Автор: инфодеск
Post Views: 39 Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден 11.07.2022 год. (понеделник) ќе се спроведе терестријална (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во понеделник до 06 часот во вторник.Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река.Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите.Исто...
Субвенционирање на новорегистрирани занаетчии
Post Views: 60 Согласно програмата за поддршка на локалниот економски развој, Општина Охрид објавува Јавен повик за субвенционирање на новорегистрирани занаетчии (категорија 1) на подрачјето на Општина Охрид за 2022 година.Повеќе информации на следниот линк
Пронајдена марихуана, приведени три лица
Post Views: 29 На 07.07.2022 околу 18.00 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај селото Колари, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишија од слобода Р.С.(46) од Охрид Ј.Т.(40) и Г.Ш.(39), двајцата од Скопје.При преглед во возилото „фолксваген голф” со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.С., во кое сопатници биле Ј.Т. и Г.Ш., полициски службеници пронашле и одзеле марихуана, пари во различни валути и апоени и други предмети. Денеска (08.07.2022), врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Охрид извршиле претрес во домот на Р.С.(46) од...
Свечено отворен Балканскиот фестивал
Post Views: 51 Синоќа на сцената на Долни Сарај, свечено беше отворен 61-от Балкански фестивал на народни песни и игри. Во името на Собранието на Република Македонија, се обрати потпретседателот на македонското собрание, Горан Мисовски.Оваа манифестација овозможува афирмирање и промовирање на различните културни богатства на народите на Балканот и пошироко. Нивното промовирање преку музика, песни и танци е голема умешност и јас ги охрабрувам сите вклучени институции и присутни изведувачи и во иднина да продолжите со зачувување и промовирање на овој фестивал, а ние ќе...
Неколку повредени во сообраќајка кај Песочан
Post Views: 37 На 07.07.2022 околу 14:25 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Песочан, охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат панда”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Х.(31) од Скопје и патничко возило „пежо 306″, со српски национални ознаки, управувано од Љ.Б.(71) од Охрид.Во несреќата возачот Љ.Б. и Ф.Б.(29) од Скопје, сопатник во возилото „фиат”, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо”, додека возачот Љ.Х. се здобил со...
Кинески инженери тестираа нови хиперсонични ракети
Post Views: 49 Тим инженери од кинескиот Северозападен политехнички универзитет (СПУ) успешно лансираше пробна ракета, со што верификуваше неколку нови технологии што ќе се користат на хиперсоничните ракети.Научниците притоа соопштија дека ракетата наречена „Фејтaјен-1“ е опремена со мотор што согорува керозин и забрзува до хиперсонична брзина без да користи штетно гориво, како што е течен водород.Технологиите тестирани на оваа ракета може да се користат и за изградба на вселенски бродови, а тоа нуди нови можности за повеќекратна употреба на авиони, ракети и вселенски...
Белата флота оваа сезона го бранува езерото
Post Views: 34 Бродарите задоволни од стартот на летната туристичка сезона. Туристите уживаат во панорамските прошетки по Охридското Езеро. Најбарани тури се до Свети Наум, Заливот на коските во Градиште и Канео. Најбројни гости се Холанѓаните и Полјаците.Велат намалувањето на рестрикциите и органичувањата поради пандемијата придонесоа ова лето да е подобро од претходните две.Има и голем број туристи кои првпат слушнале за Македонија и дошле и кажуваат дека нема да им биде последен пат сакаат повторно да ја посетат, оти навистина нудиме нешто што е слабо...
Попладне дождливо и опаѓање на температурите
Post Views: 44 Во текот на денот, најпрво во западните, а попладне и во текот на ноќта и во останатите подрачја на земјава, ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни, од 10 до 20 литри на метар квадратен.Како што информира УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, интензивен пороен дожд (над 35 литри на метар квадратен), град и силен ветер (над 60 километри на час). Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. УВ-индексот ќе биде 6.Во сабота претпладне ќе има...







