Skip to main content

Автор: инфодеск

Јавна презентација по нацрт извештајот за влијанието на животната средина за измена и дополнување на ГУП за УЗ4

Post Views: 144 Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Службен весник на Р.М. бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 51/11, 123/12 и 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 99/18, 89/22 и 171/22) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Службен весник на Р.М. бр. 147/08), Градоначалникот на Општина ОхридО Р Г А Н И З И Р А ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА РАСПРАВА ПО НАЦРТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ВЛИЈАНИЕТО НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА ИЗМЕНА И...

Продолжи со читање

„Охридско лето“ со пијано-концерт и изложба на литвански уметници

Post Views: 167 Со настап на дуото „Зубовас“ и ликовна изложба на репродукции од Микалојус Константинас Чиурлионис (1875-1911)  вечерва во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот ќе одржи на Литванската вечер на фестивалот „Охридско лето“. Пијанистите Соната Девеикуте-Зубовиене и Рокас Зубовас започнуваат да настапуваат заедно во 1997 година. Обајцата се победници на меѓународни натпревари, а се образуваат на Литванската музичка академија, како и во Швајцарија (Институт „Хајнрих Нојхаус“, Цирих), и во САД (Универзитет „Де Пол“, Чикаго) каде студираат под...

Продолжи со читање

Во недела почнува манифестацијата „На зајдисонце“ во Трпејца

Post Views: 174 Од 20 до 28 јули, годинава по 14 пат во Трпејца ќе се одржи културно – забавната манифестација „На зајдисонце“. Организаторот  Здржението „За Трпејца со љубов“, ветува интересна програма за туристите и домаќините.На денот на отворањето во недела од 20.30 часот по поздравниот говор на претставник  на Општина Охрид под чие покровителство се одржува манифестацијата Фото клубот „Охрид“ ќе ја претстави најновата продукција на фотографии насловена „Убавината на дофат“. Вечерта со својот настап музички ќе ја „обои“ познатиот саксофонист Горан...

Продолжи со читање

Изгласани измените на Законот за возила со кои се олеснува процесот на регистрирање на возилата

Post Views: 238Пратениците вчера на продолжението на 59. седница без расправа со 64 гласа „за“ без воздржани и против го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за возила, по скратена постапка.Со законските измени се олеснува процесот на регистрирање на возилата, така што им се дава можност на станиците за технички преглед да даваат потврда за регистрирано возило, врз основа на претходно утврдени критериуми, која ќе се поистоветува со печатот во сообраќајната дозвола, како и тоа регистрацијата да се врши на цела територија на државата, а не како досега во...

Продолжи со читање

Превентивно-едукативните кампањи на СВР Охрид: „Паркирај совесно“ и „Заштити се од кражби на плажа“

Post Views: 163 Во насока на подобрување на јавната безбедност и подигнување на свеста и совеста кај возачите за користење на обележани паркинг простори како и во насока на намалување на кражби на плажи, отсекот за превенција при СВР Охрид, ги спроведува превентивно-едукативните кампањи „Паркирај совесно“ и „Заштити се од кражби на плажа“.-Притоа, полициски службеници вршеа обиколка низ паркинг просторите во градот како и кон плажите при што, остварија кратки контакти со граѓаните посочувајќи им ја неопходноста од исклучиво користење означени паркинг места и непаркирање на...

Продолжи со читање

Извадена граната од водите на Охридското езеро кај Пештани

Post Views: 224 На 16.07.2025 во 17.09 часот во СВР Охрид е пријавено дека на плажа во охридското село Пештани, од водите на Охридското езеро била извадена граната. Полициски службеници извршија обезбедување на локацијата, по што граната безбедно е подигната за понатамошна постапка.

Продолжи со читање

Преподобен Атанасиј Атонски

Post Views: 131 Беше роден во Трапезунт, од богобојазливи родители. Рано остана сираче, а по Божја Промисла го зеде некој војвода, го одведе во Цариград и го даде да ги изучува науките. Заради својата кроткост и смиреност им беше миленик на врсниците. Во детските игри тие ќе го избереа овој за цар, оној за војвода, а Атанасиј за игумен. Како некое претскажување… Кога заврши со училиштето Атанасиј (до постригот Аврамиј) се оддалечи во Малеинската пустина, близу Света Гора, каде што се подвизуваше како ученик на прочуениот Михаил Малеин. Желен за потесен подвиг, се пресели...

Продолжи со читање

Сончево и малку посвежо

Post Views: 114 Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.Во Охрид денес температурите од 14 до 29 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.

Продолжи со читање

Продолжен јавниот повик за ангажирање на невработени лица за заштита и превенција од пожари

Post Views: 142 Општина Охрид ги известува граѓаните дека Јавниот повик за ангажирање на невработени лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина се пролонгира до 23.07.2025 година. Повеќе информации на линкот.

Продолжи со читање

Вечерва на сцената на „Охридско лето“ театарската претстава „12“ на МНТ

Post Views: 168 Вечерва на сцената на „Охридско лето“ ќе биде прикажана театарска претстава „12“, според мотиви на текстот „12 Гневни мажи“ од Реџиналд Роуз, во изведба на Македонскиот народен театар од Скопје.„Живееме во лудa доба. Нон-стоп. Имаме високо мислење за себе и за околината, но во суштина сме небитни. Времето немилосрдно нѐ гази, историјата револвира во неверојатно совршен круг, а ние, намерно или ненамерно, иако многу добро ја знаеме траекторијата, забораваме да научиме што било од искуството. Како последица, цивилизациски девалвираме. Забораваме зошто сме...

Продолжи со читање

Утре 5 -то јубилејно издание на “Малите Ѕвездички со Ка Двојче” К-2 Ѕвездички

Post Views: 191  Утревечер на плоштадчето „Вангел Наумоски“, до Мини маркет, со почеток во 20:00 часот ќе се одржи петтото, јубилејно издание на музичко-сценската манифестација „Малите ѕвездички со Ка Двојче“.– Ќе настапат околу 30 дечиња со свои песнички произведени во нашата креативна К-2 музичка работилница. Покрај К-2 ѕвездичките, специјални гости ќе ни бидат и малку поголемите ѕвезди Марама и Владимир Сарафилоски Броз со кои ќе ви промовираме нова заедничка песна „Пеј Охриде“, за нашиот најдраг Охрид. Посебен перформанс ќе има исклучителниот Никола Ристески, информираат...

Продолжи со читање

Во сабота ќе се вози хуманитарната вело тура „Сите за нашиот Ангел“ за помош на стружанецот Ангел

Post Views: 299 Велосипедскиот клуб „Вело Фаланга“ од Струга, на 19 јули 2025 година (сабота) организира ноќна велосипедска тура околу Охридското езеро. Годинава, ноќната вело тура има хуманитарен карактер и ќе се вози под мотото „СИТЕ ЗА НАШИОТ АНГЕЛ“ односно ќе се вози во чест и за помош на нивниот член, другар и брат по точак Ангел кој, неодамна возејќи точак на вело тура во Италија, доживеа пад и се наоѓа на лекување во една италијанска болница.Планот за реализација на вело турата е следниот:Старт 1 плажа “Галеб”Струга 17:30 ч., Старт 2 паркинг пред спортски...

Продолжи со читање