Skip to main content

Автор: инфодеск

Пожар

Пожар на скутер на Охридското крајбрежје

Post Views: 27 На 22.07.2022 година во 07:24 часот во СВР Охрид пријавено е дека настанал пожар на скутер на плажа на Охридското крајбрежје во кој нема повредени лица.Од извршениот увид констатирано е дека скутерот марка „баотијан” е во сопственост на Д.В.(49) од Охрид. По наредба на Јавен обвинител скутерот е подигнат за понатамошна постапка – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Пожарна Охрид

Дали е ова нова перална, прашуваат граѓани на Охрид

Post Views: 77 Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ која ја спроведува ТВМ, граѓани на Охрид прашуваат дали е отворена нова „селфи“ перална кај пожарната.Веројатно е поефтино, бидејќи водата е на сите нас – велат нашите сограѓани за „Ти си твојот град“.Напомена : Сликата е испратена од граѓани на Охрид.Рубриката „Ти си твојот град“ ја креираат нашите граѓани со испраќање на нивни слики и видеа од она што им пречи или она што им се допаѓа во нивното место на живеење.

Продолжи со читање

Конзулат на Србија во Охрид

Отворен почесен конзулат на Србија во Охрид

Post Views: 48 Со пригодна свеченост денеска беше отворен Почесниот Конзулат на Република Србија во Охрид. На отворањето на Конзулатот свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков.Чувствувам посебно задоволство и чест што како градоначалник на Охрид сум присутен на овој свечен настан, а како охриѓанец сум особено горд, што нашиот град добива конзуларно претставништво на уште една значајна пријателска земја, а тоа е Република Србија.Македонскиот и српскиот народ имаат вековна поврзаност, која е втемелена на заедничка историја и затоа отсекогаш сме биле пример за взаемна...

Продолжи со читање

Паркирани автобуси

Автобуси зафаќаат 3-4 паркинг места, се жалат граѓани

Post Views: 55 До рубриката „Ти си твојот град“ наши сограѓанини испратија фотографии преку кои реагираат на паркирани автобуси во центарот на Охрид, кои според нив зафаќале 3-4 паркинг места. Ова е нивниот коментар:На булеварот Македонски Просветители од кружниот тек до пожарна беа обележани паркинг места за зонско паркирање, вероватно за автомобили. Меѓутоа, секојдневно гледаме паркирани автобуси, кои зафаќаат по 3-4 паркинг места, а се жалиме нема доволно паркинг места. Автобусите се паркирани и по неколку денови, и се тоа пред носот на полицијата – велат...

Продолжи со читање

Наташа Попоска

Самостојна изложба на Наташа Попоска Карче

Post Views: 44 Во рамките на 62-то „Охридско лето“ вечерва од 20 часот ќе биде отворена самостојна изложба на д-р Наташа Попоска-Карче.Изложбата со наслов „Приказна од  душата-сликам со тебе“ ќе биде поместена во Предворјето на црквата „Света Софија“.Ликовната поставка e компилација од дела што одликуваат четири базични емоции и тоа: среќа,љубов, тага и радост. Преточени во боја, навидум реални, но истовремено и имагинарни композиции, секое од нив носи своја микро приказна од морето на животот и остава свој печат во вечноста. Д-р Наташа Попоска –...

Продолжи со читање

Наташа Поплавска

Музичко сценско уживање со Наташа Поплавска

Post Views: 42 Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва од 21 часот на сцената „Долни Сарај“ со кабарето „Животот е…“ од Наташа Поплавска.По успешните мјузикли „Чикаго” и „Мама миа” во кои македонската публика уживаше изминатите години, а по двегодишна пауза во која светот застана, Наташа Поплавска на публиката повторно ќе и понуди музичко – сценско уживање во нова приказна напишана од Ристо Вртев, а режирана и сценски визуелизирана токму од Поплавска.Во ова патешествие им се придружуваат маестралните визуелни уметници, видео...

Продолжи со читање

Јавни претпријатија

Колку пари исплатила на медиуми новата локална власт?!

Post Views: 137 Како што најави ТВМ пред 6 месеци, дека на јавноста ќе и презентира информација колкави трансфери и кон кои медиуми исплаќаат Локалната самоуправа од Охрид и Јавните претпријатија, денеска ги сумира податоците за првото тромесечие од годинава. Податоците редакцијата ги обезбеди според Законот за пристап до информации од јавен карактер.Од анализата на добиените податоците, може да се согледа дека во првиот квартал од годинава, вкупно кон медиуми исплатени се близу 1.350.000,00 денари, односно безмалку 22.000 евра.Општината и јавните претпријатија,...

Продолжи со читање

Детско игралиште

Нова заштитна ограда на детското игралиште во Христо Узунов

Post Views: 60 Екипа на ЈП „Градски Пазар“ постави нова заштитна ограда на детското игралиште во населбата Христо Узунов.По ова следува и поставување на нови реквизити, со што ќе се добие уредена зона која најмладите ќе ја користат и во текот на летниот распуст – велат од ЈП „Градски Пазар“ Охрид.

Продолжи со читање