Skip to main content

Автор: инфодеск

алкохол

Малолетници консумирале алкохол после 24 часот

Post Views: 46 На 17.07.2022 година од 23 до 03 часот, спроведувајќи мерки од кампањата „Безбедно лето 2022″, полициски службеници од СВР Охрид извршија контроли во угостителски објекти во централното градско подрачје во Охрид.Притоа, во повеќе угостителски објекти, после 24 часот, затекнати се малолетни лица кои консумираат алкохол. Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 204 од Кривичниот законик, против правните субјекти ќе бидат поднесени пријави – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Продолжи со читање

Демони

Претставата Демони одиграна пред охриѓани

Post Views: 40 Интимна модерна анти-бајка, духовита и истовремено сурова, одиграа актерите на Народниот театар Битола вчеравечер во рамки на драмската програма на фестивалот „Охридско лето“.Носејќи ја театарската претстава „Демони“ на текст од Ларс Норен, а во режија на Васил Христов, актерите Илина Чоревска, Огнен Дранговски, Марија Стефановска и Здравко Стојмиров одглумија  две двојки-сопружници преку кои ги извадија на површина скриените внатрешни демони што постојат во човекот.Илина Чоревска ја играше улогата на Катарина, жената којашто се повлекла во својот свет...

Продолжи со читање

Летно државно првенство во пливање

Летно државно првенство во пливање

Post Views: 145 По пауза од две децении, Охрид повторно е домаќин на пливачки натпревар. Вчера на СРЦ „Билјанини извори“ започна Летно државно првенство во пливање, во организација на Пливачката федерација на Македонија и Пливачкиот Клуб „Акваспирит“ од Охрид, а под покровителство на Општина Охрид.Во името на градот домаќин, пред присутните пливачи и гости се обрати градоначалникот Кирил Пецаков.Искрено сум возбуден што можеме да присуствуваме на првенство во пливање во Охрид, кој покрај сите епитети кои ги заслужува, сеуште како ехо на минатото го носи и...

Продолжи со читање

полициска лента

Пронајдена неексплодирана бомба

Post Views: 29 На 16.07.2022 година во 20 часот, во СВР Охрид пријавено е дека во водите на Охридското езеро , на охридското крајбрежје, пронајдена е неексплодирана бомба.Местото е обезбедено од полициски службеници по што, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, изврши подигнување за натамошна постапка – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Полициска патрола

Превентивна кампања Соседска патрола

Post Views: 71 Синоќа (16.07.2022 година), Секторот за внатрешни работи Охрид, ја отпочна превентивната кампања „Соседска патрола”.Мешаните патроли составени од полициски службеници од одделението за превенција, родители, претставници од Советот на родители во училиштата, од секторот за образование при локалната самоуправа како и на Центарот за социјални работи, во рамките на проектот „Безбедно лето 2022“, извршија превентивна обиколка на угостителските објекти како и местата на отворен простор каде, во ноќнитечасови најчесто се собираат и задржуваат младите....

Продолжи со читање

Мерита Тершана

Мерита Реџа Тершана вечерва на Охридско лето

Post Views: 49 Една од најактивните албански пијанистки Мерита Реџа-Тершана заедно со нејзиниот колега, виолинистот Ермир Абеши вечерва ќе одржат целовечерен концерт за публиката на фестивалот „Охридско лето“.Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот, а на репертоарот ќе бидат дела од Лудвиг ван Бетовен и Сергеј Прокофјев.Абеши е финалист на натпреварот за виолина „Кралица Елизабета“ во Брисел во 2012 година и добитник на втора награда од престижниот натпревар „Липицер“ во 2011 година во Италија.Тој настапува како солист со бројни...

Продолжи со читање

Полициско возило

СВР билтен

Post Views: 33 На 15.07.2022 година, во СВР Охрид, лишен од слобода е П.Р.(35) од Охрид. Тој, претходно во семејниот дом, бил агресивен кон член на неговото семејство, го навредувал и му се заканувал.На 15.07.2022 година, по претходна судска наредба, полициски службеници од СВР Охрид извршија претрес во домот на И.Т.(47) од Охрид. Притоа, пронајдени и одземени се едно пластично и три стаклени шишиња со течност и други предмети. Се преземаат мерки за расветлување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 16.07.2022 година, во СВР Охрид лишен од слобода е...

Продолжи со читање

Полиција

Охриѓанец нападнат во автокампот Градиште

Post Views: 48 На 15.07.2022 година во СВР Охрид, А.В.(27) пријави дека во автокампот „Градиште” во Охрид, бил физички нападнат од за него непознато лице.Се преземаат мерки за расветлување на настанот – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање