Автор: инфодеск
Post Views: 35 После долгогодишните апели и последното барање на Здружението Мобилност Скопје, кое го пренесе Охриднет во петокот, на Охридското езеро ќе се поставуваат рампи за инвалидизираните лица. Утре, понеделник (11.07.2022) во 11 часот на плажата во Љубаништа ќе биде ставена во употреба пристапна рампа за лица со посебни потреби, а после поставувањето во Љубаништа, ќе се оди во Славија каде и таму ќе се постави иста таква рампа. Вакви рампи за прв пат се поставуваат во Македонија, а целта на нивното поставување е да и овие лица можат непречено да се капат во...
Тепачка пред угостителски објект на ул. Железничка
Post Views: 39 На 10.07.2022 година во 04:35 часот, во СВР Охрид се приведени Д.Т.(32), Д.Џ.(35) и А.Т.(32), сите од Охрид.Тие, пред угостителски објект лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Т. од една, и Д.Џ. и А.Т.од друга страна. Притоа, Д.Т. се заканувал со остар предмет, но бил спречен од полициските службеници кои пристигнале на местото, со што бил избегнат поголем инцидент. Тие се приведени и по целосно документирање, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР.
Контрола во угостителски објекти, пронајден пиштол
Post Views: 54 На 10.07.2022 година во 00:15 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е А.Н.(30) од струшкото село Велешта. При преглед извршен во угостителски објект во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа еден пиштол марка „Екол“ и два куршуми калибар 6,35 милиметри. По целосно документирање, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 10.07.2022 година во 02:00 часот, во СВР Охрид лишени од слобода се Е.П.(38) и О.С (39), двајцата од Струга. При извршена контрола во угостителски објект во Охрид, полициските службеници го затекнале О.С. како му...
Пронајдени фалсификувани пари кај жител на Елшани
Post Views: 43 На 09.07.2022 година во 22:30 часот во СВР Охрид е приведен 16-годишник од охридското село Елшани, бидејќи кај него се пронајдени фалсификувани пари во вкупна вредност од 1050 евра и дрога.Имено, при преглед извршен на ул. „Гоце Делчев” во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа 21 банкнота од по 50 евра со ист сериски број и една ќеса со марихуана. По целосно расчистување и документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Се асфалтира улицата Мурџеј Дрење
Post Views: 30 Продолжува градежната експанзија во Вевчани. Се реконструираат, санираат, асфалтираат нови локални улици.Деновиве започна асфалтирање на улицата „Мурџеј Дрење“. Продолжуваме со реализација и изградба на локалните улици во Вевчани – информира градоначалникот на Општина Вевчани Спасе Кочоски.
Жител на Пештани повреден додека собирал чај
Post Views: 32 На 08.07.2022 во 09:50 часот, во СВР Охрид пријавено е дека од страна на Итната медицинска помош во Болница „Св. Еразмо” бил донесен повреден Б.С.(71) од с. Пештани, охридско, кој имал здравствени проблеми. Според пријавеното, Б.С. околу 05 часот заминал сам во Националниот парк „Галичица” да собира чај, при што паднал и се здобил со тешки телесни повреди. Тој, бил пронајден во 09:30 часот од И.Т. од селото Смилево, демирхисарско, на патот Охрид-Стење-Национален парк Галичица. Полициски службеници излегоа на местото, се работи на документирање на...
Пронајден жив уште еден од исчезнатите македонци
Post Views: 78 „(Новинар): Најдобриот роденденски подарок?(Иван): Да,да.. најлошиот подарок, би рекол.“Ова беше првата изјава на 30-годишниот Иван кој повеќе од 18 часа се бореше со немирните води на Егејското море. Воениот хеликоптер кој учествувал во акцијата го лоцирал исчезнатиот југозападно од полуостровот Касандра на Халкидики.Според грчките медиуми, Иван со часови пливал држејќи се на топка, која струите ја донеле близу до него. Со глисер на крајбрежната служба тој е однесен до пристаништето Неа Скиони, а оттаму е транспортиран до најблиската болница....
Поплави во Грција
Post Views: 34 Невремето што од вчера зафати голем дел на Грција предизвика поплави и проблеми, особено во северните региони на земјата. Меѓу најпогодените беа Халкидики, Солун, Лариса, како и островите Тасос и Евија, каде што поради обилниот дожд се поплавија голем дел од улиците.Вчера, во период од шест часа противпожарна служба во Солун, Кукуш и Пела добила 340 повици за интервенција поради поплавите и невремето.Паралелно, удари на гром на три различни локации на Пелопонез предизвикаа помали пожари, а гром удри и во куќа во Лариса и го уништи кровот.Засега, освен...







