Автор: инфодеск
Post Views: 57 После празникот Св. Наум Охридски и посетата на огромен број верници, утрово екипи од ЈП “Охридски Комуналец“ го чистеа манастирскиот комплекс Свети Наум. Се чистеше од самиот влез до дворот и целата околина на манастирот – информираа од ЈП „Охридски Комуналец“.
Реконструирана улицата Даскалој Обиколница
Post Views: 33 Денес ќе биде целосно завршена изградбата на реконструирана улица „Даскалој – Обиколница“ во Општина Вевчани.Продолжуваме со реализација и изградба на локалните улици во Вевчани. Изградена е локалната улица „Даскалој – Обиколница“. Поради причини од техничка природа, на двата канали сеуште не е поставена решетка. Се замолуваат граѓаните кои ја користат оваа делница, да се воздржат од користење на истата во текот на викендот се до понеделник, кога изградбата ќе биде завршена во целост – информира градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе...
Две лица нападнале полициски службеници
Post Views: 33 На 02.07.2022 година во 02:50 часот, пред угостителски објект лоциран на булеварот „Железничка” во Охрид, по претходно нарушен јавен ред и мир, приведени се Р.Р.(21) од струшкото село Теферич и И.Р.(48) од Струга.Тие се однесувале агресивно кон полициските службеници кои, при извршен преглед, кај нив, пронајдоа и одзедоа два ножеви и еден метален пендрек. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Нападната 17-годишна девојка од Охрид
Post Views: 38 На 02.07.2022 година околу 3 часот, пред угостителски објект лоциран на булеварот „Железничка” во Охрид, С. Б. од Охрид го нарушил јавниот ред и мир.Тој физички нападнал 17-годишна девојка од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Тепачка на Кеј Македонија
Post Views: 46 На 02.07.2022 година во 00:40 часот, во СВР Охрид приведени се Т.Т.(20), Х.Ј.(22) и К.Б.(20), сите од Охрид, бидејќи претходно, на Kеј Македонија го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка.При преземање на службени дејствија со цел расчистување на нарушувањето, полициските службеници биле спречувани од О.М.(23) од Охрид поради што, тој е приведен и лишен од слобода. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Да се одјават возила кои не се регистрирани над 2 год
Post Views: 270 Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека согласно одредбите од Законот за возила сите оние кои се водат како сопственици на возила за коишто не ја продолжиле важноста на сообраќајната дозвола повеќе од две години, законски се должни да го одјават своето возило во Министерството за внатрешни работи, односно во регистрационото подрачје каде возилото се води во евиденција.Исто така, согласно пропишаните норми, сопственикот на возилото е должен да го одјави своето возило кај органот што го регистрирал доколку возилото е уништено, односно има...
Неколку физички напади во Охрид
Post Views: 32 На 01.07.2022 година околу 01 часот на улицата „Спас Банџов” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од И.А. и К.К. врз Д.К.(39), сите од Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.На 30.06.2022 година во 13:35 часот, Љ.Т.(48) од Охрид во полициска станица пријави дека на улицата „Сирма Војвода” во Охрид бил физички нападнат од Р.Б. од охридското село Велгошти. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.На 30.06.2022 година околу 19:30 часот...
Охриѓанец фатен со марихуана во Долно Лакочереј
Post Views: 30 На 01.07.2022 околу 00:00 часот во охридското село Долно Лакочереј, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Т.Б. од Охрид.Тој, пред продажен објект во селото физички го нападнал Р.С.(33) од Охрид, по што, при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави – информираат од СВР Охрид.






