Автор: инфодеск
Post Views: 50 На 05.07.2022 во 14:50 часот во СВР Охрид пријавено е дека на плажа во близина на авто-камп кај Струга во водите на Охридското Езеро било забележано удавено лице.На местото на настанот, увид извршија Јавен обвинител, полициски и медицински екипи, при што констатирано било дека се работи за В.Ц. (66) од Струга, врз чие тело не се забележани видливи траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството – информираат од СВР Охрид.
Охриѓанец загина во сообраќајка кај Прентов мост
Post Views: 36 На 05.07.2022 во СВР Охрид било пријавено дека периодот од 09.00 до 13.50 часот на магистралниот пат Охрид-Ресен, помеѓу место викано „Прентов мост” и место викано „Тунели”, патничко моторно возило „фолксваген туарег”, со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(60) од Охрид, излетало од коловозот.На местото на несреќата починал возачот Д.С., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција – се...
Над 30 000 заразени со ковид во Грција
Post Views: 31 Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран зголемен број случаи на Ковид-19, над 30.000, од кои 25.566 се новозаразени, а 5.022 се веројатни реинфекции, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина.Дополнително, регистрирани се и 19 смртни случаи, а 98 пациенти се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници.Минатата седмица по речиси три месеци беа регистрирани над 20.000 нови случаи на Ковид-19, а се чини дека продолжува нагорниот тренд.Од почетокот на...
Климатските промени ќе го намалат родот на пченицата
Post Views: 41 Приносите од пченицата би можеле да се намалат за седум отсто за секој степен Целзиусов на глобалното затоплување, предупредија експертите од Иницијатива за пченицата (Wheat Initiative).Намалената достапност на вода веќе значително ги погодува регионите што се наводнуваат, а се очекува проблемот дополнително да се влоши со намаленото ниво на подземните води и врнежите – се наведува во стратешкиот документ на Иницијативата.Исто така се посочува дека најверојатно ќе се зголеми и притисокот за забрана на употреба на вештачките ѓубрива и пестициди, со...
(ВИДЕО) Силно невреме во Белград
Post Views: 29 Силно невреме вчера го зафати Белград, а српската полиција објави видеа на кои се гледа како евакуира граѓани кои биле зафатени од невремето.Невремето предизивикало големи проблеми во многу делови од градот. Полицијата интервенирала и ослободувала граѓани кои биле заглавени во надојдената вода.Противпожарните екипи евакуирале осум постари граѓани, а се евакуирале и лица кои среде поплавените улици останале заробени во своите автомобили.
Балкански фестивал на народни песни и игри
Post Views: 54 Утре започнува 61-то издание на на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. Фестивалот ќе биде отворен со дефиле на учесниците и целовечерен концерт на Фолклорниот ансамбл „Танец“ на сцената на Долни Сарај. Концертот е со почеток во 20 часот и 30 минути.Во рамки на фестивалот, утре од 18:00 часот во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе биде отворена изложбата „Муренките црници во изумирање во Радожда“ од академскиот сликар Слaвко Упевче.Балканскиот фестивал на народни песни и игри e меѓународна фолклорна манифестација во...
Муренките црници во изумирање во Радожда
Post Views: 33 Утре 7-ми јули (четврток) со почеток во 18:00 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи самостојна изложба на академскиот сликар Славко Упевче. Изложбата е организирана како придружна манифестација на отворањето на Балканскиот фестивал на народни песни и игри од Охрид, а е поддржана од Министерството за култура како проект од национален интерес „Муренките црници во изумирање во Радожда“ од академскиот сликар Славко Упевче.По изложбата следува и свечен коктел на бродот „Армада“. Тргнување во 19 часот.
Приведен државјанин на Украина во Охрид
Post Views: 29 На 05.07.2022 година во 1 часот во СВР Охрид е приведен Р.Ч.(42) од Харков-Република Украина.Тој, претходно во хотелски објект лоциран на кеј „Македонија” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување кон вработените и присутните гости. Против него ќе биде поднесена пријава по законот за прекршоци против јавниот ред и мир – информираат од СВР Охрид.







