Автор: инфодеск
Views: 262 Во пресрет на 21 Јуни – Денот на Охридско Езеро, НУ Библиотека Григор Прличев по третпат ја организираше манифестацијата „Слушни го езерото”. Целта е преку поезија, музика и уметност да се испрати порака за значењето и заштитата на едно од најстарите и највредни природни богатства во Европа.На платото пред библиотеката настапија поети од Охрид, Струга и Поградец, а дел од програмата беше и мини изложба на ученички трудови, како и музички настап на учесници од фестивалот „Распеано рибарче”.„Во пресрет на 26-годишнината од...
Стружанец се повредил при риболов со харпун во Охридското Езеро
Views: 265 Триесет и едногодишен жител на Струга се повредил при риболов со харпун во водите на Охридското Езеро, во близина на автокамп на охридското крајбрежје.Настанот бил пријавен на 18 јуни околу 22:25 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ во Охрид. По пријавата, полициски службеници презеле мерки и активности и го пронашле повредениот риболовец.Тој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Струга, каде што бил задржан на понатамошно лекување.По наредба на јавен обвинител, харпунот и целокупната риболовна опрема се...
Општина Охрид ќе биде дел од 21. Македонско културно лето во Пустец, Република Албанија
Views: 259 Општина Охрид ќе земе учество на годинашното издание на „Македонско културно лето“, кое ќе се одржи од 1 до 5 јули во Пустец, Република Албанија.Охрид пред посетителите ќе се претстави преку богатството на својата фолклорна традиција, обичаи и културно наследство.Во рамки на програмата ќе биде прикажан краткометражниот филм „Приказна за една охридска свадба“, изработен од учениците од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид, инспириран од богатата свадбена традиција на охридскиот крај.Предвидена е и промоција на книгата „Охридски фолклористи“ од проф. д-р Димитар Пандев и...
Марио Велкоски е првенец на генерацијата во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид
Views: 259 СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид годинава признанието „Ученик на генерација“ му го додели на Марио Велкоски, ученик од класот IV-5, здравствена струка, кој во текот на своето средно образование се истакна со одличен успех, одговорност, посветеност и континуирана желба за напредок.Од училиштето истакнуваат дека Марио со својата истрајност, трудољубивост и професионален однос кон наставните и практичните обврски претставува пример за останатите ученици.-Покрај одличните резултати во наставата и активното учество во училишниот живот, Велкоски успешно го претставуваше...
Регионален поетски фестивал „Слушни го Езерото“ денес во Охрид
Views: 210 По повод Денот на Охридското Езеро, денес од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи манифестацијата СЛУШНИ ГО ЕЗЕРОТО. Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура и туризам и Општина Охрид.-На платото пред Библиотеката трета година со ред поети од Поградец, Струга и Охрид ќе читаат претежно песни инспирирани од Езерото. Во Охрид ќе допатуваат и делегации од Библиотеките од Поградец и Струга предводени од директорките Афердита Дука и Маја Мојсоска. На поетско – музичкиот перформанс ќе настапат пет автори од Охрид: Љупчо Милковски, Лидија...
Преподобен Висарион, чудотворец Египетски
Views: 175 Роден и воспитан во Египет. Рано се предаде на духовен живот и не ја извалка духовната одежда во којашто се облече со Светото Крштение. Го посети свети Герасим на Јордан и го чу свети Исидор Пелусиот. Го победуваше своето тело со голем пост, со бденија, но колку што можеше го криеше својот подвиг од луѓето. Еднаш четириесет дена стоеше на молитва, не јадејќи и не спиејќи. Имаше голем дар на чудотворство. Постојано место на пребивање немаше, туку до длабока старост живееше по шумите и долините. Исцелуваше болни и вршеше многубројни чуда заради полза на луѓето, а во слава на...
Сончев и топол петок
Views: 304 Сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.Температурите во Охрид денес во интервал од 12 до 27 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и потопло со променлива облачност. Поради големата енергија во атмосферата, во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотрајно невреме, особено во планинските и југоисточните делови од државата. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.
Утре во Струга ќе се одржи завршниот концерт на Школата за византиска музика „Калистрат Зографски“
Views: 266 Школата за византиска музика „Калистрат Зографски“ ги поканува сите љубители на духовната музика на својот завршен концерт, кој ќе се одржи на 19 јуни (петок) со почеток во 20:00 часот во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ Струга.Публиката ќе има можност да ужива во изведбите на детскиот, женскиот и машкиот хор, кои преку богатата програма ќе ја претстават убавината на византиската музичка традиција и духовното наследство.Концертот претставува круна на годишната работа на учениците и нивните ментори, а организаторите најавуваат вечер исполнета со духовна музика,...









