Автор: инфодеск
Post Views: 35 На 06.07.2022 во 19:00 часот во Охрид, полициски службеници од Одделeнието за криминалистичка полиција при СВР Охрид го лишиле од слобода Ѓ.З.(31) од с.Љубојно, ресенско.Тој бил баран по централен распис од СВР Битола, поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба” по член 236 од Кривичниот законик. Притоа, кај него биле пронајдени пари, во различни апоени и валути и повеќе други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде...
Доделување грантови за развој на социјални услуги
Post Views: 33 Денес во големата сала на Општина Охрид ќе биде презентиран Вториот јавен повик за доделување грантови за развој на социјалните услуги на локално ниво кој го спроведува Проектот за подобрување на социјалните услуги, имплементиран од Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска банка.Од страна на претставници на Проектот за подобрување на социјалните услуги, пред претставниците на општините и невладините и граѓанските организации од Југозападниот плански регион, на настанот ќе бидат презентирани роковите и постапката за идно аплицирање за...
Хуманитарен здравствено едукативен настан
Post Views: 52 Во рамките на своите здравствено-превентивни активности, Црвен крст Охрид во соработка со „Орифлејм Македонија“, Тим Татјана 421-Охрид, организираат хуманитарен здравствено-промотивен и едукативен настан на кој ќе биде претставена линијата за здрав живот.Охридскиот тим на „Орифлејм Македонија“ преку своите кратки корисни презентации за здрав живот, ќе ги понуди за дегустација производите од Wellness програмата, а ќе врши и мерење на Танита вага на која секој заинтересиран посетител, по промотивна и симболична цена ќе може да ја одреди својата телесна тежина и...
Работници од Турција за угостителскиот сектор
Post Views: 31 5.000 работници од Турција за пополнување на недостигот од кадар во угостителскиот сектор во државава, најави Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори.Кадарот може да се обезбеди во соработка со организациите од Турција, кажа на прес конференција претседателот на ТУК, Аркан Керим дообјаснувајќи дека тие квалификувани работници веднаш ќе почнат да работат во домашните капацитети доколку надлежните институции овозможат нивно вработување под условите кои важат и за македонските државјани.Во комуникација со секторските здруженија и...
Заврши летната школа за млади уметници
Post Views: 35 Заврши првата летната школа за млади, идни уметнички надежи на Вевчанската колонија. Дваесетина деца од Југозападниот регион во земјава изминативе десетина дена ги откриваа тајните на сликарската уметност.Часовите по ликовна уметност се одржуваа во живописната природа на прекрасното Вевчани, издигнато на Јабланица, во рамките ма Меѓународната ликовна колонија Вевчански видувања, под раководство на професорката Лара Ташковска.Ташковска вели открила многу млади таленти кои лесно ги совладале техниките и основите на уметноста.Многу таленти има...
Почнува вакцинација со четврта доза против ковид 19
Post Views: 39 Четврта доза може да примат лицата над 18 годишна возраст, кои примиле три дози вакцина против Ковид. Граѓаните од денеска можат да се обратат во вакциналните пунктови, за што не е потребно закажување, соопшти Министерството за здравство. Вакцинацијата со четврта доза, како што посочуваат од Министерството, е предвидено да се спроведува со мРНА вакцина на „Фајзер” или „Модерна”.Препорачаното растојание меѓу трета и четврта, односно бустер доза е најмалку четири месеци. Вакцинацијата со четврта доза посебно се препорачува кај хронично...
Ријана стана најмладата милијардерка во Америка
Post Views: 60 Ријана официјално стана најмладата милијардерка во Америка која сама го стекнала своето богатство.Пејачката која годинава наполни триесет и четири години, неодамна беше прогласена за најдобро рангирана музичарка на листата на Форбс, а сега стана единствената милијардерка помлада од 40 години.Богатството на Ријана се проценува на 1,4 милијарди долари, што се должи на успехот на нејзините брендови „Fenty Beauty“, „Fenty Skin“ и „Savage X Fenty“.Не можев ни да замислам дека ќе заработам толку пари. Секако, и понатаму продолжувам да работам напорно, но...
Конкурс за најдобар расказ
Post Views: 36 По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распишува годинешниот Конкурс за најдобар расказ.Услови за учество на Конкурсот:Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија;Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: ОПШТИНА ОХРИД, ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ;Авторското право се докажува со четвртиот примерок;Краен рок за доставување на трудовите е...







