Skip to main content

Автор: инфодеск

Сончево и топло

Post Views: 111 Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Температурите во Охрид денес во интервал од 8 до 23 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Кармен Бауцентар со успешен настан за професионалците од градежната индустрија

Post Views: 147 Во Кармен Бауцентар Охрид вчера и денес се одржува настан за професионалци од градежниот сектор. На настанот беа промовирани градежните брендови Бекамент, Цересит, Судал и Мапеи, а експерти и демонстратори ги претставија најновите производи и технологии во модерното градежништво.Потрошувачите во текот на овие два дена уживаа попуст од 50% попуст на нивните производи. Настанот беше збогатен со бесплатни пијалоци и скара, а целата атмосфера беше надополнета со одлична музика и забава во живо од ДЈ Лео.

Продолжи со читање

Емитер: Проф. д-р Анис Сефиданис со патент за својот пронајдок – „Паметен споменик“

Post Views: 247 Македонското списание за популаризација и примена на науката и техниката „ЕМИТЕР“ објави дека нашиот сограѓанин, охриѓанецот Д-р Анис Сефиданис, кој инаку е професор на Факултетот за машинска интелигенција и роботика при Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид, се стекна со официјален патент за својот пронајдок – „Паметен споменик“.Во нивната статија наведено е дека паметниот споменик“ на Сефиданис на иновативен и еколошки начин ја обединува виртуелната реалност и вештачката интелигенција, создавајќи нов медиум за...

Продолжи со читање

Светиот маченик Теодот и седумте девојки маченички: Текуса, Александра, Клавдија, Фаина, Ефрасија, Матрона и Јулија

Post Views: 134 Теодот беше оженет и беше крчмар во Анкара во времето на Диоклецијан. Иако беше оженет, живееше според словото апостолско: оние што имаат жени ќе бидат како да ги немаат (1Кор. 7, 29). А крчмарот сметаше дека би можел, без некој да се посомнева, колку што може подобро да им помага на христијаните. Неговата крчма им беше засолниште на гонетите верници. Теодот тајно им испраќаше помош на разбеганите бегалци по планините и тајно ги прибираше телата на загинатите и ги погребуваше. Во тоа време беа изведени на суд и мачени за Христа седум девојки: беа мачени, исмеани...

Продолжи со читање

УХМР: Следува период на претежно стабилно и топло време

Post Views: 139 Сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи.Утре ќе има изолирана појава на пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од недела следува период на претежно стабилно и топло време со значителен пораст на дневните температури, информираат од УХМР.Минималните температури од 8, а максималните до 21 степен.

Продолжи со читање

Оглас за прибирање пријави за користење на простор за станица за подвижна урбана опрема

Post Views: 136 Врз основа на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2025 год. бр. 08 – 15415/55 од 25.12.2024 год., Одлуката за поставување на урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) во општина Охрид бр. 08 – 15415/56 од 25.12.2024 година, и Извод од Општина Охрид бр.19-5938/2 од 14.04.2025, и Одлука од Управен одбор на ЈП Градски пазар бр.02-257/6 од 29.05.2025 год. Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид објавува:ОГЛАС бр. 6/2025ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПРОСТОР ЗА СТАНИЦА ЗА ПОДВИЖНА...

Продолжи со читање

Во август упис на ФТУ

Post Views: 157 ФТУ Охрид оваа академска година нуди шест атрактивни програми. Туризам, гастрономија, хотелско ресторански менаџмент, царина и шпедиција, осигурување и менаџмент во услужен сектор. Оваа високообразовна институција привлекува голем број студенти, а една од причините е добро екипираниот етаблиран професорски кадар, но и тоа што стекнатите дипломи се меѓународно признаени и не е потребна нострификација во голем број западни земји.-Нашите студиски програми константно привлекуваат голем број студенти секоја година. Ние запишуваме повеќе од 200 студенти...

Продолжи со читање

Денес за најмладите театарската работилница „Љупка и Љубица“

Post Views: 155 Во рамки на проектот на Општина Охрид Културата расте со децата „За сите деца“, денес ќе се одржи театарската работилница „Љупка и Љубица“.Организаторите велат дека станува збор за две девојки кои преку интерактивна и едукативна игра ќе ги водат дечињата низ работилницата со „Љупка и Љубица“.Работилницата започнува во 12.00 часот во просториите на ООУ „Братство Единство“.

Продолжи со читање

ЈПДП: Завршува во рок рехабилитацијата на магистралниот пат Охрид-Св. Наум

Post Views: 138 Од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) информираат дека завршува во рок рехабилитацијата на магистралниот пат Охрид-Св. Наум во должина од 24,3 километри.– Инвестиционата вредност за рехабилитација на овој патен правец е 11,7 милиони евра, средства обезбедени од буџет на ЈПДП. Иако важноста на делницата Охрид-Св.Наум е исклучителна бидејќи е магистрален пат кој има регионално значење и претставува патна врска со Република Албанија цели четири децении чекаше за рехабилитација која започна во август 2023 година и која сега е на самиот крај и завршува...

Продолжи со читање

Денес ќе биде промовирана стихозбирката „Поезија извор од душата“ од Љубица П. Чифлигароска

Post Views: 152 Денес од 17 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирана најновата поетска книга од Љубица Петреска – Чифлигароскан од Охрид со наслов„ Поезија извор од душата“.–Стихозбирката е лепеза од песни со разни теми испреплетени со емоции и чувства, а доминира љубовта од секој вид. Книгата е отпечатена со финансиска поддршка на Општина Охрид. На настанот ќе говорат рецензентот проф. д-р Менде Солунчевски  и промоторката Билјана Солунчевска, велат од установата.Песни од стихозбирката пред присутните ќе читаат Ана Цонева и...

Продолжи со читање

Апостол од 70-те Андроник и света Јунија, неговата помошничка

Post Views: 125 Еден од седумдесетте. Роднина на светиот апостол Павле, како што пишува самиот Павле (Рим. 16, 7), спомнувајќи ја и светата Јунија, помошничката на Андроник. Андроник беше поставен за епископ на Панонија, но не живееше на едно место туку го проповедаше Евангелието по цела Панонија. Со Јунија тој успеа да приведе кон Христа многумина и да разори голем број идолски храмови. Обајцата имаа благодатна сила на чудотворство, со којашто ги изгонуваа демоните од луѓето и исцелуваа секаква немоќ и болест. Обајцата пострадаа за Христа и така примија двоен венец: и на...

Продолжи со читање

УХМР: Променливо облачно и посвежо со слаб локален дожд

Post Views: 102 Променливо облачно и посвежо со слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.Температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 11 до 19 степени Целзиусови.Следува период на претежно стабилно и топло време со значителен пораст на дневните температури.Фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање