Skip to main content

Автор: инфодеск

Полиција несреќа

Возило излетало од патот, двајца повредени

Post Views: 46 На 17.07.2022 во 07:35 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Врбјани и Сливово, општина Дебрца, патничко возило „Бмв” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.А.(27) од Гостивар, излетало од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот, С.З.(21) и малолетен сопатник, двајцата од Гостивар, констатирани во болницата „Св. Еразмо” во Охрид. Увид на местото извршиле полициски екипи – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Паркинг Охрид

Започнува со работа Пајак службата во Охрид

Post Views: 157 Започнува со работа новата подружница на Јавното претпријатие „Билјанини Извори“, Пајак служба.За потребите на оваа посебна организациона целина на претпријатието со одлука на Советот, Општина Охрид му пренесе право на користење на товарно моторно возило за специјална намена пајак.Од ЈП „Билјанини Извори” ја известуваат јавноста дека од утре 19 јули (вторник) ќе започне да функционира Пајак службата и апелираат до сите корисници на автомобили да се придржуваат кон сообраќајните правила во делот на паркирањето на возилата.  

Продолжи со читање

Плажа Сараиште пловните објекти

Да се отстранат кајчињата од Сараиште и Канео

Post Views: 36 Општина Охрид го повторува повикот до сопствениците на пловни објекти (кајчиња) кои се лоцирани на крајбрежниот појас на локалитетите „Сараиште“ и „Канео”, истите да ги отстранат во најбрз можен рок.Во спротивно од среда 20.07.2022 година Општина Охрид и општинските јавни претпријатија ќе започнат акција за отстранување на истите, на товар на сопствениците.Пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето во овој потег од општината, со цел непречено користење од страна на жителите и туристите.

Продолжи со читање

Градски базен

Најуспешни на првенството во пливање во Охрид

Post Views: 46 Прогласени најуспешните пливачи на летното Национално првенство во пливање, кое викендов се одржа на отворениот базен на Спортско рекреативниот центар „Атина Бојаџи“ во Охрид.Помлади пионери:Влатко Цеков ПК Вардар 2018Неда Миленковска ПК МладостПостари пионери:Петар Цеков ПК Вардар 2018Сара Анастасовска ПК НептунКадети:Јован Јанковски П.В.К ОрионСофиа Дамјанова ПК Вардар 2018Младинци:Андреј Стојановски ПК НептунМиа Блажевска Еминова П.В.К.ОрионСениори:Андреј Стојановски ПК НептунМиа Блажевска Еминова П.В.К.ОрионНа Државното првенство...

Продолжи со читање

Камерен оркестар Профундис

Профундис вечерва на Охридско лето

Post Views: 28 Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва продолжува со концерт на камерниот ансамбл „Профундис“ од Скопје под диригентската палка на Ѓурѓица Дашиќ. Солисти на вечерта се виолинистите Анна Кондратенко и Владимир Костов и пијанистката Весна Ангелова.Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.Камерниот оркестар „Профундис“ е „млад“ уметнички состав, кој постои веќе три години и чии цели се промоција на квалитетот и особеноста на изразот со посебен акцент на оригиналноста на сите концертни изведувања. Во него...

Продолжи со читање

Пукање во Индијана

Пукање во трговски центар во Индијана

Post Views: 36 Три лица загинаа, а уште две се повредени откако вооружен маж отвори оган во ресторанот за храна во трговскиот центар Гринвуд, Индијана, во САД соопшти полицијата.Според полицијата неидентификуваниот напаѓач, возрасен маж, бил застрелан и убиен од легално вооружен 22-годишен маж кој бил присутен на местото на пукањето.Меѓу погодените има едно машко и четири женски, вклучително и 12-годишно девојче чии родители ја донеле во болница со полесни повреди по пукањето.Инцидентите со оружје во САД се зачестија, оваа година имало 350, според архивата за...

Продолжи со читање

Пожар Словенија

Пожари во Словенија

Post Views: 41 Словенечките пожарникари се обидуваат да го изгаснат пожарот што избувна во северозападниот дел на Карс, во близина на границата со Италија.Повеќе од 180 пожарникари го гаснат огнот што избувна на тешко пристапен терен во долината Випава и поради ветерот и сувата вегетација брзо се прошири кон селото Темница.Командирот на Јавната противпожарна служба на Нова Горица, Симон Вендрамин изјави дека пожарот веќе ги зафатил Костањевица на Крас и Церје.Пожарот зафатил тешко пристапен или непрооден терен во должина од еден километар – рече тој....

Продолжи со читање

Кеј

Тежок пристап до Kејот за лицата со хендикеп

Post Views: 44 Наши сограѓани преку рубриката „Ти си твојот град“ реагираат на проблем кој ги мачи лицата со хендикеп.Велат дека поради мал дел од патека на охридскиот Кеј, кој е несреден и нерамен, овие лица кои се во количка, имаат тежок пристап до езерото. Еве го нивниот коментар:Лицата со инвалидски колички велат дека со години не знаат како да постапат за да им се реши пристапот до езеро во најфреквентната улица кај старото одморалиште на ПТТ, на самиот Кеј на езерото, веднаш после хотел „Тино“. Со помош на други лица одат до езеро по истиот, нормално најкраток пат...

Продолжи со читање