Skip to main content

Автор: инфодеск

Камерен оркестар Нов здив

Незаборавна вечер со ансамблот Нов здив

Post Views: 41 Публиката на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер во црквата „Света Софија“ имаше можност да ужива во класична музика од современи композитори преку прекрасната изведба на членовите на камерниот ансамбл „Нов здив“ и под диригентската палка на францускиот диригент Паскал Галоа.Камерниот ансамбл „Нов здив“ е составен од уметници на Филхармонијата на Македонија.Во Македонија не постојат многу состави кои се длабински посветени на класичната музика создадена од поновата генерација композитори. Токму оттука, како што вели виолончелистот...

Продолжи со читање

Претстава Кармен

Отворено Вевчанско лето

Post Views: 36 Вчеравечер со монодрамата на Кармен од Билјана Драгиќевиќ Пројковска, во режија на Дејан Пројковски се отвори Вевчанското лето.Манифестацијата ја отвори Градоначалникот на Општина Вевчани Спасе Кочовски кој имаше свое обраќање.Навистина ми е драго што ова лето успеавме, благодарение на Здружението за афирмација на туризмот, културата и културното наследство – Вевчани Турист Инфо да обезбедиме богата културна понуда за вевчанци, за туристите кои во летниот период доаѓаат во Вевчани и за сите љубители на културата, спортот и уметноста. Општина Вевчани...

Продолжи со читање

Полиција

Странски државјани повредиле охриѓанец

Post Views: 27 На 16.07.2022 година околу 01 часот, во кафе бар во Охрид, четири лица странски државјани, го нарушиле јавниот ред и мир при што, еден од нив, со остар предмет го повредил Д.С.(34) од Охрид.Истиот е пренесен во Општата болница во Охрид каде, се констатирани телесни повреди по што, е пуштен на домашно лекување. СВР Охрид работи на расветлување на настанот по што ќе бидат поднесени соодветни пријави – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Претстава Демони

Театарската претстава Демони на Охридско лето

Post Views: 29 Драмската програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со театарската претстава „Демони“ од Ларс Норен, во режија на Васил Христов, а во изведба на Народен театар Битола.Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот и е наменета за целата публика.Улогите ги играат Илина Чоревска, Огнен Дранговски, Марија Стефановска и Здравко Стојмиров. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Андреј Ѓоргиевски.„Демони“ напишана во 1982 година e црна комедија, во која преку комбинација на...

Продолжи со читање

Базар охрид

(Видео) Базар на занаетчики во Охрид

Post Views: 28 Триесет и пет жени занаетчики од Охрид, Битола и Скопје на главниот плоштад во Охрид ги претставија своите дела пред туристите.Нивните ракотворби се инспирирани од македонските културни наследства од разни региони низ земјава.Пред базарот ќе се одржи и завршната конференција на проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“ во организација на Центарот за управување со промени со финансиска поддршка од Balkan Trust for Democracy и USAID, организиран под покровителство на сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета...

Продолжи со читање

Паркинг

Недостиг на паркинг места во Охрид

Post Views: 111 Во Охрид недостигаат паркинг места. Најголемиот проблем се чувствува во екот на туристичката сезона, кога во градот има двојно или тројно повеќе возила.Тесни грла во сообраќајот се улиците во централното градско подрачје, главните артерии кои водат кон плоштадот. Дополнителен проблем е и новиот лик на улицата „Македонски Просветители”, која сеуште е во изградба. По завршувањето, на неа ќе има двојно помалку паркинзи од претходно.Директорот на ЈП „Билјанини извори” Тео Андоноски, вели се обидуваат да обезбедат што повеќе паркинзи за ва...

Продолжи со читање

Дефект зграда

Се работи на санација на дефектот на ул. Асном

Post Views: 31 Екипите на ЈП „Водовод“ Охрид активно работат повеќе од 24 часа на санација на големиот дефект на улицата “Асном” и покрај непристапноста и тешките услови за работа на терен.Во текот на денот се очекува да се заврши санацијата со целосно нормализирање на водоснабдувањето – информираат од ЈП „Водовод“.

Продолжи со читање

Базен Атина Бојаџи

Градскиот базен ќе биде затворен за користење

Post Views: 34 ЈП „Билјанини Извори” ја известува јавноста дека денес, утре и задутре, 15/16/17 јули, базенот „Атина Бојаџи” ќе биде затворен за користење.Причината за затворањето на базенот е Државното првенство во пливање кое после две децении повторно ќе се одржи во Охрид. ЈП „Билјанини Извори” ги поканува сите љубители на пливањето и спортот генерално, да дојдат на градскиот базен претстојниот викенд и заедно со нас да уживаат во убавините на пливањето – велат од Јавното претпријатие.На Државното првенство ќе учествуваат 17 клубови од...

Продолжи со читање