Skip to main content

Автор: инфодеск

Пијано дуо концерт

Прекрасна вечер со пијано дуото Кањацо

Post Views: 29 Одлична атмосфера вчеравечер приреди пијано-дуото „АнАнтонио“ музицирајќи во црквата „Света Софија“.Извонредните уметници Ана Јосимовска –Кањацо и Антонио Кањацо изразувајќи ја својата виртуозност на пијаното донесоа дела од А. С. Аренски, Брамс, Рахмањинов, како и композиција од македонскиот композитор Томислав Зографски.Првпат на „Охридско лето“ настапив пред 19 години сама, а овојпат настапувам во дуо со Антонио. Охрид е прекрасен. Фестивалската програма ја следам преку социјалните мрежи. Имам многу пријатели кои настапуваат на концертниот подиум на...

Продолжи со читање

Изложба Башким Меџити

Самостојна изложба на слики од Башким Меџити

Post Views: 64 Во галеријата во Куќата на Робевци, во петок со почеток во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба на слики од авторот Башким Меџити. Ќе бидат изложени 20-тина дела работени во последната година во техника акрил на платно.Башким Меџити е роден на 16-ти јули 1965 година во Гостивар. По завршувањето на средно образование ЦСНО „Злате Малакоски“ – Гостивар 1984/85, во 1986-та година се запишува на Факултет за Ликовна уметност во Приштина, одсек сликарство во класата на проф. Тахир Емрес, каде што дипломирал во 1991 година. На истиот Универзитет, во 1998...

Продолжи со читање

Полиција

Пронајден остар предмет кај охриѓанец

Post Views: 38 На 13.07.2022 во СВР Охрид приведен е Д.Г.(62) од Охрид.При преглед извршен претходно на улицата „Момчило Јорданоски” во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа еден остар предмет. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Книги

Нови наслови од издавачот Книгохолочари

Post Views: 52 Од денеска во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид можете да ги побарате следните пет нови наслови од издавачот „Книгохоличари“:„Од сирак до ѕвезда“ од Мерлин Монро, „Првата жена фараон“ од Полин Геџ, „Француската куртизана“ од А. Г. Морган, „Љубовно писмо до Виски“ од Кенди Стајнeр и „Мајски рози“ од Дот Хачинсон.Зачленувањето во Библиотеката за деца е 200 а за возрасни 300 денари за една година.Библиотеката со читатели овој летен период работи од понеделник до петок од 8 и30 до 16 часот.Годинава за прв пат веќе функционира и 24 часа отворената...

Продолжи со читање

Визер

Визер ги откажа летовите од Дортмунд до Охрид

Post Views: 34 Компанијата „Визер“ привремено суспендира шест авиолинии кон неколку дестинации од земјите во поранешна Југославија, бидејќи се бори со недостигот на персонал.Превозникот беше принуден да откаже стотици летови ова лето, а операциите надвор од Обединетото Кралство и Унгарија беа особено погодени. Ќе бидат погодени и услугите на авиокомпанијата од Приштина, Тузла, Љубљана, Белград и Охрид.„Визер“ ги прекинува своите летови од Дортмунд и Рим до Приштина, а услугите ќе бидат обновени на 2 септември и 2 октомври, соодветно. Слично на тоа, авиопревозникот ги...

Продолжи со читање

Евро Хрватска

Хрватска официјално премина во еврозоната

Post Views: 34 Пратениците во хрватскиот Сабор усвоија закон со кој еврото е воведена како официјална валута од почетокот на 2023 година, јавува ХРТ.Хрватска на 1 јануари 2023 година ќе ја замени хрватската куна со евро, објави Хрватската радио-телевизија.И двете валути ќе се користат паралелно во месеците по официјалниот почеток на плаќањата во евра, додека двојното прикажување на цените ќе важи една година.Во текот на 2023 година граѓаните на Хрватска нема да имаат трошок за размена на куната за евра.Исто така, и по истекот на овој рок, односно на неодредено...

Продолжи со читање

Полиција

27 куршуми пронајдени во домот на охриѓанец

Post Views: 27 На 12.07.2022 во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид и Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје при МВР го лишиле од слобода Ј.Ѓ.(37) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се 27 куршуми различен калибар што нелегално ги поседувал. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Полициски службеници

Казнети 13 возачи на подрачјето на СВР Охрид

Post Views: 23 На 12.07.2022 при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 13 возачи.Тие управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Струга-02, Кичево-06, Дебар-05). За сите прекршоци изречени се соодветни санкции – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање