Автор: инфодеск
Post Views: 42 Музичко-сценско уживање донесе вчерашната вечер на „Охридско лето“ преку Кабарето „Животот е…“ од Наташа Поплавска.Новата приказна напишана од Ристо Вртев, а режирана и сценски визуелизирана од Поплавска се одигра на сцената „Долни Сарај“ на која настапија и извонредните визуелни уметници, видео дизaјнерот Дејан Матиќ и светло дизајнерот Милчо Александров кои ја создадоа сценската магија заедно со Поплавска, кореографката Олга Панго, со балетските солисти од Националниот Балет и познатата џез артистка Марија Димитријевиќ.Преку животната приказна...
Брод потона на пристаниште во Сплит
Post Views: 40 Капетанот на бродот што утринава пред 3 часот удри во сплитското пристаништето, а потоа и потона е приведен.Во тек е истрагата од страна на капетанијата на пристаништата, а капетанот на бродот бил приведен во службените простории на полицијата поради тоа што е констатирано дека бил во алкохолизирана состојба и поради тоа е осомничен за кривичното дело загрозување на посебни видови сообраќај.Сплитската полиција извести дека околу 02:30 часот утринава во Сплит, на бранимирското крајбрежје, туристички брод „Морска Вила“ со 50 патници удрил во пристаништето...
Втора изложба на д-р Наташа Попоска Карче
Post Views: 56 „Сликам со тебе“-Приказна од душата беше насловот на ликовната изложба на д-р Наташа Попоска-Карче што вчеравечер беше отворена во Предворјето на црквата „Света Софија“ во рамки на фестивалот „Охридско лето“.Како што рече на отворањето на изложбата историчарот на уметност д-р Иван Заров, пред фестивалската публика е претставен нов опус на слики кои го отсликуваат естетскиот светоглед на Попоска-Карче.Во неа, на идеален начин се преплетуваат мечтателноста и веќементноста на времето во нејзините слики и нејзиниот буен екстровертен и динамичен хабитус како...
Бела грутчеста материја пронајдена кај скопјанец
Post Views: 44 На 23.07.2022 година во 22:45 часот во СВР Охрид лишен од слобода е К.М.(27) од Скопје.При преглед извршен на плажа на охридското крајбрежје, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа бела грутчеста материја. По целосно документирање, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Приведен 63-годишен охриѓанец
Post Views: 40 На 24.07.2022 година во 00:15 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е З.А.(63) од Охрид.Тој, претходно, во семејниот дом агресивно се однесувал кон членови на неговото семејство и им упатил закани. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава -информираат од СВР Охрид.
Концерт на Томе Атанасов и Марија Ѓошевска
Post Views: 26 Во рамките на музичката програма на „Охридско лето“, во црквата „Света Софија“ вечерва од 21 часот ќе се одржи концерт на македонските уметници, обоистот Томе Атанасов и пијанистката Марија Ѓошевска.Томе Атанасов, првите едукативни насоки во музиката ги добива во средното музичко училиште во Скопје во класата на својот родител и педагог м-р Васил Атанасов. Добитник е на стипендија на престижната Interlochen Arts Academy во САД (2002) во класата на познатиот педагог Даниел Столпер, каде добива богато уметничко искуство. Студиите ги продолжува на Универзитетот...
Тепачка меѓу полски државјани на Туристичка
Post Views: 28 На 23.07.2022 година во СВР Охрид приведени се полските државјани Ј.К.М.(59) и Ф.М.(34).Тие претходно на булеварот „Туристичка” во Охрид го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Против нив е поденесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Миленковиќ приреди врвно естетско доживување
Post Views: 108 Врвно естетско доживување приредија за бројната публика на „Охридско лето“ виртуозот на виолина со светско реноме Стефан Миленковиќ и камерниот оркестар „Камерата Нови Сад“ од Србија вчеравечер на Долни Сарај во рамките на Српската вечер на фестивалот.Српската вечер ја отворија директорката на НУ „Охридско лето“, м-р Наташа Поповиќ и министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ.Како што истакна директорката Поповиќ, „Охридско лето“ е предизвик, секоја следна година да биде поголемо и позначајно, да се надополнува и...






