Автор: инфодеск
Post Views: 45 Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на 2021 година на територијата на Република Македонија се регистрирани 739 бесправно изградени објекти, од кои 70 во Охрид, 1 во Дебрца и 34 во Струга.Од 70-те дивоградби во Охрид во 2021 година 13 се објекти за домување, 12 доградби, надградби и слични адаптации, 2 се деловни објекти, 17 огради, едни скали, по една тераса и летна тераса, 9 настрешници, 7 времени објекти и 6 помошни објекти.Во Струга пак, бесправно се изградени 34 објекти од кои 10 објекти за домување, 4 доградби,...
Започнува летниот режим на сообраќај
Post Views: 32 Со времениот режим на сообраќај во летниот период на државните патишта во Република Македонија се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.За деновите од викендот временските интервали се следни:петок : 17:00 – 22:00 часот,сабота : 09:00 – 18:00 часот инедела : 09:00 – 22:00 часот.А, во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00...
Завршија јунските уписи во ОЕМУЦ
Post Views: 122 Завршија јунските уписи за средношколците кои своето средно образование го гледаат во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид. Директорот Сашо Недески пријатно изненаден од интересот за наредната учебна година.Од машинската струка, за насоките Техничар за моторни возила, Машински техничар и техничар за компјутерско управување, се запишани 25 ученици, техничар за производно машинство 19, за насоката Сообраќаен техничар 23 ученици и за насоката Козметички техничар за лични услуги се запишаа 22 ученици.Од електро струката во насоката Електротехничар-енергетичар...
Активисти на Црвена Младина го чистеа скејт паркот
Post Views: 30 Активисти на Црвена Младина од Охрид спроведоа акција со цел да го исчистат и уредат скејт паркот во Охрид. Паркот беше исчистен од камења, комунален отпад и др. Исто така беа исфарбани и стубчињата во црвена боја и беше отстранета старата дотраена боја. Ги повикуваме надлежните повеќе да се грижат за јавните површини каде младите го поминуваат своето време за дружба и игра затоа што младите не заслужуваат руинирани места за играње, тренирање, седење, уживање итн… Црвена Младина и во иднина ќе продолжи со вакви акции кој што се во интерес на...
Зголемен бројот на несреќи при работа во земјава
Post Views: 32 Загрижувачки податоци од последната студија на Македонското здружение за заштита при работа. Македонскиот работник работи во небезбедни, нечовечни и нездрави услови. Најкритично е во текстилниот сектор, каде дури 80% од вработените имаат здравствени проблеми, заболувања стекнати при работа.Не е подобра состојбата ниту во преработувачката индустрија, градежништвото и земјоделието. Од неодамнешната студија која ја правевме за текстилниот сектор, каде опфативме една четвртина од работниците, увидовме дека малтене 80% од работничките и работниците во...
Зачестени напади од кучиња скитници во струшко
Post Views: 31 Зачестија нападите од бездомни кучиња во струшко. Изминатите десеттина денови состојбата е алармантна. Случени се повеќе напади.Кучиња скитници направија “масакр” во село Мислешево, удавиле цело стадо овци.Жртви на напади има и во строгиот центар на градот. Повредени од глутница кучиња се две малолетни деца и една жена.Стружани се вознемирени и револтирани. Глутници агресивни кучиња има во сите населби во градот. Велат, стравуваат за сопственото и здравјето на своите деца.Се чувствуваме загрозени. Како не, полна е чаршијата со кучиња, полна е...
Ногачески со апел до даночните обврзници
Post Views: 57 При последната внатрешна ревизија во општина Дебрца, во делот на остварувањето на изворните приходи, како данок на имот и комунална такса за истакнување на фирма, се констатира дека одреден број на даночни обврзници, физички и правни лица, не ги имаат подмирено своите обврски по овие основи.Поради оваа причина градоначалникот на општината и даночната администрација се задолжени да ги преземат сите со закон предвидени мерки за наплата на заостанатите обврски на даночните обврзници.Во наредниот период општинската даночна администрација до сите даночни...
ЈП Градски Пазар издава простор за продажба на пченки
Post Views: 28 ЈП Градски Пазар Охрид издава простор –локација поставување мобилна опрема до 2м² за намена продажба на пченки.1. Урбана oпpeмa за продажба на храна и сувенириПлоштад Крушевска Република-Вкупно 3 локации 7,8,9Кеј Македонија – Вкупно 3 локации, локација 10,11,12Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во изводот од годишната програма за поставување на урбана опрема за 2022 година бр.19-9114/2 од 29.06.2022.Локациите за поставувње мобилна опрема ќе се издаваат за период на времетраење од 01.07.2022 до 01.10.2022 година.2....







