Автор: инфодеск
Post Views: 57 На 19.07.2022 година во СВР Охрид пријавено е дека на 18.07.2022 година околу 20:30 часот, по случена сообраќајна незгода во близина на автокамп на регионалниот пат Охрид-Струга, нарушен е јавниот ред и мир.Извршен е физички напад од Е.М.(34) и З.М.(51) од Кичево врз А.С.(43) од Охрид. Против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Ликовна изложба Вевчанско лето
Post Views: 43 Утре, 20.07.2022 (среда ) во Мултикултурниот центар „Коста Србакоски” во Вевчани ќе се отвори изложбата на уметничките дела од Детската Ликовна Школа која годинава се одржа во рамките на ликовната колонија „Вевчански видувања”.Изложбата е дел од манифестацијата „Вевчанско лето” во организација на Здружението „Вевчани Турист Инфо”, а под покровителство на Општина Вевчани.Почеток на изложбата во 20:00 часот.
Нема дополнителни ковид мерки
Post Views: 35 Институтот за јавно здравје во изминатите три дена евидентираше нови 899 случаи на Ковид 19 од направени 2.466 тестови, но нема пријавено починати лица. Дополнителни ковид-мерки нема. Остануваат да важат мерките за задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз, здравствените установи, аптеките и установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.Од вкупно 2.719 активни случаи, најголем број се во Скопје – 1390, а во Македонска Каменица и Пехчево нема активни случаи на вирусот.Комисијата за заразни болести на последната седница не донесе...
Македонија ги започнува преговорите со ЕУ
Post Views: 41 Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска пред почетокот на првата Меѓувладина конференција со ЕУ во Брисел изјави дека станува збор за историски ден за Северна Македонија и дека ова е резултат на, како што рече, големата одлука на граѓаните кои преку нивните претставници во Собранието јасно кажале дека земјата е Европа во мало и и припаѓа на Европа.Тој информираше дека изутрината имал средба заедно со премиерот на Албанија Еди Рама со претседателката на Европската комија Урсула фон дер Лајен, како и со Петар Фиала премиерот на Чешка чија земја...
Сообраќајна несреќа во близина на Велестово
Post Views: 30 На 17.07.2022 во 16:25 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на локален пат во близина на охридското село Велестово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патнички моторни возила „Рено” со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(26) и „Нисан” со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Д.(37) од Скопје.Притоа, со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид, се здобиле возачот на возилото „Рено”, како и сопатниците Л.Ј.(22), Г.Ш.(41), Б.Т.(54), сите од Охрид, додека со телесни повреди се здобил В.Ч.(56) од...
Поквалитетно водоснабдување во Охрид
Post Views: 28 Градоначалникот Кирил Пецаков денеска во Скопје го потпиша грант договорот со Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија за обезбедување на средства во вредност од 150.000 евра, кои ќе бидат наменети за подобрување на условите за водоснабдување во Охрид.Договорот беше потпишан во рамки на Информативниот настан на Секретаријатот за европски прашања на македонската влада и Амбасадата на Република Словенија.Според планираното, ќе биде извршена реконструкција на пречистителна станица и набавка на нови филтри за пречистување на...
Започна првиот циклус од програмата Полетарче
Post Views: 27 Денес во просториите на Црвен крст Охрид успешно започна со реализација првиот циклус од програмата „Полетарче“.Преку оваа програма, деца од 5 и 6 годишна возраст преку игра, забава и дружење ќе ја развиваат и јакнат самодовербата, ќе стекнуваат вештини важни за успешно извршување на училишните задачи преку креативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на просторните и временските односи, вежби за говорот и речникот, јазична и математичка писменост,...
Казнети 13 возачи во Охрид
Post Views: 65 На 17.07.2022 година, извршени се засилени сообраќајни контроли.Полициските службеници на подрачјето на СВР Охрид затекнале и санкционирале 24 возачи на моторни возила кои во и надвор од населено место ја надминале дозволената брзина на движење (Охрид-13, Струга-04, Кичево-04, Дебар-03) – се вели во сооопштението на СВР Охрид.







