Автор: инфодеск
Post Views: 56 Викендов на Пиринеите во Андора се одржува Младинско светско првенство во скајранинг.Македонија на првенството ќе ја претставува охриѓанецот од Шипокно и член на АК „Охрид трчаТ”, Дејан Ангелоски.Дејан ќе се натпреварува во категорија до 23 години. На првенството ќе учествуваат 177 спортисти од 26 држави, распоредени во три возрасни категории.Настапот на Дејан е во недела сабајле, му посакуваме среќен пат, многу успех, лесни нозе и секако да ужива во освојувањето на височините на Пиринеите. Напред Дејан, напред Македонија! – велат од АК...
Започна единаесеттото На зајдисонце во Трпејца
Post Views: 67 Синоќа на свечен начин во присуство на голем број посетители во Трпејца беше отворено единаесеттото по ред издание на културно–забавното лето „На зајдисонце 2022“.Манифестацијата во името на покровителот Општина Охрид ја отвори Перчо Божиновски, советник во советот на општина Охрид.Ми причинува особено задоволство што вечерва сум тука со Вас и што имам чест во името на Локалната самоуправа да го означам почетокот на оваа традиционална манифестација, која 11 години по ред го разубавува летото во Трпејца. Престојот овде, во овој живописен амбиент на брегот...
Вечерва концерт на пијанистот Хусеин Сермет
Post Views: 26 Турскиот пијанист и композитор со четиридецениска плодна кариера Хусеин Сермет вечерва ќе настапи во рамки на музичката програма на „Охридско лето“.Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин, 21 часот.Сермет е уметник кого го отсликуваат разновидни музички интереси и исклучителната музичка визија која се огледува во широкиот и еклектичен репертоар и пијанистичка имагинативност.Роден во Истанбул во 1955 година, студиите ги започнува на Музичкиот конзерваториум во Анкара за да продолжи во Париз, на тамошиот...
Проекти за промоција на туризмот во Вевчани
Post Views: 29 Градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски оствари средба со претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. На средбата се дискутираше за досегашните реализирани активности и можности за идна соработка.Договорено е зајакнување на меѓусебната соработка и комуникација, како и формирање на работна група за развој на идни проекти и програми од областа на туризмот и промоција на туристичките локалитети на Општина Вевчани – напиша Кочовски, на официјалниот фејсбук профил.
Од денес во Охрид хуманитарни паркинг места
Post Views: 33 За првпат, Општина Охрид воведува хуманитарни паркинзи.Денешниот ден го збогатуваме со уште една убава вест. Од денес на Кеј Македонија започнуваат да функционираат хуманитарните паркинзи. Граѓаните преку плаќање за паркинг ќе донираат во хуманитарни цели. Средствата кои ќе бидат собрани од наплатата на паркинг ќе се донираат онаму каде што тоа ќе биде најпотребно – вели градоначалникот Кирил Пецаков.За почеток се предвидени две паркинг места, а во иднина целта е проширување на повеќе локации низ градот.Инаку, Охрид е првата општина во...
Двајца битолчани извршиле тешка кражба
Post Views: 42 ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ѓ.В.(29) и Б.В.(23), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „тешка кражба”.Тие, во периодот од март до мај оваа година, во кругот на ЈЗУ„ Специјална болница за нефрологија”, на улицата „Партизанска” во Струга, со употреба на остар алат, насилно пресекле и одзеле повеќе бакарни цевки. На 30.05.2022 година, пријавените ја пресекле цевката на централниот довод за медицински гас до операционата сала во зградата при што предизвикале дефект на системот за довод...
Петто издание Бич Филм Фестивал
Post Views: 36 Вечерва започнува фестивалска сага на модерен европски филм Beach Film Festival.Во пет фестивалски денови на четири специфични локации , амфитеатарот во предворјето на црква Св.Софија, плажата Славија, лапидариумот и Бродот Армада ќе бидат проектирани повеќе од 40 филмови од 17 различни европски земји.Официјалната селекција на филмови на фестивалот се состои од Долгометражни и краткометражни филмови во кои се вклучени и студентските.Генерално се обидуваме да го запазиме концептот на нашиот фестивал, тој е посветен на новиот европски филм, отвораме простор...
Ќе се асфалтираат ул. Веле Марко и ул. 28 април
Post Views: 37 Започнаа подготвителните активности за асфалтирање на улиците „28 април” и „Веле Марко”.Денеска се врши гребење на стариот асфалт, тампонирање и нивелирање на шахти. После завршување на овие активности следува поставување на нов слој асфалт – информира градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.







