Skip to main content

Автор: инфодеск

Кокаин

Охриѓанец од возило исфрлил кесе со кокаин

Post Views: 31 На 12.07.2022 во 20:50 часот, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода К.М.(22) и А.П.(22), двајцата од Охрид.Полициски службеници го забележале А.П. како од патничко возило „Бмв” со охридски регистарски ознаки, во кое се превезувале, исфрла кесе со кокаин. Дрогата е одземена и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Пожар

Пожар во автобус со ученици и наставници

Post Views: 43 На 12.07.2022 околу 19:20 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на патниот правец Стража-Кичево настанал пожар во автобус во движење, сопственост на туристичка агенција од Куманово, во кој се превезувале ученици и наставници.Пожарот е изгаснат од противпожарна единица, а повредени лица нема – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Андреа Силвестри во Охрид

Андреа Силвестри во посета на Охрид

Post Views: 33 Италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри, денес беше во протоколарна посета на Општина Охрид.Градоначалникот Кирил Пецаков и италијанскиот дипломат, разменија мислења за повеќе прашања кои ги допираат двете земји.Силвестри, посебно беше заинтересиран за проектите кои се однесуваат на заштитата на Охридското Езеро и подготвеноста на Италија да ги помогне истите, како и за соработка на културно поле.Амбасадорот не ја криеше својата воодушевеност, кога градоначалникот Пецаков го информира за проектот на Локалната самоуправа, „Италијански јазик во...

Продолжи со читање

Германска амбасадорка

Пецаков на средба со германската амбасадорка

Post Views: 29 Градоначалникот Кирил Пецаков денес оствари средба со германската амбасадорка во нашата земја, Анке Холштајн.На средбата градоначалникот Пецаков ја запозна Холштајн со актуелниот миг од функционирањето на Општина Охрид и предизвиците со кои се соочува.Во таа насока посебно беа потенцирани активностите во однос на исполнувањето на критериумите за зачувување на статусот во УНЕСКО, како светско природно и културно наследство.Градоначалникот ја информираше својата соговорничка, за отворањето на Старт Ап Центарот, со помош на европските фондови, како и за...

Продолжи со читање

Галичка свадба

Во петок започнува Галичка свадба

Post Views: 37 Од 15-ти до 17-ти јули во живописниот Галичник, на падините на планината Бистра, ќе се одржи 48-то издание на автентичната културно-сценска манифестација „Галичка свадба”.За галички зет и невеста оваа година се избрани Илчо Димитров и Елена Дуровска, а карактеристично за годинешната манифестација е што покрај нив, во црквата „Свети Апостол Павле” во ист ден ќе бидат венчани и Искра Блажевска и Марко Бекриќ, додека Марија Крстевска и Владимир Черепналковски ќе го кажат судбоносното „да” во Галичник на 28-ми август.Програмата на...

Продолжи со читање

Комисија за заразни болести

Ќе има ли нови ковид мерки?!

Post Views: 40 Комисијата за заразни болести во петок ќе одржи состанок на којшто ќе се дискутира за состојбата со коронавирусот во државата, потврдија за МИА од Комисијата. Согласно вчерашната статистика, позитивни се 34 проценти од вкупниот број тестирани, а нема починати лица.До вчера активни беа 1889 случаи на коронавирусот. Најмногу активни случаи имаше во Скопје – 1045, додека во Крушево, Демир Капија, Македонска Каменица и Пехчево немаше регистрирани случаи на коронавирусот.Додека во државата состојбата со КОВИД-19 засега е стабилна, регионот се подготвува за...

Продолжи со читање

Култура 365

Специјален настан вечерва во Култура 365

Post Views: 27 Вечерва во Култура 365 и музејот на А. ден Долард во Охрид специјален настан со најпознатиот холандски писател Артур Ван Амеронген и познатата телевизиска ѕвезда Роби Мунтз.Истиот ќе биде збогатен со настапи, музика, закуска, бесплатни пијалоци и стенд-ап комедија.Настанот ќе започне во 20 часот и е од отворен карактер, влезот е бесплатен и сите се поканети. Се гледаме таму – информира Крсте Пурцов од Култура365.

Продолжи со читање

Св. Богородица Свиништа

Осветување на Св. Богородица во Свиништа

Post Views: 71 Во селото Свиништа на 24-ти јули ќе биде осветен манастирот Св. Богородица. Оветување на манастирот ќе се врши со благослов на Дебарско-Кичевскиот Митрополит господин Тимотеј.По чинот на осветувањето ќе следи свечена трпеза, а по овој повод се покануваат сите православни христијани да присуствуваат на светиот чин на осветување на црквата.Чинот на осветувањето на духовното светилиште ќе започне во 8 часот.

Продолжи со читање