Skip to main content

Автор: инфодеск

Извлекување на награди

Утре извлекување во живо на 50 вредни награди

Post Views: 44 Заблагодарувајќи се на сите оние кои што учествуваа, ја помогнаа и поддржаа овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „За посреќно детство“ информираме дека извлекувањето на добитниците на 50 вредни награди ќе се изврши утре, четврток, 30-ти јуни во 19 часот во соработка со Мега Продукција, велат од Црвен крст Охрид.Извлекувањето на наградите ќе може да се следи во живо на следниот линк: https://youtu.be/f_4GRBjsUMYПодгответе ги учесничките броеви-талончиња што сте ги купиле и следете го извлекувањето на наградите на...

Продолжи со читање

Базен Атина Бојаџи

Градскиот базен по 10 години блесна во вистинскиот сјај

Post Views: 72 После 10 години конечно реконструиран градскиот базен „Атина Бојаџи“. Санирани и исфарбани  се коритата на олимпискиот и детскиот базен. Уредени се и трибините кои беа во распаѓање. Во понеделник се планира отворање на отворениот базен и отпочнување со работа.Најважно е што ќе стартуваат со работа пливачките школи за млади.На 4-ти јули, понеделник, планирано е отворање на пливачкиот базен. Ќе биде заедно со пливачките школи. Ние ова го правиме првенствено за пливачките школи да може да тренираат, бидејќи пливањето е еден од најдобрите спортови за...

Продолжи со читање

Светско првенство во шах за слепи лица

Светско првенство во шах за слепи лица

Post Views: 30 Охрид домаќин на 9-тото Светско првенство во шах за слепи и визуелно хендикепирани лица. На шаховското светско првенство ќе настапат 16 репрезентации од светот, со 150-тина шахисти и веле мајстори.Во следните седум денови се очекуваат интересни и незаборавни партии помеѓу шаховските мајстори. Фаворити на годинешното првенство се Украинците, кои покрај војната успеаа да земат учество на ова значајно првенство.Моментално нашите се рангирани на 10-тото место. Сега ќе се трудиме да го подобриме рејтингот. Успеавме да контактираме на некој начин со...

Продолжи со читање

Аеродром

Германија ќе дозволи итен влез на 2000 работници

Post Views: 41 Германските министри изјавија дека владата ќе го забрза издавањето на работни дозволи и визи за неколку илјади странски работници, главно од Турција, со цел да се регулира хаосот што настана на аеродромите поради почетокот на летната сезона.Патниците низ Европа се соочуваат со долги редици на аеродромите поради недостиг на персонал на аеродромите.Многумина со нетрпение ги очекуваат празниците по долгата пандемија, па затоа е фрустрирачки кога се случуваат ситуации како оваа на аеродромите – рече министерот за труд Хубертус Хејл на...

Продолжи со читање

Реконструкција на улици во Струга

Реконструкција на улици во Струга

Post Views: 36 Општина Струга почна со реконструкција на улиците „27 март”, „Браќа Миладиновци“ и „Нико Нестор” во старото градско јадро.Според предвиденото, општинската прес-служба информира дека најпрво ќе биде отстранета камената површина, ќе се постави нова водоводна инсталација, но и подземни кабли за електрична енергија и телекомуникациски услуги.Површините ќе се изведуваат со камен и истовремено ќе се изврши замена на азбесните цевки на водоводот. Ќе се постави бетонска подлога и ќе се поплочи со камени блокови, карактеристични за старото градско јадро, информира...

Продолжи со читање

Самитот на Нато Пендаровски

Започна Самитот на НАТО во Мадрид

Post Views: 32 Денеска во Мадрид официјално започна Самитот на НАТО. На самитот учествува претседателот Стево Пендаровски кој ја предводи делегацијата на Република Македонија.На свечениот пречек, шефовите на делегациите беа поздравени од страна на домаќинот, премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез и Генералниот секретар на НАТО Алијансата, Јенс Столтенберг.Претседателот Пендаровски претходно изјави дека овој самит претставува уникатна можност за сите сојузници да ја покажат силата и сплотеноста во однос на нашите тековни и идни задачи.Овој самит е посебен и...

Продолжи со читање

Тони Зен

Тони Зен се враќа на музичката сцена со нов сингл

Post Views: 48 По пауза од подолго време на македонската музичка сцена повторно се враќа човекот кој пред десетина години беше еден од најслушаните изведувачи на домашната музичка естрада.Тони Петковски, во јавноста познат како Тони Зен, има нов сингл со наслов „Планот“. Во ова време – невреме за сите уметници, тој одлучи повторно да го прави она што најдобро го знае, а тоа е музиката. Ново време, нови визии, нови цели.Целата приказна почна од поривот и љубовта за творењето. Се инспирирав од музиката и поддршката на моите пријатели и соработници Нино Васков и Ики, со кои...

Продолжи со читање

Шумски пожар

Шумски пожар закана за стотина објекти

Post Views: 39 Стотици домови и згради се загрозени од шумски пожар во северна Калифорнија во САД.Официјални лица соопштија дека пожарот, кој избувна вчера попладне во близина на реката Јуба во регионот на Невада, за кратко време се прошири на повеќе од 202 хектари земјиште.Пожарот ги зафатил руралните области на планинскиот венец Сиера Невада и областите во близина на границата со Невада.Наредена е евакуација на околу 350 куќи и други објекти. Се прават обиди и од копно и од воздух за да се изгасне пожарот.

Продолжи со читање