илинден 2022. Настанот е во соработка со Клубот за друмски велосипедизам „Фаланга” Струга, клубовите за планински велосипедизам „Рупикапра” и „Караула” од Струга, Планинарско Еколошко друштво „Закамен” Струга, како и со учество на сите други заинтересирани клубови, спортисти, ентузијасти, професионалци и аматери, со поддршка и помош од Црвен крст – Струга и бројни помагатели.Овој спортско-културен хепенинг...
Двајца убиени при престрелка во Лос Анџелес
Post Views: 36 Две лица се убиени, а пет ранети во пукање што се случило во парк во Лос Анџелес, на место каде вчера беше одржана изложба на рачно изработени автомобили, соопштија американските власти.Во нападот во Општината Сан Педро можно е да учествувале повеќе од едно лице и сѐ укажува на тоа дека почнало по кавга меѓу две групи луѓе, вели капетанот на полицијата на Лос Анџелес, Кели Муниц.Ранетите се пренесени во болница и се во критична состојба – наведува полицискиот командант.Меѓу повредените се луѓе на возраст од три до 54 години. Миниц додава дека...
Охридско лето го носи пијанистот Стивен Бјус
Post Views: 55 Американскиот пијанист Стивен Бјус вечерва ќе одржи целовечерен концерт на „Охридско лето“. Концертот е со почеток во 21 часот во црквата „Света Софија“.Роден и пораснат на фарма во источен Вашингтон, Стивен Бјус започнува да учи пијано на пет годишна возраст, а на само девет години дебитира со оркестар. Студира на колеџот „Витман“, на „Џулијард“ и на универзитетот „Стоуни Брук“, а негови професори и ментори се: Леонард Рихтер, Роберт Мекдоналд, Гилберт Калиш, Кристина Дал и Паулет Ричардс. Снима повеќе ЦД-а за различни издавачки куќи. Бјус е уметник поддржан...
Дејан Ангелоски 19-ти на светско во скајранинг
Post Views: 42 Дејан Ангелоски од АК „Охрид трчат“ го освои 19-тото место на Младинското светско првенство во скајранинг.Нашиот херој од Шипокно и Охрид, македонски предводник во скајранинг. 19 во светот во категорија до 23 години на штотуку завршеното првенство во Андора. 19 км и 1450 D+ за 2 часа и 11 минути на височините на Пиринеите – информираа од АК „Охрид трчаТ“.
Големи пожари во Грција
Post Views: 50 Над 550 пожарникари интервенираат во трите големи пожари во Грција во три различни делови на земјата, на Лезбос, на Пелопонез и кај Еврос, активни веќе неколку дена, јави дописничката на МИА од Атина.Во областа Суфли кај Еврос во близина на Националниот парк Дадиа, пожарот избувна во четвртокот, а во текот на викендот откако огнената стихија се доближи до населени места, превентивно беа евакуирани жителите.Интервенираат 320 пожарникари со 13 пешадиски тима, 68 возила, два авиони и четири хеликоптери, а помагаат и војската, полицијата, пожарникари...
Се чистеше крајбрежјето на Охридското езеро
Post Views: 64 Голема еколошока акција за чистење на крајбрежјето на Охридското езеро се одржа викендов во Охрид.На повеќе плажи младите од Охрид, помогнати од волонтерите од „Црвен крст“- Охрид, собираа најразличен отпад во рамките на проектот „Чисто езеро-светла иднина“ кој се реализира со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање.Од Здружението на граѓани „Нова порта“ велат дека ова е четврта акција за чистење на најкритичните места вдолж брегот на Охридското езеро.Интересот кај младите за да се вклучат во акцијата е голем. Изминатиов...
Прекин во водоснабдувањето во Елешец
Post Views: 79 Денеска прекин во водоснабдувањето во населбата „Елешец“.Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 09:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците во населбата „Елешец“ – информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.







