Автор: инфодеск
Post Views: 164 Вчера, 21.07.2025 во 23.10 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 32 годишен жител од с.Куратица, охридско и мопед „дерби“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 22 годишен жител од Охрид.Од СВР Охрид информираат дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. По наредба на Јавен обвинител извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.
Се асфалтира крак од „Дејан Војвода“, на „Александар Турунџев“ подготвителни активности за асфалтирање
Post Views: 147 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, информира дека во тек се активности за асфалтирање и подготвителни активности за асфалтирање на неколку улици и краци од улици на територија на Општина Охрид.-На крак од улицата „Дејан Војвода“ во моментов се врши асфалтирање, додека на улицата „Александар Турунџев“ се одвиваат подготвителни активности за асфалтирање. За првата улица средствата се обезбедени директно од буџетот на Општин Охрид, додека за другата се обезбедени преку Светска банка. Продолжуваме со активности за подобра инфраструктура во Охрид, вели...
Полските уметници Лукаш Длугош на флејта и Анжеј Јунгиевич на пијано вечерва на „Охридско лето“
Post Views: 163 Фестивалската програма на 65. „Охридско лето“ вечерва продолжува со концерт на полските уметници Лукаш Длугош и Анжеј Јунгиевич.Лукаш Длугош – флејтаЛукаш Длугош е најнаградуваниот флејтист во полската музичка историја. Списанието „Пицикато“ во оценката за неговиот албум „Приказни на флејтата“, издаден за Верго/Дојче Грамофон, го квалификува Длугош како „еден од најдобрите флејтисти во светот“.Длугош студира соло флејта на Високата школа за музика и театар во Минхен, а магистерските студии ги продолжува на Конзерваториумот во Париз, како и...
Сашко Кедев со историски успех: стана првиот македонец кој ги искачи сите 14 врвови во светот високи над 8.000 метри
Post Views: 326 Познатиот македонски кардиолог и некогашен политичар, Сашко Кедев стигна до историски успех откако стана првиот Македонец кој ги освил сите 14 врвови во светот високи над 8.000 метри. Тој вчера го освои Гашербрум во Пакистан, врв висок 8080 метри.Достигнувањето на д-р Кедев го сместува меѓу најелитните алпинисти во светот. Тој сега ги искачил сите 14 осумилјадници: Еверест, К2, Канченџунга, Лхоце, Макалу, Чо Оју, Дхаулагири, Манаслу, Нанга Парбат, Анапурна, Шишапангма, Брод Пик, Гашербрум II, а сега и Гашербрум I.Сите 14 врвови се наоѓаат на планинските...
Нетфликс ја создаде првата серија со вештачка интелигенција
Post Views: 338 Аргентинската научнофантастична серија „Вечниот патник“ („The Eternaut“) е првата серија од продукцијата на Нетфликс која вклучува користење снимки создадени со помош на генеративна вештачка интелигенција.Еден од извршните директори на Нетфликс, Тед Сарандос, изјави дека во серијата која го прикажува преживувањето од брзи и разурнувачки токсични снежни врнежи, учествувале „Нетфликс“ и уметници за изработка на визуелни ефекти кои користеле вештачка интелигенција за прикажување на рушењето на зграда во Буенос Аирес.-Таа секвенца со визуелни ефекти беше...
Светиот свештеномаченик Панкратиј, епископ Тавромениски
Post Views: 172 Овој Светител беше роден во Антиохија во времето кога Господ Исус одеше како човек меѓу луѓето на земјата. Штом слушнаа за чудата Христови, родителите на Панкратиј посакаа да Го видат чудотворецот Господ. И заедно со Панкратиј дојдоа во Јерусалим, каде што Го видоа Исус, ги слушнаа Неговите зборови и ги видоа чудата Негови. Панкратиј овде се запозна со светиот апостол Петар. По вознесението на Господ родителите и синот се крстија во Антиохија. Панкратиј се повлече во некоја пештера во Понт, кај што го најде апостолот Петар, па во договор со Светиот апостол Павле...
Претежно сончево и многу топло, максималните температури до 35 степени Целзиусови
Post Views: 139 Времето во Охрид денес претежно сончево и многу топо. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.Минималните температури од 18, а максималните до 35 степеи Целзиусови.Од УХМР информираат дека под влијание на топол бран од југ до сабота (26.07) времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над просекот за месец јули.
Денес започнаа заедничките патроли на македонски и српски полициски службеници во Охрид
Post Views: 183 Од денеска во Охрид започнаа заедничките полициски патроли составени од полициски службеници од македонското и српското Министерство за внатрешни работи.Патролите се реализираат врз основа на потпишаниот Протокол за соработка во текот на летната и зимската туристичка сезона на двете Министерства според кој, предвидено е заеднички патроли да патролираат низ Охрид секојдневно во текот на сезоната од 20-ти јули до 31-ви август.– Целта на заедничките патроли не е само зголемување на степенот на размена на искуства помеѓу полициските службеници од двете...
Се одржа 59. седница на Советот на Општина Охрид
Post Views: 133 Градските советници, денес ја одржаа педесет и деветтата седница. На дневен ред имаше 16 точки, од кои повеќето беа од урбанистичката сфера, а се донесоа одлуки за формирање на паралелки со помалку од 20 ученици во основните училишта и во ОСУ „Св.Климент Охридски“.Со одлука на советниците, спортската сала беше предадена на трајно користење на ЈП „Билјанини извори“.
Магична вечер синоќа со препознатливите звуци на тангото на Охридско лето
Post Views: 164 Магична и незаборавна вечер синоќа во преубавиот амбиент на предворјето на „Св. Софија“, приреди ФАМЕ’С Европскиот оркестарски изведувачки институт, предводен од брилијантната Русанда Панфили од Молдавија. Со музиката на Астор Пјацола концертот насловен како „Либертанго“ ја раскажа животната приказна на овој композитор.Со многу страст и префинетост виолинистката Панфили ја пренесе енергијата кон публиката која со многу емоции го пратеше ритамот на препознатливите звуци на тангото но и ги награди уметниците со долги аплаузи и стоечки овации.Русанда,...
Ана Петановска и Дадо Топиќ се победниците на тиватскиот фестивал „Бисер на Јадранот“
Post Views: 176 Ана Петановска и Дадо Топиќ се годинешните победници на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват. За првата награда за песната „Небо“, заслужни се и Григор Копров кој се покрижи за музиката, текстот е на Дадо Топиќ, а аранжманот е на Стефан Петановски, братот на Ана.-Прва награда, „Златен Бисер” на овогодинешниот „Бисер на Јадранот“ за песната “Небо” со Дадо Топиќ, емоциите се тука. Ви благодарам од срце мили луѓе, за сите коментари, желби, честитки и несебична поддршка . Огромна благодарност до фестивалот, Дадо Топиќ и Григор Копров за искрениот ветер во грб...
Лишена од слобода охриѓанка која управувала мопед со 2,23 промили алкохол во крвта и била агресивна кон полицајците
Post Views: 189 На 21-ви јули 2025 година, во 01:45 часот, на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ја лишија од слобода 44-годишна охриѓанка, која претходно управувајќи мопед на истата улица, паднала и се здобила со телесни повреди.– Таа се однесувала агресивно кон полициските службеници кои пристигнале на местото на настанот, а било утврдено и дека има 2,23 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)